Author: riste

Иднината на дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро, кој има 72 настапи за германскиот тим, се чини дека не е поврзана со клубот по оваа сезона, објавува „Билд“. Се очекува португалскиот интернационалец, кој се мачи со повреди и ограничено време за играње под водство на Винсент Компани, да го напушти Баерн како слободен агент кога ќе му истече договорот следното лето. Гереиро се приклучи на тимот од Минхен од Борусија Дортмунд во 2023 година како слободен трансфер и има 23 настапи под водство на Компани, од кои 19 биле како стартер. 31-годишниот Португалец има шест настапи оваа сезона, постигнувајќи гол…

Read More

Ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски, сака да го продолжи договорот со клубот за уште една сезона, тврди Радио Каталуња. Тековниот договор на Полскиот интернационалец истекува на лето, со опција за продолжување за уште 12 месеци. Во оваа фаза, клубот не водел разговори со 37-годишниот фудбалер на оваа тема. На „Камп Ноу“ во моментов немаат такви намери, според последните информации. Од почетокот на сезоната, Левандовски има 8 натпревари и 4 гола во сите натпреварувања, но сè повеќе останува резерва во тимот на Ханзи Флик на сметка на Феран Торес. Полјакот се пресели во Барса во летото 2022 година од Баерн Минхен…

Read More

Баер Леверкузен го продолжи договорот со аргентинскиот репрезентативец Езекиел Паласиос до јуни 2030 година, објави германскиот клуб. 26-годишниот играч од средниот ред моментално се опоравува од повреда. Неговиот претходен договор истекуваше во 2028 година. „Езекиел Паласиос беше еден од нашите клучни играчи во последните години и ќе продолжи да презема многу одговорности во градењето на тим кој е гладен за успех и способен да освојува трофеи“, рече извршниот директор за спортски прашања, Симон Ролфес. Паласиос беше дел од тимот на Баер Леверкузен кој ги освои титулите во Бундеслигата и Купот на Германија во сезоната 2023/2024, во која беа непоразени. „Баер…

Read More

Шпанскиот гигант Барселона објави официјално соопштение во кое потврдува дека крилниот напаѓач Ламин Јамал заработил уште една повреда и ќе биде надвор од игра две до три недели. Според изворите, станува збор за истиот проблем што го мачеше Шпанецот во септември, кога беше надвор од игра дваесет дена. Ова исто така значи дека Јамал нема да биде вклучен во составот на Шпанија за претстојната репрезентативна пауза, која вклучува натпревари против Грузија и Бугарија. Шампионот на Ла Лига потврди дека суперѕвездата ќе биде надвор од игра уште две до три недели поради повторување на повредата. Ова автоматски го исклучува од неделниот…

Read More

Поранешниот селектор на Англија, Гарет Саутгејт, е подготвен да го преземе Манчестер Јунајтед доколку Рубен Аморим биде отпуштен. Сепак, 55-годишниот менаџер стравува дека раководството на „Црвените ѓаволи“ ќе бара моментални резултати од него, според весникот „САН“. Според извор, Саутгејт верува дека на Манчестер Јунајтед би му биле потребни до четири години за да изгради тим способен да се бори за Лигата на шампионите под негово водство. Англичанецот сака „Црвените ѓаволи“ да му гарантираат долгорочен план доколку ја преземе екипата. Герет Саутгејт беше селектор на Англија од 2016 до 2024 година. Под негово водство,оваа репрезентација двапати стигнаа до финалето на Европското првенство.

Read More

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, зборуваше за голманот на својот тим и на Грузија, Ѓорѓи Мамардашвили. Според Слот, Ливерпул од самиот почеток знаеја дека ќе добијат многу добар голман. Грузиецот се приклучи на англискиот клуб ова лето откако минатата сезона ја помина на позајмица во Валенсија. „Видовме колку добро се адаптираше во натпреварот со Саутемптон. Знаевме дека добиваме многу добар голман. Но, првиот натпревар за нов тим е секогаш најдобриот начин да се разбере дали играчот добро се адаптирал. Мислам дека видовме во што е навистина добар во таа игра. Сега може да го направи она што Келехер го правеше многу пати во…

Read More

Голема победа на стартот од силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен оствари македонската тенисерка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од првото коло денеска ја надигра поранешната тенисерка број 1 на светот Каролина Плишкова од Чешка со 2-0 во сетови (64 63) за 75 минути игра. Плишкова во кариерата осум недели беше на чело на ВТА ранг-листата, а има и два финални меча на Грен слем турнирите (Вимблдон и УС опен). Македонската тенисерка со сигурна игра во текот на целиот меч заслужено ја запиша највредната победата во кариерата. Во првиот сет Плишкова направи брејк за водство од 2:1 во гемови, а…

Read More

Англискиот шампион Ливерпул поминува низ тежок период. Покрај тоа што го претрпеа вториот последователен пораз во сезоната синоќа, во Ливерпул го загубија и својот стартен голман Алисон Бекер. Во поразот од Галатасарај со 0:1 во Лигата на шампионите, бразилскиот голман се повреди на почетокот на второто полувреме и мораше да биде заменет од Ѓорѓи Мамардашвили. Повредата сигурно ќе го оддалечи за претстојниот натпревар со Челзи, а може да пропушти и повеќе натпревари. Состојбата на Уго Екитике го загрижува и менаџерот Арне Слот, кој беше принуден да го замени и него. „Не можам точно да ви кажам што се случи со…

Read More

Вториот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, ја освои титулата на турнирот во Пекинг, откако денес во финалето го победи 52-от играч во светот, Американецот Лернер Тиен, по два сета, со 6:2, 6:2. Мечот траеше еден час и 14 минути. Синер четири пати го зеде сервисот на американскиот тенисер, додека Тиен не освои ниту еден брејк. Италијанскиот тенисер запиша 10 аса, додека Тиен не освои ниту еден поен директно од сервисот. Ова е 21-ва АТП титула на Синер во неговата кариера.

Read More

Во Сиднеј, Австралија се одржува Светското првенство во кајак слалом, најголемиот и најпрестижен настан за оваа година во овој воден спорт. На првенството учествуваат најдобрите кајакари од целиот свет, а Македонија на ова СП го имаше како свој преставник велешанецот Ангел Петрушев. Тој настапи во дисциплината K1 (кајак едносед) и со својот настап го освои 57-то место од вкупно 75 натпреварувачи кои се појавија наљ стартот, а 74 ја завршија трката. Ангел Петрушев во квалификациите имаше време од 99.59 секунди или +12.65 од најдоброто време во овие квалификации. Самото учеството на Петрушев е значаен чекор за развојот и промоцијата на кајак…

Read More