Дресот на Ламин Јамал со број 10 стана најбрзо продаваниот предмет во историјата на официјалните продавници на Барселона за еден ден. Според информациите од Барселона нарачале кај „Најк“ почетна серија од 70.000 единици, кои ќе бидат испратени во 170 земји. А профитот од него е околу 10 милиони евра. Се подготвуваат нови испораки за официјалните продавници на клубот во наредните месеци. Детскиот дрес со името на Јамал чини 114,99 евра, а за возрасни – 134,99 евра. Постои и поексклузивна верзија, речиси иста како онаа на играчот, која чини 184,99 евра. Првите два модели се најпопуларни, но и вториот има свои…
Author: riste
Англискиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, би можел да се приклучи на Барселона. Според Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, Каталонците напреднале во преговорите за напаѓачот. Според изворот, Манчестер Јунајтед се согласил со условите понудени од Барселона, но договорот сè уште не е во финална фаза. Се вели дека Барселона планира да го позајми Рашфорд со опција за откуп. Маркус Рашфорд е производ на Манчестер Јунајтед. Тој ја помина втората половина од минатата сезона како позајмен играч во Астон Вила. Според медиумските извештаи, Англичанецот не е вклучен во плановите на главниот тренер на „Црвените ѓаволи“, Рубен Аморим.
Пјер-Емерик Обамејанг се враќа во францускиот фудбалски клуб Олимпик Марсеј по едногодишен престој во Ал Кадисија, објави „Л’Екип“. Напаѓачот, кој има 36 години, потпиша договор со Олимпик Марсеј до летото 2027 година. Обамејанг постигна 30 гола во 51 натпревар за Марсеј во сезоната 2023/2024. Напаѓачот од Габон беше играч на Милан, но како позајман играч настапуваше за Дижон,Лил и Монако, потоа за Сент Етјен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Барселона и Челзи.
Српскиот гигант Црвена Ѕвезда од Белград ја заврши работата околу потпишувањето на договор со напаѓачот Марко Арнаутовиќ, пишува германскиот новинар Флоријан Плетенберг. 36-годишниот австриски репрезентативец е слободен агент откако му истече договорот со Интер. Се очекува ветеранот да ги помине медицинските прегледи во понеделник пред да потпише двегодишен договор со кој треба да заработи 2,5 милиони годишно или вкупно 5 за две години. Според најавата Арнаутовиќ е веќе во Белград и вечерва треба да биде преставен пред навивачите на Црвена Ѕвезда на натпреварот со Јавор. Марко Арнаутовиќ во кариерата има настапувано за Твенте, Вердер Бремен, Стоук Сити, Вест Хем, Шангај…
Раководството на Реал Мадрид и голманот Тибо Куртоа постигнаа разбирање во преговорите за нов договор. Според информациите од весникот „Марка“, белгискиот голман ќе потпише нов договор со „кралевите“ до 2027 година. Претходниот договор на Белгиецот беше до летото 2026 година, но ќе биде продолжен за уште една сезона. Новиот договор ги отстрани сите клаузули во врска со бројот на одиграни натпревари и условите за ново продолжување. Сите детали од новиот договор се веќе разјаснети и се очекува само официјалното соопштение од Реал Мадрид. Куртоа ќе започне со тренинзи со шпанскиот гигант на 4 август. Тој пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во…
Арсенал, под водство на главниот тренер Микел Артета , кој го презеде тимот во зимата 2019 година, потроши 134 милиони фунти (154 милиони евра) за купување играчи од Челзи, објави „ЕСПН“. Синоќа, „Топџиите“ го објавија трансферот на напаѓачот Нони Мадуеке од Челзи, по претходниот трансфер на голманот Кепа Аризабалага. Во сезоната 2023/2024, Арсенал го купи офанзивниот играч за врска Каи Хаверц од „Сините“ . Во сезоната 2022/2023, „Топџиите“ го купија играчот за врска Жоржињо . Покрај тоа, минатата сезона тимот на Артета го позајми крилниот напаѓач Рахим Стерлинг од „Сините“ .
Македонскиот шампион Шкендија ги продолжи настапите во квалификациите за Лигата на шампионите, а следен предизвик во второто квалификациско коло е двомечот со ФЦСБ. Романскиот гигант доаѓа во Скопје на 22 јули од 20:00 часот, а на првиот меч УЕФА назначи да судат судии кои се дел од најдобриот шампионат на Белгија. Натан Вербумен е главен судија, аќ е му помагаат Матиас Хилает и Рубен Винс, четврти судија е Весил Де Кремер. Во ВАР-собата се наоѓаат Ерик Ламбрехт и Ела Де Врис. На реваншот во Букурешт кој е на 30 јули од 19:30 часот, ќе судат Украинци. Тоа се Олексеј Деревински, Виктор Матјаш, Олексиј Миронов, четврти…
Фудбалерите на Вардар се подготвуваат за настап во 2. коло од Конференциската лига на УЕФА каде ги чека двомеч со швајцарскиот тим Лозана, а УЕФА веќе ги одреди судиите за мечевите. Првиот меч кој се игра во Скопје, ќе го судат судии од Чешка. Главен е Доминик Стари, ќе му помагаат Јан Патак и Лукас Славичек. Четврти судија е Јан Махалек. Мечот официјално е закажан на 24 јули од 20:30 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Во Швајцарија, пак, главни судии се Израелци. Снир Леви е прв арбитар, асистенти се Ростислав Талис и Дор Медина. Четврти судија е Наел Одех. Натпреварот…
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, ги продолжи натпреварите на ЕП од Дивизијата „Б“ во Ереван со победа над своите врсници од Албанија со 84:74. Во натпреварот од групата која се игра за пласман од 17. до 21. место, нашите млади кошаркари утринава беа подобри од ривалот, а отпорот на противникот го скршија во третата четвртина. Најефикасен во нашата селекција беше Иванов со 21 поен, пет скока и две асистенции, а Стојковќ постигна 15 поени. Кечовски додаде 12 поени, додека Ќириловски имаше уште 10 поени. Со овој резултат, нашата младинска репрезентација утре, рано изутрина, од девет часот, ќе игра против селекцијата на Словачка, за…
Арсенал официјално го објави потпишувањето на крилниот напаѓач Нони Мадуеке од лондонскиот ривал Челзи во договор вреден околу 52 милиони фунти. „Топџиите“ веќе некое време бараат нов крилен напаѓач, а интересот за Мадуеке првпат беше објавен кон крајот на јуни. По успешните разговори со Челзи и агентот на играчот, трансферот сега е завршен. Мадуеке станува четвртото големо засилување на Арсенал ова лето, откако веќе ги потпиша Мартин Зубименди, Кристијан Њоргор и голманот Кепа Аризабалага. Се очекува Арсенал да ги финализира и договорите за Кристијан Москера и Виктор Гокерес во наредните денови. По две и пол години на „Стемфорд Бриџ“, 23-годишниот…
