Author: riste

Португалскиот стручњак Жорже Жесус е новиот тренер на Ал Наср од Саудиска Арабија, каде што игра суперѕвездата Кристијано Роналдо. Веста официјално ја објави клубот. 69-годишниот Жесус го заменува Стефано Пиоли, кој претходно беше отпуштен од Ал Наср. Последниот клуб на Жесус беше локалниот ривал Ал Хилал, од кој тој си замина во мај оваа година. Под негово водство, Ал Хилал заврши втор во саудиското првенство минатата сезона, додека Ал Наср заврши трет на табелата. Новиот тренер на Ал-Наср, Жорже Жесус, го коментираше неговото назначување на оваа позиција и зборуваше за неговиот однос со напаѓачот Кристијано Роналдо. „Обожавам да бидам во Саудиска Арабија, тоа…

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид Лукез Васкез го завршува својот престој во „кралскиот клуб“ во четврток на 17 јули. Претходно беше објавено дека 33-годишниот дефанзивец ќе го напушти клубот како слободен агент по завршувањето на Светското клупско првенство. Според шпанските медиуми, клубот ќе го одбележи заминувањето на играчот на 17 јули. Лукас Васкез е во тимот на Реал Мадрид од 2007 година. Во дресот на оваа екипа, дефанзивецот одигра 398 натпревари и освои 21 трофеј, вклучувајќи 4 титули во Ла Лига и 5 трофеи во Лигата на шампионите.

Read More

Откако Челзи го победи ПСЖ со 3:0 во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА, играчите имаа вербална пресметка на теренот. За време на расправијата, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го турна напаѓачот на „сините“, Жоао Педро , кој го постигна третиот гол. Шпанецот со рака го удри Бразилецот во грлото, а потоа и во лицето, со што напаѓачот падна на земја. ФИФА сè уште не донела одлука за евентуални санкции, објавува „Ле Паризиен“. Со оглед на тоа што тренерот не доби црвен картон од судијата, дисциплинската комисија на ФИФА ќе треба да одлучи дали да го разгледа случајот. Според…

Read More

Македонската велосипедистка Дуња Иванова, како дел од сениорската репрезентација на Велосипедската федерација на Македонија се закити со сребрен медал на Балканското првенство во планински маратон кое се одржа во Блидње, Босна и Херцеговина. Патеката со должина од 73 километри и висинско искачување од 1600 метри ја измина со вкупно време од 4 часа и 21 минута и ја обезбеди титулата на вицешампионка зад победничката Мануела Муресан од Романија, додека на третото место беше Нина Видовиќ од Босна и Херцеговина. На овој натпревар во машка конкуренција македонските претставници Јован Паневски и Александар Милошевски во силна сениорска конкуренција го изборија четвртото односно…

Read More

Серхио Марки, претседател на Меѓународната федерација на здруженија на играчи го критукуваше односнот на претседателот на ФИФА Џани Инфантино кој претходно за турнирот во САД изјави: „Заработивме повеќе од 2 милијарди долари, 31 милион долари по натпревар, ниту еден друг турнир не може да се спореди. Видовме дека клубовите беа задоволни“. „Инфантино се однесува како човек кој мисли дека е Бог. ФИФА продолжува да го зголемува својот профит, но на сметка на играчите. Невозможно е да се направи претстава ако не ги слушаме гласовите на главните ликови. Време е играчите навистина да станат централни фигури на играта. Турнирот се одржа…

Read More

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот собир под водство на новиот селектор Марјан Илиевски во пресрет на стартот на подготовките за претквалификациите за СП 2027. Нашиот национален тим влегува во процес на сериозна смена на генерации, па во претстојните дуели со Романија и со Унгарија на терен би требало да видиме голем број на млади играчи кои допрва ќе треба да го носат товарот во националниот тим. На поширокиот список на Илиевски се најде и доскорешниот капитен Војдан Стојановски, како и единствениот евролигашки македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ, но двајцата ќе го пропуштат овој циклус. Првиот собир во…

Read More

Агентите на напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокерес, пристигнаа во Лондон за да ги финализираат деталите од договорот со Арсенал за трансфер на фудбалерот, објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X. Според изворот, Ѓокерес е подготвен да оди на медицински прегледи. 27-годишникот ќе отпатува за Англија штом ќе бидат договорени последните детали од трансферот. Ѓекерес игра за Спортинг од 2023 година. На 102 натпревари за тимот, напаѓачот постигна 97 гола и имаше 28 асистенции. За шведската репрезентација, напаѓачот постигна 15 гола на 26 натпревари. Според информациите пазарната вредност на играчот е 75 милиони евра.

Read More

Напаѓачот на Боде-Глимт, Каспер Хег, постигна три гола во првото полувреме од натпреварот од норвешкото првенство против Сандефјорд. Напаѓачот постигна голови во 13-тата, 16-тата и 45+4-тата минута, но сите голови беа поништени поради офсајд на играчот. Во второто полувреме, данскиот фудбалер направи асистенција и постигна гол од пенал. Каспер Хег постигна девет гола и имаше две асистенции во 12 натпревари од норвешката лига. Неговиот тим е на петтото место со 23 бода во шампионатот на Норвешка, 13 бода зад лидерот Викинг, но и четири натпревари помалку одиграно од Викинг.

Read More

Бекот Алваро Карерас ќе се приклучи на Реал Мадрид од лисабонската Бенфика. Ова го објави новинарот и инсајдер Фабрицио Романо на социјалната мрежа X. Според изворот, трансферот е целосно формализиран. Денес, мадридскиот клуб ќе даде официјално соопштение за трансферот. Карерас одигра 52 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона, постигнувајќи четири гола и задавајќи пет асистенции. Според „Трансфермаркт“, неговата проценета вредност е 35 милиони евра. Претходно беше објавено дека износот на трансферот би можел да биде околу 50 милиони евра и дека ќе биде исплатен во неколку фази.

Read More

Лондонски Челзи стана првиот тим во фудбалската историја што ги освои сите големи клупски трофеи, објави „Stata Football Telegram“. „Сините“ ја имаат освоено,англиската Премиер лига, англискиот куп и Лига купот, а ги освоија и Лигата на шампионите, Лигата Европа и Конференциската лига. Светското клупско првенство беше последниот турнир што го освои Челзи. Натпреварот помеѓу Челзи и ПСЖ се одигра синоќа на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд (САД). Тимот од Лондон го победи ПСЖ со 3:0 и стана првиот тим кој успеал да го направи овој подвиг, да ги освои сите трофеи на домашна и меѓународна клупска сцена. PHOTO: ChelseaFC- X

Read More