Author: riste

Македонската репрезентација до 21 година ги започна подготовките за новиот предизвици во квалификациите за ЕП. Нашата селекција новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2027 го започнува со гостување во Полска на 5. септември, а потоа на 9. септември во Битола ќе ја пречека Италија. Фудбалерите на Горан Станиќ во првите две кола ќе се соочат со фаворитите во групата, што за нас е само дополнителна мотивација. Младите надежи на стадионот „Борис Трајковски“ го одработија првиот тренинг. Еден од нашите репрезентативци Матеј Гаштаров доби повик во репрезентацијата, а пред овие средби вели: „Нормално е да се надеваме на големи работи…

Read More

Трансферот на напаѓачот Александар Исак од Њукасл во Ливерпул стана трет најскап во историјата на светскиот фудбал. Шведскиот напаѓач му се придружи на клубот од „Енфилд“ за 125 милиони фунти (145 милиони евра). Само два трансфери досега беа поскапи: трансферите на Килијан Мбапе од Монако и Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен. За Французинот беа платени 180 милиони евра, а за Бразилецот 222 милиони евра. Да потсетиме дека трансферот на Исак стана и најскапиот трансфер во историјата на англискиот фудбал. Претходниот рекорд за трансфери исто така му припаѓа на тимот на Арне Слот. Офанзивниот играч за врска Флоријан Вирц го напушти Баер Леверкузен и се…

Read More

Кошаркарот на Србија, Василије Мициќ не го заврши натпреварот против Чешка откако доби удар во ребрата. По натпреварот, самиот Мициќ и селекторот на српската репрезентација Светислав Пешиќ ја потврдија подготвеноста на кошаркарот за следните натпревари. Србите ќе се сретнат со Турците во борбата за 1-то место во Групата А. Мициќ имаше ограничено време поминато на теренот на турнирот, со просек од 2,8 поени и 1,8 асистенции за 12,6 минути по натпревар. Бекот имаше проблеми со зглобот пред Евробаскетот.

Read More

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на трката за ГН на Холандија, 15-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, а прва по летната пауза. На патеката во Зандворт, Австралијанецот ја забележа својата седма победа оваа сезона, а деветта во кариерата, откако стартуваше од првата позиција и водеше од почетокот до крајот. Веднаш зад Пјастри беше миленикот на домашната публика Макс Верстапен кој во болидот на Ред Бул го освои второто место, додека Исак Хаџар од Рејсинг Булс беше на трето место, а за него ова е прв подиум во кариерата. Покрај најдобрите тројца бодови во Холандија освоија Џорџ Расел…

Read More

Вест Хем Јунајтед се вклучи во трката за потпишување на договорот со играчот од средниот ред на Арсенал, Фабио Виеира, пред затворањето на преодниот рок во понеделник, 1 септември, објави Флоријан Плетенберг од „Скај Спортс“ од Германија. 25-годишниот португалски плејмејкер, кој веројатно нема да добие многу време за игра ако остане во тимот на Микел Артета, привлече интерес и од Штутгарт. Сепак, „швабите“ веруваат дека цената што ја бара Арсенал од 30-35 милиони евра е превисока и не се подготвени да платат повеќе од 20 милиони за Виеира. Португалецот им се придружи на „Топџиите“ од Порто во 2022 година за…

Read More

Атлетико Мадрид забележа уште еден разочарувачки резултат во Ла Лига, завршувајќи со 1:1 на гостувањето кај Алавес во саботата. Сепак, снимките покажаа дека голот постигнат од Џулијано Симеоне не требало да биде признаен. Снимките покажуваат дека напаѓачот на Атлетико Мадрид бил зад последниот одбранбен играч, а според правилата, играчот на Алавес кој стоел на гол-линијата се смета за голман. Ова значи дека Симеоне бил во офсајд. Сепак, ВАР системот одговорен за натпреварот во Мендисороса не го открил ова, што предизвикало големо незадоволство. Како резултат на тоа, Техничкиот комитет на судии (CTA) го санкционирал Пабло Гонзалез Фуертес, кој бил одговорен за…

Read More

Иднината на Ерик тен Хаг во Баер Леверкузен е веќе неизвесна само две кола од почетокот на новата сезона во Бундеслигата. Холандскиот тренер е критикуван по нестабилниот почеток во првенството, а клубот одби јавно да застане зад него. Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед би можел повторно да остане без работа следната недела. Стартот на Баер Леверкузен под негово водство беше хаотичен, а ремито 3:3 со Вердер Бремен во саботата, во кое тимот прими два гола во последните минути од натпреварот, дополнително ги зголеми тензиите. Според „Кикер“, раководството на Леверкузен веќе има сомнежи во врска со работата на Тен Хаг, а…

Read More

Фиорентина останува активна на трансфер пазарот неколку дена пред неговото затворање во понеделник. Според „Фудбал Италија“, клубот добил понуда преку посредници да го потпише играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос. 29-годишниот Шпанец не се смета за клучна фигура во плановите на Реал Мадрид, а според „АС“, Јувентус се обидел да го земе на позајмица претходно во текот на летото. Во меѓувреме, Фиорентина веќе влегла во директни преговори за евентуален трансфер. Италијанскиот клуб е подготвен да дејствува за договор за Себаљос, но најверојатно ќе направи потег само ако направи неколку продажби до крајот на преодниот рок. Ситуацијата околу…

Read More

Лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата за трката за ГН на Холандија. Австралиецот во борбата за пол-позицијата го победи тимскиот колега Ландо Норис, кој доминираше на тренинзите и во првите два квалификациски сесии. Пјастри ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг во историјата на патеката Зандворт, 1:08.662. Норис задоцни 12 илјадити делови од секундата зад тимскиот колега. Вториот ред им припадна на Макс Верстапен од Ред Бул и изненадувањето Исак Хаџар од Рејсинг булс. Следуваат возачите на Мерцедес и Ферари, Џорџ Расел и Шарл Леклер, а зад нив Луис Хамилтон (Ферари), Лијам Лосон…

Read More

УЕФА денес официјално го објави распоредот за новата сезона во Лигата на шампионите која почнува во средината на месец септември. Сезоната ќе се отвори со дуелите Атлетик Билбао – Арсенал, односно ПСВ Ајндховен – Унион Сен Жилоа. Натпреварите од групната фаза ќе се играат во периодот од 16 до 18 септември 2025 година (ексклузивна недела), а понатаму се закажани за 30 септември – 1 октомври, 21–22 октомври, 4–5 ноември, 25–26 ноември, 9–10 декември 2025, како и во 2026 година на 20–21 јануари и 28 јануари. Според официјалниот календар, сите средби ќе бидат одиграни во вторник и среда, со исклучок на…

Read More