Author: riste

Со постигнати два гола во финалето и една асистенција за погодокот на Жоао Педро, англискиот репрезентатигвец Кол Палмер ја доби наградата за најдобар играч на првото издание во овој формат на Светското клупско првенство. Челзи го совлада ПСЖ со 3:0 во финалето во Њујорк, а собра и добар дел од индивидуалните признанија на ФИФА. Претседателот на САД, Доналд Трамп, лично му го додели големиот пехар на Палмер, кој го круниса за МВП на овој турнир кој траеше еден месец. Челзи извојуваше шест победи на седум натпревари и загуби само во групната фаза од Фламенго. Најдобар стрелец на шампионатот е Гонзало Гарсија од Реал Мадрид со четири гола и две асистенции. Ист…

Read More

Освојувачот на Лигата на Европа, Тотенхем, официјално го објавија потпишувањето на 24-годишниот репрезентативец на Гана, Мохамед Кудус од Вест Хем Јунајтед. Офанзивниот играч за врска потпиша шестгодишен договор со Тотенхем и ќе го носи дресот со број 20. Според британскиот печат, лондонскиот клуб платил 55 милиони фунти (околу 63,8 милиони евра) за да ги обезбеди услугите на крилниот напаѓач. Кудус пристигна во Лондон во летото 2023 година, кога се пресели од Ајакс. Во овој период тој учествуваше во 80 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 19 гола и 13 асистенции. „Историјата на Тотенхем одигра голема улога во мојот избор. Ми се…

Read More

Вардар убедливо ја победи Ла Фиорита (3:0), а по натпреварот во име на играчоте говореше еден од учесниците во головите, Георгие Јанкулов. Играчот кој го изнуди автоголот на гостите за водство од 2:0, кажа дека првиот гол на стартот на второто полувреме им ја олеснил работата. „Ова е прв официјален меч за оваа сезона. Во првиот дел игравме под грч, не успеавме да го отвориме ривалот. Но, откако погодивме, знаевме дека по првиот гол ќе биде полесно и дека ќе славиме. Успеавме да отвориме рано во вториот дел, потоа паднаа уште два нови брзи гола. Важно е што ја сочувавме мрежата.…

Read More

Вардар ја оствари целта, славеше над Ла Фиорита од Сан Марино со 3:0 и голема предност ќе патува на реваншот од 1. коло во Конференциската лига на УЕФА. По мечот, тренерот Гоце Седлоски беше задоволен од прикажаното од своите играчи, кои до триумфот дојдоа со добра игра во вториот дел. „Сакам да им честитам на играчите, првиот дел беше во грч, затоа што некои играчи играат вакви мечеви за прв пат. Ваквите ривали се доста незгодни ако не им дадеш гол. Но, задоволен сум од вториот дел, измените ни донесоа разлика и заслужено победивме со три гола разлика. Во последните петнаесет минути имавме и повеќе…

Read More

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа и реми го одбележа јунскиот УЕФА прозорец, а тоа ни донесе скок на најновата ФИФА-листа за пет места. Нашиот национален тим одигра дома со Белгија (1:1) и победи на гости кај Казахстан (1:0). Овие резултати донесоа напредок за пет позиции на рангирањето во ФИФА светската ранг-листа, па Македонија сега се наоѓа на 62-тата позиција.Од репрезентациите кои се со нас во групата од јвалификациите, Белгија е 8-ма, Велс е на 31 место, додека Казахтстан е 114-ти и Лихтенштајн 204-то место. Помеѓу најдобрите пет селекции нема промени, Аргентина, Шпанија, Франција, Англија и Бразил ја сочинувата првата петорка. Шеста е Португалија која ја прескокна Холандија, осма е Белгија, а деветтото место ѝ…

Read More

Се чини дека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу ќе остане во Интер за сезоната 2025/2026. Според информациите од авторитетниот новинар Џанлука Ди Марцио, преговорите меѓу двата клуба не доведоа до договор, а Галатасарај веќе се откажа од своите намери да го врати 31-годишниот играч од средниот ред во Турција. Истанбулскиот гигант ја истражуваше можноста за привлекување на Чалханоглу откако тој помина осум години во Италија – по четири сезони со тимовите на Милан и Интер. Претставници на Галатасарај беа во Италија оваа недела за уште еден потенцијален договор, имено привлекување на Виктор Осимен од Наполи, кој играше како позајмен играч во…

Read More

Македонската ракометна легенда Филип Миркуловски се врати во македонскиот ракомет, ќе работи како спортски координатор на сите машки национални тимови. Миркуловски сега ома нова оперативна функција. Популарниот „Жути“ нагласи дека е среќен за новата позиција, фокусиран на работа во мак-ракометот и развој на младите ракометари. „Убаво е да се видат познати лица по долги години назад во Македонија. Благодарен сум за довербата да работам на вака витална функција. Јас сум тука да дадам се од себе и своето знаење со моето искуство играјќи во Германија. Главната цел ќе биде развојот на младинските категории, да ги искоординирам и сите селектори. Мора да…

Read More

Македонскиот фудбалски стручњак Ѓоко Хаџиевски е нов шеф на стручниот штаб на бугарскиот тим Спартак Варна. Искусниот стратег ќе го наследи Николај Киров, кој неодамна се пресели на кормилото на Ботев Пловдив. Хаџиевски има богата интернационална кариера и добро познавање на бугарскиот фудбал. Тој првпат работеше во Бугарија во далечната 1993/94 сезона, кога беше тренер на ЦСКА Софија, додека во 2006 година, повторно се врати во бугарското првенство, овојпат на чело на Вихрен Сандански. Неговиот последен ангажман беше во Саудиска Арабија во сезоната 2023/2024, а низ годините наназад Ѓоко Хаџиевски беше на чело на клубови како Вардар, Силекс, Војводина, Баку, Касторија, Докса, Атромитос, како и репрезентацијата на Македонија.

Read More

Сезоната на Реал Мадрид заврши со тежок пораз од Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство. Шпанскиoте гигант беше поразен со 0:4 од победникот во Лигата на шампионите и за прв пат од 2021 година не освоија ниту еден трофеј. Реал Мадрид немаше претрпено таков катастрофален пораз од 26 октомври минатата година, кога загубија со ист резултат од Барселона во Ла Лига. Во текот на сезоната, Реал претрпе уште два пораза со најмалку три гола разлика – 2:5 против Барса во шпанскиот Суперкуп и 0:3 против Арсенал во Лигата на шампионите. На сите турнири за време на сезобата,…

Read More

Арсенал официјално му понуди на Челзи 58 милиони евра за Нони Мадуеке, објави Фабрицио Романо. 23-годишното англиско крило веќе ги договорило личните услови со „топџиите“. Според авторитетниот новинар, Челзи сака сума поблиска до 64 милиони евра што ги понуди Њукасл за Ентони Еланга. Сепак, Арсенал инсистира на комплетирање на трансферот, бидејќи Мадуеке е главна цел на Микел Артета. Минатата сезона, англискиот фудбалер одигра 46 натпревари за Челзи во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 гола и 5 асистенции.

Read More