Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на трката за ГН на Холандија, 15-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, а прва по летната пауза.
На патеката во Зандворт, Австралијанецот ја забележа својата седма победа оваа сезона, а деветта во кариерата, откако стартуваше од првата позиција и водеше од почетокот до крајот.
Веднаш зад Пјастри беше миленикот на домашната публика Макс Верстапен кој во болидот на Ред Бул го освои второто место, додека Исак Хаџар од Рејсинг Булс беше на трето место, а за него ова е прв подиум во кариерата.
Покрај најдобрите тројца бодови во Холандија освоија Џорџ Расел (Мерцедес), Алекс Албон (Вилијамс), Оли Берман (Хас), возачите на Астон Мартин, Ленс Штрол и Фернандо Алонсо, Јуки Цунода (Ред Бул) и Естебан Окон (Хас).
По трката во Зандворт, Оскар Пјастри е на врвот со предност од 34 поени пред тимскиот колега Ландо Норис.
Шампионатот во Ф1 продолжува со следната трка која ќе се вози на легендарната патека во Монца.

