Author: dino

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и на Баерн Минхен, Овен Харгривс,  вели дека само Баварците можат да му застанат на патот на англискиот состав кон титулата во Лигата на шампионите. Избраниците на Пеп Гвардиола се неприкосновени лидери во Премиер-лигата додека со вчерашната елиминација на Борусија Менхенгладбах лесно си обезбедија место меѓу најдобрите 8 екипи во елитната конкуренција на Европа. „Со оглед на формата во која игра Сити се гледа дека имаат квалитет да освојат четири пехари во една сезона. Гледам дека само еден тим може да го сопре походот на Сити кон титулата во Лигата на шампионите. Тоа е Баерн…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашната победа против Борусија Менхенгладбах во реваншот од осмина-финалето во Лигата на шампионите не ја пропушти шансата да ги пофали неговите избраници. Англискиот состав со вкупни 4-0 лесно ги елиминираше Германците и го продолжи патот кон титулата во најсилната фудбалска конкуренција на Стариот континент. „Покажавме добри перформанси.  Го контролиравме натпреварот од почетокот до крајот. Имавме брилијантни моменти и постигнавме два гола. Во фудбалот сè може да се случи, но, ние игравме импресивно. Навистина сме среќни по победата – потенцираше шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити.

Read More

Главниот стопер во редовите на Реал Мадрид, Серхио Рамос, вчера го постигна 15-от гол во Лигата на фудбалските шампиони со што се изедначи со играчот на Барселона, Жерард Пике, кога станува збор за најефикасните дефанзивци. Капитенот на „кралевите“ кој го одигра само вториот меч откако се оправи од повредата, вчера против Аталанта погоди од пенал во 60-та минута со што го потврди пласманот на неговиот тим во наредната фаза. Пред Рамос и Пике како лидер на листата останува левиот бек, Роберто Карлос, кој има 16 голови во Лигата на шампионите. Ќе потсетиме дека Бразилецот во минатото настапуваше токму со Серхио…

Read More

Напаѓачот на Аталанта, Муриел, по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на фудбалските шампиони вели дека две работи го импресионирале на вчерашниот реванш-меч кој им припадна на „кралевите“ со 3:1. „Најмногу ме импресионираше пресингот и  смиреноста што ја имаа. Тоа беше извонредно ако се земе предвид дека станува збор за клуб кој можеше многу да изгуби. Ме импресионираа“ – истакна Муриел. „Мечеви ќе ни помогнат на сите нас да се развиваме. Тоа беше нашата цел, да играме добро во Лигата на шампионите и да се обидеме да одиме што е можно подалеку“ – нагласи Колумбиецот во редовите на тимот од…

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити со вчерашната победа против Борусија Менхенгладбах со 2:0 во реваншот во осмина-финалето во Лигата на шампионите, успеаја и на седмиот меч во серија да ја сочуваат недопрена нивната мрежа. „Граѓаните“ со тој ефект се изедначија со седумкратниот европски првак Милан кој во 2005 година стигна до финалето во Истанбул и со екипата на Арсенал која во 2006-та исто така беше дел од завршниот меч за победничкиот пехар Манчестер Сити во тековнава сезона во ЛШ прими само еден гол и тоа во воведното коло во фазата по групи кога погодија играчите на Порто.

Read More

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација  У21, Благоја Милевски, денеска го објави списокот на повиканите играчи за трите контролни средби во Анталија. Таму ќе играме со Казахстан (24. март), Словачка (27. март) и Бугарија (29. март). „Тие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за ЕП. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа на трите меча. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер а на нив останува дали ќе заслужат место во тимот на јунските квалификации“ – изјави Милевски за официјалниот сајт на ФФМ. Список на повикани репрезентативци Голмани: Давид Денковски…

Read More

Ракометарите на Вардар утре ќе се појават на теренот на Нексе во рамките на 4 коло во регионалната СЕХА лига. Тренерот на „црвено-црните“, Стевче Алушовски, вели дека во ЕХФ неделата работел само со 7 играчи и два голмана. „Имаме проблеми со повредени, Стоилов, Валчак, Димитриоски, Јотиќ. Анализиравме и знаеме дека помалку играат 7 на 6 со новиот трнер. Ние сме подготвени на се што не чека“ – вели Алушовски. Крилото, Гоце Георгиевски, вели дека ги очекува добро познат противник. „Немаме многу време. Го анализиравме мечот што го игравме во февруари. Сигурно ќе биде тешко. Ќе одиме на победа. Нексе има…

Read More

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепката за полуфиналето на Купот. Полуфинални двојки во Купот: 07.04.21 – Македонија ЃП – Академија Пандев (15:00 часот) 07.04.21 – Струга Трим Љум – Силекс (15:00 часот) Пехарот го брани екипата на Академија Пандев а поради ковид-кризата ќе се игра само по еден меч.

Read More

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Романија (25. март, Букурешт), Лихтенштајн (28. март, Скопје) и Германија (31. март, Дуизбург) од квалификациите за Светското првенство 2022, вели дека повиканите фудбалери се подолг период заедно и заслужуваат место во Националниот тим. – Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот…

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, ќе се обиде да направи подмладување во тимот за претстојните квалификации за Светското првенство. Тој за прв пат повика неколку анонимни млади играчи кои ќе треба да се наметнат за националниот дрес. Станува збор за 18-годишниот Педри од Барселона, 21-годишниот Педро Поро од Спортинг (Лисабон) (ангажиран од Манчестер Сити), 20-годишниот Брајан Хил од Елче (трансфер од Севилја) и 23- годишниот голман на Брајтон, Роберт Санчез. Сите тие се ставени на поширокиот список од 24 играчи со кои „Фуријата“ ќе настапи против Грција (25 март), Грузија (28 март) и Косово (31 март).

Read More