Author: riste

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди казните за екипите од првите кола во квалификациите во европските купови, а најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе мора да плати висока парична казна. Се работи за се она што се случуваше за време на мечот на Ла Фиорита од Сан Марино. На теренот од Западната трибина беа фрлени пиротехнички средства и петарди, а за тоа од клупската каса на Вардар ќе мора да се издвојат 20.000 евра. Исто така, има и казна од додатни 10.000 евра за политичка порака. Навивачката група „Комити“ истакна транспарент кој беше посветен на ЕУ Парламентот во кој се…

Read More

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, е пред завршување на долгоочекуваниот трансфер во Арсенал, откако доби писмена дозвола од португалскиот шампион да помине медицински прегледи пред да се финализира договорот. Веста ја објави експертот за трансфери Фабрицио Романо, кој рече дека шведскиот напаѓач ќе пристигне во Лондон во текот на денешниот, а медицинските прегледи се закажани за сабота. Двата клуба веќе постигнаа целосен договор за трансфер вреден 63,5 милиони евра плус дополнителни 10 милиони евра додатоци. Иако условите на договорот беа договорени пред неколку дена, не беше јасно зошто трансферот беше одложен. Сагата за Гокерес беше една од најзборуваните ова…

Read More

Баерн Минхен упати трета понуда за крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Диаз. Понудата на Баварците е вредна повеќе од 67,5 милиони евра, пишува Флоријан Плетенберг. Преговорите меѓу двата клуба се во тек. 28-годишниот Колумбиец сака да се пресели на „Алијанц Арена“, откако веќе ги договори условите со германскиот шампион. Луис Диаз ќе потпише договор до летото 2029 година доколку Баерн и Ливерпул се согласат. Сепак, договорот може и да пропадне.

Read More

Шпанскиот шампион Барселона потврди во официјално соопштение дека сите проблеми со организаторот на тестот против Висел Кобе се решени и тимот утрово замина за Јапонија, каде што ќе ја започне својата азиска турнеја со пријателски натпревар во недела. „Барселона информира дека првиот тим веќе отпатувал во Јапонија за почетокот на овогодинешните азиски подготовки. Ова доаѓа откако беше постигнат договор помеѓу клубот и организаторот, со кој се решија разликите што се појавија и се потврди дека тестот со Висел Кобе ќе се одржи како што е планирано на 27 јули. По завршувањето на јапонскиот дел од турнејата, тимот ќе продолжи во…

Read More

Организацискиот комитет на ЕМОФ Скопје 2025 излезе со официјално соопштение во врска со сообраќајната несреќа што се случи на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, а во кое настрадале двајца малолетни велосипедисти од репрезентацијата на Исланд и се здобиле со лесни повреди. Во прилог ви го пренесуваме соопштението во целост: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека која не е дел од официјалната патека за одржување на велосипедската трка во рамки на ЕМОФ Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети…

Read More

Арсенал официјално го објави потпишувањето на 21-годишниот Кристијан Москера од Валенсија. Централниот бек, кој има 90 настапи за првиот тим на Валенсија, ќе го носи дресот со број 3 во својот нов клуб и веќе се приклучи на тимот за претстојната предсезонска турнеја во Азија. Москера се приклучи на Валенсија на 12-годишна возраст и помина низ академијата пред да го направи своето деби за сениорскиот тим во натпревар од Купот на Кралот во јануари 2022 година, на само 17 години. Само неколку дена подоцна, тој го направи своето деби во Ла Лига во ремито 1:1 со Севиља на „Местаља“. Во…

Read More

Македонскиот кајакар кој беше и знаменосец на свечленото отварање на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), Кристијан Смилев се пласираше на осмото место во финалето на трката К1 на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, откако ја помина патеката на Матка со време од 1:45:95. 16-одишниот Кристоја Смилев утрово имаше одличен настап во квалификациите, каде што имаше трето време и остави силен впечаток дека може да се избори за медал. Заостануваше само 2,67 секунди зад Марек Кулчицки од Полска , кој подоцна го освои златото, и 2,24 секунди зад второпласираниот Украинец Аркуп Крачко. Меѓутоа, во финалната трка, Смилев направи неколку грешки (ги…

Read More

Екипите на Вардар и Лозана утревечер ќе го одиграат првиот натпревар од второто коло од Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Гоце Седлоски им ја даде фаворитската улога на ривалот, но потенцира дека нашиот претставник нема да се предаде. „Лозана е добар противник, мора да биддеме свесни дека ни следи еден тежок меч и тешки први 90 минути. Се работи за доста квалитетна екипа која ланската сезона ја заврши на петтата позиција во Швајцарија, а знаеме каде оди швајцарскиот фудбал и како напредува. Се зависи од ривалот како ќе ни дозволи да играме, но знам дека секој што ќе излезе на терен ќе го…

Read More

Наполи работи на трансфер на српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ од Торино, како што објави веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио. Според изворот, трансферот на 28-годишниот голман ќе ги чини „Наполитанците“ 22,5 милиони евра. Се забележува дека клубот ќе плати повеќе од откупната клаузула од 19 милиони евра предвидена во договорот за да може да ја плати вкупната сума на рати. Минатата сезона, Вања Милинковиќ-Савиќ одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, од кои на 11 не прими гол. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2026 година. Според информациите пазарната вредност на голманот е 16 милиони евра.

Read More

Најдобриот ирански голман, Саид Хеидарирад, е нов член на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер. Се работи за искусен и квалитетен голман кој доаѓа во Битола и наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26. Саид Хеидарирад е 34-годишен голман, кој во својата земја е гопема спортска ѕвезда. Хеидарирад доаѓа во Битола од Партизан, откако даде голем придонес во титулата првак на Србија, која црно-белите ја освоија во сезоната 2024/25. Хеидарирад долги години е во Европа, откако пред да дојде во Србија седум сезони настапуваше за романскиот гигант Динамо Букурешт и освои многу трофеи со клубот од главниот…

Read More