Селекторот на нашите најдбри фудбалери, Игор Ангеловски, пред мечот со „панцирите“ во Дуизбург, вели дека Германија не е само фаворит против нас туку и на сите Светски и Европски првенства. „Не ни треба посебна мотивација. Играме против поранешен светски шампион. Македонија е подготвена да се надигрува иако тоа ќе биде нашиот трет меч во седум денови“-потенцираше Ангеловски. Средбата Германија –Македонија од 3 коло во квалификациите за Мундијалот во Катар ќе биде одиграна утре од 20.45 часот.
Author: dino
Шефовите на Фудбалската асоцијација на Англија преговараат со УЕФА да им се дозволи најмалку 45.000 гледачи на Вембли за време на натпреварите на ЕП 2020 . Ако состојбата со пандемијата започне да се смирува, тогаш бројката може да се искачи на 60 000. Англија е подготвена да организира повеќе натпревари од шампионатот. Сите федерации имаат рок до 7 април да објават колку гледачи ќе можат да бидат присутни на трибините. Потоа УЕФА ќе одлучи дали ќе има одредени промени од организациски аспект.
Навивачите на Барселона го прогласија Диего Армандо Марадона, како најдобар фудбалер што настапил во дресот на Каталонците гледано низ историјата. Веднаш до Аргентинецот е неговиот сонародник, Лео Меси, кој е сопственик на неколку рекорди. Потоа се наредени: Роналдињо, Јохан Кројф, Андрес Иниеста, Чави, Луис Суарез, Роналдо, Жерард Пике и Карлес Пујол. На листата што ја направија фановите ги нема Нејмар, Ривалдо и сегашниот тренер, Роналд Куман.
Сопствениците на фудбалскиот клуб Интер од кинеската компанија – „Сунинг“, потврдија, дека ќе продолжат да ја гарантираат финансиската поддршка на клубот, како што се случуваше и досега. Тоа се случи за време на денешниот состанок на Управниот одбор на „нероаѕурите“ на кој беше претставен новиот амблем на клубот. УО ги прифати и ги објави финансиските загуби од 62,7 милиони евра за периодот од јули до декември минатата година. Кинезите и покрај загубите ќе ги исполнуваат обврските кон клубот.
Некогашниот фудбалски репрезентативец на Норвешка, Јон Арне Рисе, кој има преку 110 настапи во националниот дрес, јавно го критикуваше Ерлинг Холанд откако Скандинавците загубија од Турција со 3-0. Според некогашниот играч на Ливерпул, напаѓачот на Борусија Дортмунд, не покажува никакви емоции и желба за победа како што тоа го прави со неговиот клуб. „Тој добива толку многу пофалби за прикажаното во Дортмунд, но, ние не гледаме ништо од тоа во националниот тим. Целиот натпревар против Турција беше големо разочарување. Не можеше да биде полошо” – потенцираше Рисе.
Тренерот на Аталанта, Жан Пјер Гасперини е оптимист во врска со иднината на клубот кој успеа да се етаблира како еден од лидерите во фудбалска Италија и во последните сезони учествуваше во битката за титулата. „Во иднина гледам уште посилна Аталанта. Две години во Лигата на шампионите ни помогнаа да се развиваме технички и психички. Покрај тоа, клубот се развива економски”- прокоментира Гасперини. „Нашата желба е повторно да се пласираме во Лигата на шампионите иако не се откажуваме од битката за титулата“ – вели Гасперини.
Напаѓачот на Челзи, Каи Хаверц, кој во изминатата година го напушти германскиот фудбалски состав Баер Леверкузен и за 71 милион фунти потпиша за лондончани, вели дека не успеал да се адаптира на условите на стадионот – „Стемфорд Бриџ“. „Тешка сезона. Знам дека имам проблеми.Тоа е нормално кога ќе заминете во странство во друг клуб. Потребно е најмалку половина година да се прилагодите. Јас сум позитивен во размислувањата“ – вели играчот на „сините“. Хаверц досега во сите конкуренции одигра 37 мечеви во дресот на Челзи и успеа да постигне 5 голови и да направи 7 асистенции.
Фудбалерот на Тотенхем, Герет Бејл, најверојатно на крајот на сезоната ќе се врати во Реал Мадрид. „Договорот ми кажува дека треба да се вратам во Реал Мадрид. Треба да го сторам токму тоа затоа што имам потпишан договор.Реал Мадрид ги задржа моите права. Се согласив да играм за Тотенхем до крајот на сезоната и потоа мора да се вратам“ – вели изјави Бејл. „Тоа се моите планови. Го напуштив Мадрид затоа што сакав да играм почесто. Се надевам дека ќе имам добра завршница на сезоната со Тотенхем“ – потенцираше Бејл кој во 2013 година за 100 милиони евра ги напушти…
Фудбалската федерација обезбеди посебен автобус со кој ќе се возат нашите најдобри фудбалери. На возилото доминира црвената боја со апликација од рисот насликан со жолта. Тука се логото на ФФМ и слоганот – „Сега е наше време“.
Видеолотарија Касинос Аустриа склучи тригодишен договор за соработка со Фудбалската федерација на Македонија. -Договорот е привилегија која овозможува да застанеме покрај македонскиот национален тим во неговото историско деби на големите фудбалски првенства. Фудбалерите се драгоцени амбасадори на Македонија, преку своите индивидуални и преку репрезентативните настапи и затоа заслужуваат најдобар можен третман и услови за тренирање и функционирање на највисоко ниво. Затоа Видеолотарија Касинос Аустриа ќе биде верен помагач на фудбалската репрезентација “ – стои во дел од информацијата испратена до медиумите. – Силно веруваме дека Европското првенство, кое ќе се одржи ова лето, ќе биде само воведно поглавје од успешната…
