Author: riste

Централниот дефанзивец на Евертон, Џејмс Тарковски, потпиша двегодишно продолжување на договорот со клубот, со што ќе остане во клубот до јуни 2028 година, соопшти клубот. 32-годишниот дефанзивец се приклучи на Евертон во 2022 година со слободен трансфер од Барнли и има 128 настапи во сите натпреварувања. „Среќен сум што продолжувам да играм за Евертон. Беа луди неколку години, со подеми и падови. Поминавме низ многу и се надевам дека ќе има уште позитивни работи што доаѓаат“, беше изјавата на Тарковски за веб-страницата на клубот. „Ги покажуваме нашите амбиции од почетокот на оваа сезона. Нашиот менаџер (Дејвид Мојес) има јасна идеја…

Read More

Според Меѓународниот центар за спортски студии (CIES), ПСЖ повторно стана доминантна сила на трансфер пазарот. Вредноста на играчите на парискиот клуб се зголеми за 352 милиони евра во текот на изминатата година. Ова го става ПСЖ на второто место зад Челзи (+364 милиони евра), потврдувајќи ја силата на неговиот тим и економската привлечност на неговите играчи на меѓународниот пазар. Според вкупната вредност на играчите во сопственост на клубот, ПСЖ е рангиран на петтото место во светот (1,44 милијарди евра), веднаш зад Арсенал (1,47 милијарди евра), Манчестер Сити (1,49 милијарди евра), како и Реал Мадрид (1,68 милијарди евра) и Челзи (1,81…

Read More

Барселона би можела да ja активира клаузулата за ослободување од 65 милиони евра (56 милиони фунти) во договорот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серу Гираси, кој истекува во летото 2026 година, објави „Мундо Депортиво“. 29-годишникот е во одлична форма, постигнувајќи 44 гола и 12 асистенции во 58 настапи за клубот откако се приклучи на тимот од Дортмунд во 2024 година. Тој постигна 68 гола во 106 настапи во Бундеслигата, додека импресионираше во Лигата на шампионите со 16 гола во 20 настапи. Гираси веќе постигна пет гола и имаше три асистенции во своите први седум настапи во лигата и Европа оваа…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Белгија, односно во Гент. Нашите најдобри фудбалери два дена пред многу важниот дуел со белгиската репрезентација пристигнува на местото на настанот, а утре попладне ќе тренираат на стадионот на Гент. Селекторот Милевски со себе ја води најдобрата екипа, со исклучок на Бојан Илиевски, кој заради акумулација на картони нема да игра со Белгија, но ќе настапи против Казахстан. Овие две репрезентации се непоразени во групата и од меѓусебниот дуел многу работи ќе зависат пред последдните две кола во групата. Нашата репрезентација ќе има поддршка од околу илјада наши навивачи кои обезбедија влезници за овој гостински…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе се приклучи на репрезентацијата на Франција за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство и покрај повредата на зглобот што ја заработи на натпреварот против Виљареал. Напаѓачот, кој е во одлична форма оваа сезона со девет гола и две асистенции во осум натпревари, постигна уште еден гол во победата од 3:1 над Виљареал во саботата. Сепак, Мбапе беше заменет во 83-тата минута откако доби лекарска помош на теренот, а тренерот Чаби Алонсо одлучи да не презема никакви ризици. По натпреварот, Алонсо потврди дека Мбапе претрпел повреда и рече дека ќе го следат неговиот напредок…

Read More

По ремито 1:1 со Селта Виго во 8. коло од шпанската Примера, Атлетико Мадрид го имаше најлошиот почеток во шпанското првенство од сезоната 2011/2012. Диего Симеоне пристигна во клубот кон средината на таа сезона . По осум натпревари, екипата на Атлетико Мадрид имаа 12 бода. Тимот на аргентинскиот тренер оваа сезона моментално е на петтото место со 13 бода. Реал Мадрид е лидер на табелата во шпанското првенство со 21 бод. Во следното коло од Ла Лига, Атлетико Мадрид ќе биде домаќин на Осасуна. Натпреварот ќе се одигра на 18 октомври, со почеток во 21:00 часот.

Read More

Играчот од средниот ред на Арсенал, Мартин Одегард, заработи повреда на медијалните колатерални лигаменти на левото колено за време на победата од 2:0 над Вест Хем во 7-мото коло од Премиер лигата, според официјалната веб-страница на лондонскиот клуб. Норвешкиот играч од средниот ред ќе биде подложен на прегледи и третман во тренинг центарот на Арсенал за време на репрезентативната пауза. Целта е што побрзо да се врати на теренот. Одегард дефинитивно ќе ги пропушти натпреварите на Норвешка против Израел (11 октомври) и Нов Зеланд (14 октомври). Датум на враќање на играчот од средниот ред не е објавен, но секако ќе биде по…

Read More

Јувентус и Милан одиграа нерешено 0-0 на стадионот „Алијанц“ во саботата навечер, а тимот на Игор Тудор повторно се мачеше пред голот. Јувентус се обидуваше да дојде до погодок, но не успеаја да го најдат вистинскиот пат до голот на противникот, продолжувајќи ја својата серија натпревари со малку голови под водство на хрватскиот тренер. „Тоа беше натпреварот што го очекувавме – тежок, против силен тим. Сакавме да победиме, двата тима создадоа шанси и на крајот нерешениот рерзилтат е реален “, рече Тудор. Тренерот ги објасни своите промени во нападот посочувајќи на заморот во неговата напаѓачка линија. „Јилдиз, Консеисао и Давид…

Read More

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, вели дека ова ќе биде најтешката сезона досега за неговиот тим и рече дека состојбата на повредените Матео Политано и Станислав Лоботка мора да се процени пред паузата за репрезентативни натпревари. Тимот на Конте, Наполи, се врати од негатива и ја победи Џенова со 2-1 во неделата и се изедначи со Рома на врвот на Серија А. „Се наоѓаме на сосема непознат пат. Како што постојано велам, ова ќе биде најтешката сезона за нас бидејќи мора да играме во Лигата на шампионите, а минатата година не учествувавме во ниту едно друго натпреварување, дури ни во…

Read More

Повредата на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, не е сериозна. Францускиот репрезентативец беше заменет кон крајот на натпреварот против Виљареал синоќа поради болки во зглобот. Мбапе побара итна медицинска помош веднаш по постигнувањето на голот на „жолтата подморница“ за конечна победа од 3:1. По натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, тренерот на Реал Мадрид , Чаби Алонсо потврди дека Мбапе имал непријатност со зглобот уште пред натпреварот. Шпанецот сепак изјави дека се очекува напаѓачот да отпатува во репрезентацијата на Франција пред квалификациите за Светското првенство во средината на месецот.

Read More