Федерико Киеза е додаден во официјалниот состав на Ливерпул за групната фаза од Лигата на шампионите откако УЕФА го одобри барањето на клубот. Италијанскиот репрезентативец го заменува Џовани Леони на „Листата А“ на „Црвените“ и ќе биде достапен за патувањето во Истанбул кај Галатасарај следната недела. Промената доаѓа според новите прописи на УЕФА кои дозволуваат нов играч да биде вклучен во составот во случај на долгорочно отсуство. Менаџерот Арне Слот во петокот потврди дека дефанзивецот Леони претрпел сериозна повреда на предните вкрстени лигаменти за време на победата над Саутемптон во Лига купот претходно оваа недела, поради што му е потребен…
Author: riste
Дефанзивецот Вилијам Салиба се договори за нов договор со Арсенал. Се очекува дефанзивецот да го потпише договорот во наредните денови објави „Атлетик“ Се очекува централниот дефанзивец да потпише долгорочен договор во наредните денови, вели изворот. Тековниот договор на Французинот е со важност до 30 јуни 2027 година. Оваа година, Реал Мадрид беше заинтересиран за фудбалерот , но самиот Салиба изјави дека сака да остане во лондонскиот клуб.
Фудбалската репрезентација на Македонија во следниот период треба д аги одигра клучните натпревари од квалификациите за СП. Следниот натпревар од квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одигра во САД, Канада и Мексико е можеби најтешкиот. Македонските фудбалери ѝ гостуваат на Белгија во Гент, а за оваа средба нашата федерација доби 1.000 билети. Според информациите од ФФМ, сите билети за македонскиот сектор на трибините се распродадени за само неколку денови. Од Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарија на навивачите кои купија билет за да бидат поддршка на репрезентацијата. Исто така објаснија дека поради малиот капацитет на стадионот во Гент, бројот на гостински места е ограничен.…
Аргентинскиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, постигна три гола во мадридското дерби против Рајо Ваљекано во 6-то коло од шпанската Ла Лига. Натпреварот заврши со победа од 3:2 за Атлетико Мадрид. Алварез е третиот аргентински играч од 2020 година што постигнал хет-трик или повеќе од три гола во еден натпревар од Ла Лига. На 22 февруари 2020 година, Лионел Меси постигна четири гола во победата од 5:0 над Еибар. Само Алварез и Валентин Кастељанос постигнале три или повеќе гола меѓу Аргентинците. Алварез се приклучи на Атлетико Мадрид во август 2024 година. Неговиот договор со клубот е со важност до 2030 година. Оваа сезона, Аргентинецот постигна…
Шпанскиот шампион Барселона го одржа својот последен тренинг пред натпреварот со Овиедо синоќа, но тренерот Ханси Флик повторно не доби добри вести. Во вторник беше објавено дека Гави ќе биде надвор од терените помеѓу четири и пет месеци откако беше подложен на операција на менискусот. Има некои позитивни вести за Алехандро Балде, кој тренираше по втор пат по ред во средата. Сепак, не се очекува тој да биде вклучен во составот за натпреварот. Ламин Јамал не им се придружи на останатите соиграчи и дефинитивно е надвор од комбинација за вечерашното гостување во Овиедо. Фермин Лопез работи индивидуално во теретана поради…
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси постигна два гола и имаше една асистенција за да го зголеми својот број на 37 голови оваа сезона, а Интер Мајами обезбеди место во плејофот со победата од 4:0 над Њујорк Сити. Мајами (16-6-7), кој победи во третиот натпревар по ред, го зголеми својот вкупен број на голови во лигата на 64 оваа сезона. Пет од последните шест натпревари на Мајами во МЛС лигата беа постигнати најмалку три гола, а најновата победа од 3:2 над Д.Ц. Јунајтед. Со својота асистенција во првото полувреме, Меси стана првиот играч во историјата на МЛС кој постигнал најмалку 35 гола…
По одигрувањето на последните четири натпревари кои беа на програмата синоќа, беше реализирана и ждребката за 1/8 финалето на англискиот Лига Куп. Ждрепката сакаше дел од главните фаворити да се избегнат, но сепак ќе има четир дуели меѓу екипи од Премиер лигата. Најголемо внимание треба да го привлече дуелот меѓу Њукасл и Тотенхем. Осминафинале:Арсенал – БрајтонГримсби – БрентфордСвонси – Манчестер СитиЊукасл – ТотенхемРексам – КардифЛиверпул – Кристал ПаласВулверхемптон – ЧелзиВикомb – Фулам Натпреварите од осминафиналето ќе се одиграат на 26 и 27 октомври.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаа да ја остварат втората домашна победа во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион пред својата публика загуби од ГОГ Гудме (28:31) во меч кој требаше да биде ракометен празник поради одбележувањето на 40. роденден на навивачката група „Чкембарите“. Разочараност од резултатот изрази и тренерот Рубен Гарабаја, кој направи анализа на вториот домашен меч сезонава во „Боро Чурлевски“ во кој неговиот тим првпат загуби. „Можевме да видиме три натпревари во само овој еден. Тргнавме многу добро, ги следевме тактичките замисли на почетокот и тоа работеше. Потоа тие ја сменија средбата, тргнаа со нов напад и почнаа…
Играчот од средниот ред на Арсенал, Нони Мадуеке заработи повреда и ќе отсуствува од теренот околу два месеци. 23-годишникот го започна натпреварот од Премиер лигата против Манчестер Сити во недела попладне, но беше принуден да излезе на полувремето, заменет од Букајо Сака, поради проблем со коленото. Микел Артета објасни по натпреварот дека почнал да чувствува непријатност на почетокот на натпреварот. Според „Атлетик“, тој ќе отсуствува околу два месеци. Ова е најновата во низата повреди за тимот на Микел Артета што ја мачат неговата напаѓачка линија. Каи Хаверц е исто така е на рехабилитација откако беше подложен на операција на коленото…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре го пречекуваат ГОГ Гудме од Данска кој ќе биде следниот предизвик за нашиот шампион во Лигата на шампионите. Скандинавскиот првак гостува во Битола, а за мечот зборуваше словенечкиот ракометар Нејц Цехте кој ги сподели очекувањата. „ГОГ Гудме има многу млад тим. Секоја година тие или ги продаваат или ги менуваат постарите играчи. Доаѓаат играчи од нивната академија и сите играат ист ракомет. Брзо играат, но мислам дека тоа во среда нема да им биде доволно. Нашата одбрана се надевам дека ќе спречи нивни лесни голови, да не дозволиме полуконтри и контри. Сакам да ги повикам навивачите, заедно…
