Author: riste

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски е победник на овогодинешното издание на 21-виот Виз ер Скопски маратон. Со одличен финиш во последните 500 метри , Ивановски успеа д аго помине Кипкоеч од Кенија и да дојде до нова победа на Скопскиот маратон и тоа со време 2.15:50 час што е негов четврт резултат во неговата кариера. Второто место го освои Џулиус Кипкоеч од Кенија со време 2.15:20 час, додека трет заврши Давити Каразишвили (Грузија) 2.19:59 час. Втор наш атлетичар беше Жан Тосев кој заврши на 6-та позиција со време 2.30:57 час. Резултати од 21-виот Виз ер Скопски маратон:Маратон – мажи:1.Дарио Ивановски…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека замената на Ибрахим Конате за дербито во сабота со Челзи била поради повреда. Централниот бек го напушти натпреварот во 56-тата минута при поразот од 2:1 на „Стемфорд Бриџ“ и сега ќе биде подложен на дополнителни тестови за да се утврди сериозноста на проблемот. Слот објасни на прес-конференцијата по натпреварот: „Не знам дали станува збор за сериозна повреда, но знам дека малку куцаше и кога го прашав, рече дека има мала болка во бутот. Тоа беше доволно за мене бидејќи никогаш не знаете дали следниот спринт ќе ја влоши состојбата. Замената ми беше на…

Read More

Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Манчестер Сити 130 милиони фунти (149,5 милиони евра) за дефанзивниот играч од средниот ред Родри, објави „Дејли Стар“. Според изворот, „Граѓаните“ имаат намера да го задржат шпанскиот играч во клубот. За таа цел, Манчестер Сити планира да започне преговори за продолжување на договорот со 29-годишниот фудбалер. Англискиот тим се надева дека ќе го спречи Родри да се пресели во Реал Мадрид. „Граѓаните“ се подготвени значително да ја зголемат платата на играчот од средниот ред за да се осигурат дека ќе остане во клубот до крајот на кариерата. Родри е во Манчестер Сити од…

Read More

Централниот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигна уште еден гол во победата од 6-то коло од Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт (3:0). 32-годишниот напаѓач го отвори резултатот за својот тим во 27-мата минута, завршувајќи го додавањето на Луис Дијаз. Овој гол е 11-ти на Англичанецот во тековното првенство на Бундеслигата. Според статичарите, Кејн стана првиот играч во историјата на Бундеслигата кој постигнал 11 гола во првите шест натпревари од една сезона – уникатно достигнување во германското првенство. Вкупно, ова е 18-ти гол на Хари Кејн на клупско ниво во сезоната 2025/2026 – и тоа во 10 одиграни натпревари.

Read More

Поразот од 2:1 од Челзи во 7-то коло од англиската Премиер лига беше трет последователен пораз за менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. Според Би-Би-Си, ова е најлошата серија во неговата тренерска кариера. Пред овов пораз, Ливерпул загуби од Кристал Палас во англиското првенство (1:2) и од Галатасарај (0:1) во Лигата на шампионите. Покрај Ливерпул, Арне Слут ги водеше и холандските АЗ и Феенорд. Ливерпул моментално е втор на табелата во англиската Премиер лига со 15 бода. „Црвените“ ќе се соочат со Манчестер Јунајтед на домашен терен во нивниот следен натпревар, кој ќе се одржи на 19 октомври и ќе имаат шанса да ја…

Read More

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел ќе ја има пол-позицијата за денешната трка на Големата награда на Сингапур во Формула 1. Британецот успеа да направи најдобро време во вчерашните квалификации, а во својот финален летечки круг го постави најдобриот резултатот 1:29.158 и го освои првото место. Зад Расел на стартот ќе биде актуелниот светски шампион Макс Верстапен, додека од третата позиција ќе стартува лидерот во генералниот пласман, Оскар Пјастри. Од вториот ред ќе тргне младиот Андреа Кими Антонели, вториот возач на Мерцедес, кој уште еднаш покажа дека брзо напредува во својата прва целосна сезона. Минатогодишниот победник во Сингапур, Ландо Норис, овојпат…

Read More

Шпекулациите околу иднината на полскиот напаѓач Роберт Левандовски се засилија откако се дозна дека Милан размислува да потпише со напаѓачот на Барселона како слободен играч и да го спои со поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Лука Модриќ. Договорот на Полјакот со Барселона истекува во 2026 година, но според Фабрицио Романо, постои „повеќе од 50 проценти шанса“ Левандовски да го напушти „Камп Ноу“ без обештетување. Главната пречка за евентуален трансфер во Милан е неговата висока плата – 33 милиони евра бруто по сезона. Шпанското издание „Спорт“ објави дека спортскиот директор на Милан, Игли Таре, веќе имал прелиминарни разговори со агентот на…

Read More

Баерн Минхен сака да го обнови договорот со Серж Гнабри, пишува весникот „Билд“. Актуелниот договор на германскиот интернационалец истекува на лето. Раководството на Баварците сака повторно да го ангажира 30-годишниот играч, но само ако тој се согласи да ја намали платата. Се вели дека Гнабри нема проблем со ова, бидејќи се чувствува одлично во Минхен и сака да остане во тимот. Гнабри моментално заработува 17-18 милиони евра бруто годишно со бонуси и е подготвен да потпише нов договор со намалена плата за да продолжи да игра за германскиот шампион. Баерн е во одлични односи со агентот на Гнабри, а се…

Read More

Раководството на Манчестер Јунајтед веројатно нема да го отпушти тренерот Рубен Аморим доколку го изгубат натпреварот од 7-мото коло од Премиер лигата против Сандерленд кој се игра денес. Ова го објави новинарката на „The Athletic“, Лори Витвел, во видео на YouTube каналот „Talk of the Devils“. Според извор, иако ко-сопственикот на клубот Џим Ратклиф го слуша спортското раководство на „Црвените ѓаволи“, конечната одлука за иднината на Аморим ќе биде на Ратклиф. Во моментов, британскиот бизнисмен верува дека португалскиот тренер не треба да биде отпуштен пред крајот на тековната сезона. Ратклиф знае дека Аморим делумно работи со новиот состав и сè уште се обидува да ги пренесе…

Read More

Селекторот на Светскиот шампион, Аргентина, Лионел Скалони, го објави составот за претстојните пријателски натпревари против Венецуела и Порторико. Двајца играчи од Серија А се меѓу 28-члениот состав на аргентинскиот селектор. Аргентина и Бразил претрпеа порази во нивните последни квалификации за Светското првенство. Светските шампиони ќе се соочат со Венецуела на 11 октомври и Порторико на 14 октомври, користејќи ги натпреварите како загревачки натпревари за идните официјални натпревари. Целосниот состав на Аргентина за октомвриските тестови:Голмани: Емилијано Мартинез (Астон Вила), Валтер Бенитез (Кристал Палас), Џеронимо Рули (Олимпик Марсеј) Одбранбени играчи: Кристијан Ромеро (Тотенхем), Николас Отаменди (Бенфика), Науел Молина (Атлетико Мадрид), Гонзало Монтиел…

Read More