27-годишниот плејмејкер Де’Арон Фокс се согласи на продолжување на договорот со Сан Антонио Спарс за максимални четири години. Ова го објави на неговата страница на социјалните мрежи познатиот инсајдер Шамс Чаранија. Во овој период, кошаркарот треба да добие 229 милиони долари. Фокс беше купен од страна на Сан Антонио од Сакраменто Кингс во тројна размена во февруари 2025 година. Минатата сезона во НБА лигата, откако се приклучи на Сан Антонио Спарс, Де’Арон Фокс одигра 17 натпревари, со просек од 19,7 поени, 4,3 скока и 6,8 асистенции.
Author: riste
Освојувачот на Карабао Купот, Њукасл Јунајтед, ја зголеми својата понуда за напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко, објави „Атлетик“. Според информациите, англискиот клуб понудил минимум 80 милиони евра, а се очекува реакцијата на германскиот тим, бидејќи сè уште не донеле конечна одлука. Манчестер Јунајтед е исто така заинтересиран за 22-годишниот Словенец, но „Олд Трафорд“ сè уште не испратил официјална понуда. Според изворите, ова ќе се случи само ако самиот Шешко изрази желба да се приклучи на тимот на Рубен Аморим. Германскиот новинар Флоријан Платенберг од „Скај Спорт Германија“ прецизира дека Њукасл понудил 80 милиони евра како фиксна сума, плус уште…
Барселона може да отвори дисциплинска постапка против капитенот на тимот и да го казни Марк-Андре тер Штеген. Голманот одбива да даде согласност клубот да испрати извештај за неговата повреда до медицинската комисија на Ла Лига. Германскиот голман претходно беше подложен на операција на грбот. Каталонскиот клуб сака да ја убеди Ла Лига дека закрепнувањето на голманот ќе трае четири месеци – ова ќе ѝ овозможи на Барселона да го регистрира новодојдениот голман. Каталонскиот клуб побара од својот правен оддел да отвори дисциплинска постапка и да види дали можат да го казнат Тер Штеген за неговата одлука, која ја сметаат за…
Манчестер Сити постигна принципиелен договор со Рубен Диас за продолжување на неговиот тековен договор, објави „Атлетик“. 28-годишниот португалски репрезентативец има договор до 2027 година, но клубот и играчот се согласија за нов договор што ќе го задржи на „Етихад“ уште подолго. Диас му се придружи на Манчестер Сити во 2020 година од Бенфика за 62 милиони фунти и се етаблираше како клучна фигура во одбраната на тимот. Во овој период, тој освои четири титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига Купот, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА. Диас одигра 44 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона,…
Новиот напаѓач на Барселона, Маркус Рашфорд, постигна еден од головите во победата на Каталонците од 5:0 над Даегу во Даегу. Тоа беше и крајот на азиската турнеја за Барселона, која ќе игра во Купот Жоан Гампер на 10 август против италијанскиот тим Комо, а на 16-ти овој месец ја отвораат сезоната во Ла Лига со гостување против Мајорка. Екипата на Ханзи Флик го отвори резултатот во 21-та минута преку Гави, кој доби асистенција од Ламин Јамал и ја упати топката во десниот агол од голот од работ на шеснаесетникот. Само шест минути подоцна, Роберт Левандовски го зголеми водството на Шпанците.…
Бундеслигашот Баер Леверкузен и напаѓачот на оваа екипа Патрик Шик ја продолжија нивната соработка. Чешкиот репрезентативен напаѓач потпиша нов договор со клубот до 2030 година. Претходниот договор на Патрик Шик со Баер Леверкузен беше важечки до 2027 година. Минатата сезона, Шик постигна 21 гол на 31 натпревар во Бундеслигата, станувајќи втор најдобар стрелец во првенството.
Капитенот на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев, во новата сезона ќе настапува за нов клуб, односно ќе го носи дресот на еден од најстарите одбојкарски клубови во Европа, романски Рапид Букурешт. Ѓоргиев минатата сезона ја заврши во турското првенство, а веќе во новата сезона се сели во Романија. Ова ќе биде ново искуство за Ѓоргиев кој досега нема настапувано во овој шампионат. „Да, во новата сезона ќе играм во Романија. Постигнав договор со Рапид Букурешт“, потврди Ѓоргиев. Минатата сезона Рапид во романскиот шампионат заврши на 7. место. Со доаѓањето на нашиот најдобар одбојкар амбициите за следнава сезона значително…
Одбојкарската Федерација на Македонија и семејството Хаџииљоски по 49-ти пат ќе бидат организатори на меѓународен меморијален турнир „Бранко Хаџииљоски-Чајка“, кој од петти до седми август ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Меморијалот, кој премина во традиција и е константен во годишниот календар на ОФМ и оваа година се става во функција на машкиот сениорски национален тим на Македонија. За турнирот на прес-конференцијата говореше Ивица Хаџииљоски, претставник на семејството и потпретседател на Одбојкарската федерација на Македонија. „На мое големо задоволство, по 49 пат се организира турнирот во чест на мојот покоен татко кој беше основоположник на одбојката во Тетово и…
Шкендија попладнево во Нион го дозна најнапред противникот во плеј-офот од кавлификациите за Лигата на шампионите, а подоцна го дозна и можниот противник за плеј-офот во Лига Европа. Доколку Шкендија биде елиминирана одКарабах, ќе се пресели во Лига Европа и таму ќе игра со поразениот од двомечот меѓу Лудогорец – Ференцварош. Натпреварите од оваа фаза се закажани за 21 и 28 август. Првиот натпревар се игра во Скопје, а реваншот на гости. Интересно, Шкендија во плеј–офот во ЛШ ќе игра со подобриот од тој двомеч, додека во плеј – офот во ЛЕ со поразениот од овој двомеч меѓу бугарскиот и…
39-годишниот напаѓач на италијанска екипа Фиорентина и репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Един Џеко, откри кога ќе почне да размислува за завршување на професионалната кариера. „Кога младите играчи ќе почнат да постигнуваат двојно повеќе голови од мене, тогаш ќе почнам да размислувам за завршување на кариерата“, изјави Џеко за „Газета дело Спорт“. Минатата сезона, напаѓачот одигра 53 натпревари за Фенербахче, постигнувајќи 21 гол и осум асистенции. Претходно играше за Волфсбург, Манчестер Сити, Рома и Интер. 39-годишниот напаѓач има и 141 натпревар за босанската репрезентација, во кои постигна 68 гола и имаше 29 асистенции.
