Author: riste

Ливерпул не се откажува од својата амбиција да го потпише Александар Исак и подготвува втора понуда за напаѓачот на Њукасл откако нивната првична понуда беше одбиена. Според „Скај Спортс Њуз“, „Црвените“ понудиле 110 милиони фунти плус бонуси, но вкупната сума е под 120 милиони фунти што ги бараат од Њукасл. 25-годишниот шведски репрезентативец моментално тренира сам во поранешниот клуб Реал Сосиедад додека се опоравува од „мала повреда на бутот“, за која Њукасл вели дека е причината зошто не отпатувал во Сингапур со својот тим. Извори блиски до играчот откриваат дека Исак веќе го информирал клубот дека сака да ги разгледа…

Read More

Арсенал не ги запира трансферите. Откако неодамна го обезбедија потписот на Виктор Ѓoкереш, Лондончани сега се насочени кон ѕвездата на Кристал Палас, Еберечи Езе. Според информациите од новинарот Бен Џејкобс, објавени синоќа, Арсенал имал позитивни разговори со Кристал Палас во врска со трансферот на 27-годишниот англиски репрезентативец, а самиот играч изразил желба да се пресели на „Емирати“. Арсенал се надева дека ќе избегне целосно плаќање на клаузулата за ослободување на Езе од 68 милиони фунти, која истекува денес – 1 август. Кристал Палас инсистира првично да добие 35 милиони фунти, а остатокот да се плати на рати. Од своја страна,…

Read More

Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, ќе потпише нов договор со клубот, објави Радио Каталонија. Според изворот, новиот договор со 38-годишниот Аргентинец ќе биде објавен наскоро. Договорот ќе биде до 2028 година, при што напаѓачот има право да го раскине на крајот од 2026 година, а клубот има право да го раскине договорот на крајот од 2027 година. Лионел Меси игра за Интер Мајами од летото 2023 година. Напаѓачот одигра 69 натпревари за тимот од Флорида, постигнувајќи 58 гола и 28 асистенции.

Read More

Денешниот реванш фудбалски натпревар од квалификациите за Конференциската лига на Европа, помеѓу Хајдук и Азербеџанскиот тим Зира, доби дозвола и ќе се одигра на познатиот Сплитски стадион ПОЉУД. На официјалната прес-конференција која се одржа синоќа, од клубот нагласија дека стадионот е технички исправен и доби дозвола да се игра пред полн капацитет , односно исполнет до последното место. Оваа посебна дозвола беше потребна бидејки пред извесно време Сплит беше зафатен со страшно невреме и дел од покривот на трибините беше видливо оштетен. Дилема беше дали ке се редуцира бројот на гледачи токму на таа трибина но сепак техничката комисија одлучи…

Read More

Новото засилување на Баерн Минхен, Луис Диаз, не ја криеше радоста што се приклучи на баварскиот гигант. Колумбиецот го напушти Ливерпул за да потпише за Баерн, кој плати 75 милиони евра за неговите услуги. „Вистинско задоволство е да се биде дел од толку голем клуб со толку голема историја. Благодарен сум и среќен што ви се приклучувам на сите вас. Чувствувам ист ентузијазам како кога ја започнав кариерата. Моето патување досега беше неверојатно. Никогаш не помислив кога бев само момче од Баракас дека ќе стигнам до тука. Не сакам да застанам тука. Сигурен сум дека сè уште има многу да…

Read More

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вечерва го продолжува настапот во евро-куповите. Црвено-црните гостуваат во Лозана во рамки на второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, а на овој натпревар ќе ја бранат предноста од првата средба во Скопје. Вардар дојде до победа против Лозана во Скопје со 2:1 и имаат еден гол предност пред вечерашното гостување. Головите на Роџерс Мато и Азер Омерагиќ покажаа дека противникот е ранлив и дека со ист рецепт и пристап во Швајцарија може да се надеваат на позитивен резултат на реваншот. Во ист состав, Вардар отпатува за Швајцарија. Останува дилема дали капитенот Горан Закариќ ќе биде во стартниот состав или ќе чека шанса…

Read More

Екипата на Манчестер Јунајтед започна преговори со германскиот клуб РБ Лајпциг во врска со трансферот на напаѓачот Бенџамин Шешко. Покрај тоа, уште еден клуб од Англија, Њукасл сака да го потпише 22-годишниот играч . Според „Атлетик“, РБ Лајпциг сака да добие 75 милиони евра плус бонуси, како и процент од препродажбата на Шешко во случај на каков било договор. Тековниот договор на Словенецот е до 2029 година. Кога потпиша нов договор минатата година, напаѓачот претпостави дека врвен клуб може да понуди околу 80-90 милиони евра за него, а потоа Лајпциг ќе му дозволи да си замине, пишува „Атлетик“. Минатата сезона,…

Read More

Напаѓачот Виктор Осимен пристигна во Истанбул за да го комплетира трансферот во турскиот клуб Галатасарај. Галатасарај објави фотографии од средбата на фудбалерот со навивачите на аеродромот. Претходно беше објавено дека Наполи ќе добие 75 милиони евра во две плаќања за напаѓачот. Минатата сезона, Виктор Осимен играше за Галатасарај како позајмен играч. Тој одигра 30 натпревари во турското првенство, постигнувајќи 26 гола и запишувајќи 5 асистенции. Фотографија: x.com/GalatasaraySK

Read More

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, беше задоволен по историската победа на својот тим над романскиот ФЦСБ во Букурешт, во натпревар што привлече големо внимание на европската сцена. „Ова е навистина голема победа за нас. Да се совлада екипа со ваков квалитет, пред ваква публика и во ваква атмосфера, не е мала работа. Сакам да им честитам на сите играчи, на клубот, на навивачите, на секој кој е дел од Шкендија“, изјави Беќири веднаш по натпреварот. Во текот на изминатата недела имаше провокациите од страна на домашната екипа, посебно пред натпреварот, а Беќири покажа респект кон противникот. „Импресиите се силни. И…

Read More

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија забележа победа на гостувањето кај ФЦСБ во Букурешт и испиша своја клупска историја. По пауза од осум години Македонија повторно ќе има претставник во групна фаза на едно натпреварување на УЕФА. По Вардар во сезоната 2017/18 во Лигата на Европа, сега тетовска Шкендија во најмала рака ќе настапи во групите од Конференциската лига. Тетовчани вечерва во Букурешт ја совладаа екипата на ФЦСБ со 2:1 или вкупен резултат 3:1 и со тоа обезбдеија пласман во следното коло од квалификациите за Лигата на шампиони. Следен противник на Шкендија ќе биде Карабах. Во 28. минута домаќинот го отвори…

Read More