Author: riste

Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци повторно ќе биде под капата на Општина Кавадарци, затоа што спонзорот од Турција не ги исполнил обврските кои требаше. Играчите некое време минуваа низ турбуленции, тоа се одрази на резултатите, па затоа градоначалникот Митко Јанчев решил да реагира. Спонзорот на клубот кој доаѓаше од Турција беше обврзан најдоцна до среда (17.09.2025 година) да ги исполни ветувањата со обезбедување на договорените финансиски средства. Беше најавено дека во спротивно, градоначалникот Митко Јанчев, Општината Кавадарци и бизнис-заедницата од градот, повторно ќе го преземат целосното сопствеништво на клубот и ќе продолжат да го водат и во иднина. Инвеститорот не си ја заврши работата,…

Read More

Раководството на Пари Сен Жермен пушти во продажба специјален дрес со ликот на Усман Дембеле по повод освојувањето на „Златната топка“. Синоќа, Французинот беше прогласен за најдобар фудбалер во светот на гламурозна церемонија во Париз. Дембеле ја победи конкуренцијата од Ламин Јамал од Барселона, кој се пласираше на второто место во гласањето. Тренерот на Парижаните, Луис Енрике, беше прогласен за тренер број 1 во 2025 година. Веднаш по објавувањето на резултатите од гласањето за „Златната топка“, во клупската продавница се појави специјален дрес со ликот на Усман Дембеле. Навивачите на францускиот гигант можат да го купат за 35 евра.

Read More

Италијанскиот фудбалски клуб Комо ќе ги донира сите приходи од претстојниот натпревар од Купот на Италија против Сасуоло за поддршка на локалната заедница погодена од неодамнешните поплави. Одлуката ја објави тренерот на тимот, Сеск Фабрегас. Познатото езеро Комо, кое привлекува милиони туристи и познати личности, се излеа по екстремните временски услови, предизвикувајќи сериозна штета во регионот. Фабрегас сподели фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат поплавени улици и сообраќајни метежи. „Моите мисли се со сите во Комо денес. Не е лесно да се види нашето прекрасно езеро кое се излеа и штетата што ја предизвика е огромна. Комо е…

Read More

Новиот тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, е заинтересиран за францускиот напаѓач Карим Бензема, објави „Гол Франс“. Мурињо, кој неодамна го презеде португалскиот гигант, се стреми да го засили својот тим со искусни и познати ѕвезди во обидот да ја освојат португалската титула. Под водство на Жозе Мурињо во Реал Мадрид помеѓу 2010 и 2013 година, Бензема стана еден од најпрепознатливите напаѓачи во Европа. 37-годишниот Бензема моментално е под договор со саудискиот клуб Ал-Итихад до летото 2026 година, што би можело да ги отежни преговорите за претходен трансфер. Се очекува португалскиот гигант да даде понуда за Французинот во зимскиот преоден рок.…

Read More

Францускиот репрезентативец и член на ПСЖ, Усман Дембеле, е новиот освојувач на „Златната топка“ по одличната сезона во дресот на францускиот тим. Наградата Дембеле ја прими од рацете на бразилската фудбалска легенда Роналдињо. Усман Дембеле изминатите години беше во сенка на неколку други големи ѕвезди коли беа добитници на оваа престижна награда, но оваа година соработлата со тренерот Луис Енрике му помогна да се пронајде со својот стил на игра и да го смени начинот на размислување за пристапот и односот во неговиот однос кон играта. Дембеле стана лидер на тимот што освои четири трофеи, вклучувајќи го и историскиот прв во…

Read More

Барселона нема да може да го игра својот домашен натпревар против Реал Сосиедад во 7-то коло од Ла Лига на стадионот „Олимпик Луис Компанис“, објави „АС“. Според изданието, тимот на Ханси Флик нема да игра на Олимпискиот стадион поради огномет што се одржува во близина на спортскиот објект. Шоуто ќе го заокружи фестивалот „Ла Мерсе“, кој се одржува секоја година во каталонската престолнина. Понатаму, Барселона веројатно нема да може да го користи стадионот „Камп Ноу“, и покрај фактот дека натпреварот против „сино-белите“ беше планиран да се одржи на реновираната арена. Сепак, лиценцирањето на стадионот сè уште не е завршено. За…

Read More

Натпреварот од 5-то коло од француската Лига 1 помеѓу Марсеј и ПСЖ, закажан за денес, 21 септември, е откажан поради лоши временски услови. Оваа информација предмалку беше објавена од страна на Лига 1 на социјалните мрежи. Како што нагласува прес-службата на Лига 1, овој натпревар ќе биде одложен и ќе се одигра утре (понеделник 22 септември од 20 часот). Во официјалното соопштение се нагласува дека се очекуваат обилни врнежи од дожд во регионот во текот на попладневните часови, што ќе резултира со обилни врнежи од дожд во областа на домашниот стадион на Марсеј, „Велодром“, во вечерните часови. Исто така од…

Read More

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на Големата награда на Азербејџан. Холанѓанецот немаше апсолутно никакви проблеми на патеката во Баку и не го изгуби водството во текот на целата трка. Верстапен заврши со предност од повеќе од 14 секунди во однос на второпласираниот Џорџ Расел во Мерцедес. Ова беше втора последователна победа на Верстапен по неговиот успех во Монца минатата недела и негова четврта од почетокот на сезоната. Карлос Саинц го освои третото место на подиумот. Гран При на Азербејџан во Формула 1 се одржа во силен ветер, иако првичните прогнози за дожд не се остварија. Трката започна со…

Read More

Јувентус одигра само нерешено против Верона (1:1), а информациите од Италија велат дека дефанзивецот на тимот од Торино, Бремер заработил повреда. Бразилскиот дефанзивец беше одморен од тренерот Игор Тудор за натпреварот, но како што е вообичаена практика, играчите кои не учествуваа во натпреварот добија вежби на теренот под надзор на тренери и физиотерапевти. За време на една од тие вежби, Бремер се струполи на тревата, жалејќи се на мускулен проблем. Ова е нов удар за Бразилецот, кој ја пропушти речиси целата минатата сезона поради сериозна повреда. Во текот на денот медицинскиот персонал на Јувентус ќе ја процени состојбата на дефанзивецот,…

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, објави дека пет клучни играчи ќе бидат надвор од составот за натпреварот од Лига купот во вторник против Саутемптон. По победата од 2:1 над Евертон на „Енфилд“, Холанѓанецот потврди дека Вирџил ван Дајк, Ибрахима Конате, Мохамед Салах, Рајан Гравенберг и Доминик Собослај ќе бидат одморени. Сите тие ги одиграа полните 90 минути во последните пет натпревари од Премиер лигата и натпреварот од Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид. „Можам да ви кажам сега дека нема да ги видите во вторник. Ако тоа им помага на Саутемптон, тие веќе знаат“, изјави Слот за медиумите по победата…

Read More