Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел ќе ја има пол-позицијата за денешната трка на Големата награда на Сингапур во Формула 1.
Британецот успеа да направи најдобро време во вчерашните квалификации, а во својот финален летечки круг го постави најдобриот резултатот 1:29.158 и го освои првото место. Зад Расел на стартот ќе биде актуелниот светски шампион Макс Верстапен, додека од третата позиција ќе стартува лидерот во генералниот пласман, Оскар Пјастри.
Од вториот ред ќе тргне младиот Андреа Кими Антонели, вториот возач на Мерцедес, кој уште еднаш покажа дека брзо напредува во својата прва целосна сезона. Минатогодишниот победник во Сингапур, Ландо Норис, овојпат ќе стартува петти, веднаш до Луис Хамилтон, кој ќе се најде на шестата позиција.
Трката во Сингапур стартува денеска од 14 часот.

