Реал Мадрид официјално објави дека операцијата на левото рамо на играчот од средниот ред Џуд Белингам, направена вчера во Лондон, е успешна. Иако клубот не даде информации за тоа колку долго ќе трае закрепнувањето на англискиот интернационалец, локалните медиуми се категорични дека тоа ќе трае околу три месеци. Се очекува Белингам да не се врати на теренот до почетокот на октомври, пропуштајќи најмалку 6-7 лигашки натпревари и стартот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Вчерашната интервенција дојде откако офанзивниот играч 20 месеци страдаше од болки по исчешувањето на левото рамо, што значеше дека постојано играше со голем завој, но…
Author: riste
„Нашиот број 10.“ Ова е она што Барселона го напиша на социјалните мрежи, претставувајќи го играчот, неговиот нов број и договорот на својот фудбалер. 18-годишниот крилен напаѓач, често споредуван со аргентинската суперѕвезда Лионел Меси, кој исто така помина низ академијата на клубот „Ла Масија“, им помогна на шпанските гиганти да ја освојат тројната круна минатата сезона. Играчот го продолжи договорот со Барселона до 2031 година. Јамал постигна 25 гола за тимот на над 100 натпревари, а дебитираше во 2023 година на 15-годишна возраст. По сезона помината со бројот 27, Ламине Јамал ги следеше стапките на Меси минатото лето земајќи го…
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог на Закон за игрите на среќа и за забавните игри,кој Владата го усвои вчера, и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на засегнатите страни и без јавна расправа, претставува повторување на катастрофалниот пристап кој го имаше и претходната влада. За жал, владејачката коалиција предизборно калкулира и за евтини политички поени во своите математики ја вклучи и индустријата за игри на среќа, која е најрегулираната гранка во државата. Со овој предлог-закон се загрозуваат над…
Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп во женска конкуренција. Чаир во второто коло го доби составoт на Ајдовшчина.Првиот меч ќе биде во Словенија а реваншот во Скопје. Металург ќе игра со Диферданж. Првиот меч ќе биде во Македонија а вториот во Луксембург. Тимот на Куманово ќе ги одмери силите со Каскада Гарлијава од Литванија. Кумановки во првата средба ќе гостуваат. Нашиот шампион Ѓорче Петров ќе започне од 3 коло. Неговиот противник ќе се дознае по завршувањето на првите две рунди. Првите натпревари од второто коло се закажани за 26/27 септември додека возвратните…
Во седиштето на Европската ракометна федерација се одржа ждрепката за ЕХФ Европскиот Куп во машка конкуренција. Бутел за ривал во првото коло го доби Дуделанж. Првиот дуел ќе биде во Луксембург а реваншот во Скопје. Тимот на Тиквеш го доби Бешикташ. Македонскиот состав во првиот меч ќе гостува кај турскиот шампион. Екипата на Охрид ќе игра против Баку (Азербејџан). Во воведната пресметка охриѓани треба да гостуваат. Првите натпревари од второто коло се закажани за 6/7 септември додека реваншите ќе се одиграат седум денови подоцна.
Челниците на фудбалскиот состав Њукасл испратиле понуда од 70 милиони евра за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Уго Екитике, објавија дел од медиумите повикувајќи се на експертот за трансфери, Фабрицио Романо. Според него, Англичаните чекаат со надеж дека сумата што ја бараат Германците од 100 милиони драстично ќе се намали. Во претходната сезона во Бундес-лигата, Екитике се појави на 33 натпревари со ефект од 15 голови и 8 асистенции.
Фудбалерот на Челзи, Леви Колвил, верува дека Светското клупско првенство ќе биде посилен турнир од Лигата на шампионите. Второто издание со 32 екипи ќе биде во 2029 година. „Ова е најголемиот трофеј што некогаш сум го освоил. Ние бевме првиот тим што го освои“ – рече 22-годишниот Колвил. „Навистина уживав играјќи натпревари на секои четири или пет денови против различни тимови со кои никогаш не би имале можност да се сретнеме“ – рече играчот на „сините“.
Федерико Валверде е играчот со најмногу минути во изминатата сезона во Европа. Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид одигра 72 натпревари за „белите“ и за селекцијата на Уругвај. Тој помина 6.116 минути на теренот. На второто место на ранг-листата е Бруно Фернандеш. Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Португалија има 5.796 минути игра на 66 натпревари. Трет на листата е голманот на Милан и на репрезентацијата на Франција, Мајк Мањан, со 5624 минути на 63 средби.
Голманот, Марк-Андре тер Штеген, нема намера да ја напушти Барселона и покрај фактот што главниот тренер, Ханс-Дитер Флик, го информираше дека нема да биде стартер за новата сезона. Според – „Кадена СЕР“, Тер Штеген е лут но, нема намера да замине иако Барса верува во спротивното повикувајќи се на желбата на голманот да настапи на наредниот Мундијал. Изданието тврди дека заминувањето на Германецот ќе помогне во намалувањето на трошоците за плати.
Барселона го идентификуваше крилниот напаѓач на Баерн Минхен и на шпанската репрезентација, Брајан Сарагоса, како реална опција за засилување според вредноста на трансфер-пазарот. 23-годишниот Шпанец ја помина последната сезона на позајмица во Осасуна. Таму на 28 натпревари имаше еден гол и шест асистенции. Тој постигна еден гол и за шпанската репрезентација. Тековниот договор со германскиот клуб му е до летото во 2029-та. Неговиот трансфер вреди 12 милиони евра.
