Author: dino

NBA

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, нема да игра барем уште една недела откако магнетна резонанца покажа дека има воспаление на кокцигеумот. Тоа го изјави главниот тренер на „воините“ Стив Кер. Еден од најдобрите играчи во НБА беше повреден минатата среда кога лошо падна на грб додека се обидуваше да шутира за три поени. Кари во тековнава сезона одигра 39 натпревари со  просек од 29 поени, 5,3 скока и 6,2 асистенции. Екипата на Голден Стејт во Западната конференција со 22 победи и 22 пораза го има 9-то место.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Астон Вила, Оли Воткинс, кој во сезонава има дадено 10 голови на 28 натпревари, би можел да дебитира за репрезентацијата на  Англија в четврток на домашен терен против Сан Марино во квалификациите за СП. Младиот голгетер не крие дека негов идол е легендарниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри и дека се обидува да го копира неговиот стил. „Мислам дека Анри е најдобриот напаѓач што некогаш играл во Премиер-лигата. Тој е личност која ме импресионира и затоа навивав за Арсенал уште од дете. Мислам дека сè уште сум далеку од нивото на кое беше Тиери “ -…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да направат изненадување во првиот меч со Магдебург во 1 /8 финалето во Лигата на Европа. Германците славеа на гостувањето со 32:24 и практично го решија патникот меѓу најдобрите осум иако ќе треба да се одигра и реваншот на 30 март. Гостите денеска во салата „Боро Чурлевски“ доминираа во речиси сите елементи и на крајот сосема заслужено ја освоија Битола. Најпрецизен кај „зелено-белите“ беше Мандалиниќ со 6 голови пред Граџан со 5 додека во противничкиот табор се издвоија   Магнусон со 10 погодоци и Дамгард со 6.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Јувентус, Кристијано Роналдо, може да го напушти Торино во текот на летото иако неговиот договoр е валиден до 2022 година. Како што информира весникот -„АС“, „старата дама“ сè уште нема добиено предлози за Португалецот, но, доколку 36-годишниот играч изрази желба да си замине, Јувентус ќе биде отворен за дијалог и нема да му прави проблем. Торинскиот клуб е подготвен да ги разгледа предлозите за Роналдо од најмалку 25 милиони евра. Доколку нема конкретни понуди, Бјанконерите ќе го задржат во составот.

Read More

Дефанзивниот фудбалер на Вулверхемптон, Макс Килман , изрази желба да настапи или за репрезентацијата на Украина или за репрезентацијата на Русија. Тој е роден и израснат во Лондон. Неговиот татко Александар е од Москва а неговата мајка Марија е од Киев. Килман зборува англиски и руски јазик. Тој во сезонава во Премиер лигата одигра 15 натпревари на кои направи една асистенција. Порталот – „Трансфермаркт“ проценува дека неговата вредност на пазарот е 4,5 милиони евра. Договорот на 23-годишниот дефанзивец со „волците“ е активен до 30 јуни во 2025 година.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Тотенхем и на селекцијата на Велс, Герет Бејл, зборуваше за неговата желба да се врати во Реал Мадрид на крајот од сезоната. „Мојот ангажман во клубот не ме одвлекува од подготовките за Евро 2020. Главната причина зошто дојдов во Тотенхем беше да играм за да можам да одам на Европско првенство во добра форма. Првичниот план беше да поминам една сезона во Спарси“ – изјави 31-годишниот Велшанец. Бејл во тековнава сезона Премиер  одигра 12 мечеви. Неговиот договор со „кралевите“ е до 30 јуни 2022 година.

Read More

Алис Робинсон од Нов Зеланд победи на веле-слаломот во Ленцерхајде на затворањето на сезоната во Светскиот куп во алпско скијање. Втората позиција ја обезбеди  Микаела Шифрин додека трета беше Мета Хроват. Италијанката Марта Басино која го освои малиот кристален глобус заврши како седма додека освојувачката на Големиот кристален глобус, Петра Влхова беше 11-та.  Швајцарката Лара Гут Бехрами се откажа на самиот старт и тоа поради протест откако Светската скијачка федерација ги откажа трките во спуст и во супер-велеслалом со што таа и Марк Одермат останаа без  шансите да  ги престигнат Петра Влхова и Алексис Пинторо во генералното рангирање.

Read More

Нашите најдобри ракометарки со максимални три победи го продолжуваат патот кон Светското првенство во Шпанија откако денеска славеа против Грција со 20:19 иако по првиот дел противникот имаше предност од 13:10. Најефикасна во нашиот табот беше Сара Ристовска со 10 голови додека кај гостите Марија Хаѕипарасиду постигна 6 голови. Ждрепката за баражот е утре. Ние ќе чекаме екипа од групата во која се : Германија, Полска, Русија, Словенија, Србија, Унгарија, Црна Гора, Чешка или Шведска.

Read More

Составот на Динамо Загреб за кој настапуваат нашите репрезентативци, Адеми и Ристовски, ќе се сретне со  Вилјареал во 1 /4 финалето во Лигата на Европа.Така сакаше денешната ждрепка во Нион. Во другите мечеви ќе играат : Гранада-Манчестер Јунајтеде, Арсенал-Славија Прага и Ајакс-Рома.  Воведните средби ќе бидат на 8 април а реваншите седум денови потоа. Првите дуели од полу-финалето се закажани за 29 април а реваншите за 6 мај. Во нив подобриот од мечот Гранада-Јунајтед ќе игра со победникот од пресметката Ајакс-Рома. Второто 1 /2 финале ќе го сочинуваат победниците од пресметките Арсена-Славија Прага и Динамо Загреб-Вилјареал. Завршниот меч за пехарот…

Read More

Денеска беа одредени двојките за 1 / 4 финалната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Манчестер Сити ќе игра со Борусија Дортмунд, Порто ќе оди на мегдан со Челзи, Баерн Минхен ќе ги одмери силите со ПСЖ додека Реал Мадрид ќе се сретне со Ливерпул. Првите средби ќе бидат на 6/7 април а реваншите седум денови подоцна. УЕФА веднаш ги одреди и двојките за 1 /2 финалето на 24/25 април (први дуели) и 4/5 мај (реванши). Победникот од пресметката Баерн Минхен- ПСЖ ќе игра со подобриот од двомечот Манчестер Сити- Борусија додека тимот што ќе слави по дуелите Реал Мадрид-Ливерпул…

Read More