Author: riste

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, ќе биде отпуштен по тешкиот пораз од 3:0 од Норвешка во првото коло од квалификациите за Светското првенство. Специјалистот го објави ова на прес-конференција пред утрешниот втор натпревар за „аѕурите“ во групата – дома против Молдавија. Ова ќе биде последниот натпревар на тренерот како тренер на Италија. Спалети го презеде тимот во ноември 2023 година, откако Роберто Манчини изненадувачки замина за Саудиска Арабија. Клаудио Раниери, кој направи чуда со Рома минатата сезона, како и поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, кој е пред разделба со Ал-Наср, се сметаат за наследници на тренерот.

Read More

На официјалната прес-конференција пред мечот си Казахстан зборуваше голманот на нашата репрезентација Столе Димитриевски. Чуварот на мрежата на Валенсија кажа дека очекува поинаков меч од оној со Белгија, но мора да се биде крајно претпазлив и внимателен, без потценување на противникот. „Имавме долг пат, но подготвени сме. Имаме позитивна енергија од доаѓањето во Астана. Ние сме спремни да одиграме одличен меч како и со Белгија, фокусирани сме за она што ни следи тука. За мене секој меч е поинаков, нема да кажам дека доаѓаме да победиме во Казахстан со сигурност. Знаеме дека нема да биде лесно, мечот ќе биде доста поцврст и потежок за…

Read More

Шпанија и Португалија вечерва го играат финалето од овогодинешното издание во Лигата на нации. Старите добри познаници меѓусебно играле многу атрактивни и ефикасни натпревари, па затоа се надеваме дека така ќе биде и овој пат. Тимот на Португалија предводен од Кристијано Роналдо беше првиот што го крена овој трофеј откако се формираше натпреварувањето, а тоа потоа ѝ појде од рака и на Шпанија, што значи дека победникот вечерва ќе стане прв со две титули во Лигата на нации Португалците стигнаа до мечот за трофејот преку домаќинот на завршниот турнир Германија, додека Шпанија ја елиминираше Франција во полуфиналниот меч со дури девет погодоци (5:4).  Шпанија и селекторот…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува квалификациите за Светското првенство (СП) со гостување кај Казахстан во Астана, а УЕФА ги одреди делителите на правдата. Словаци ќе бидат на теренот и во ВАР-собата. Главен судија е Филип Глова, а ќе му помагаат Даниел Полачек и Петер Беднар. Четврти судија е Петер Кралович, а во ВАР-собата се наоѓаат Мартин Дохал и Борис Мархефка. Глова е судија кој оваа сезона судеше мечеви во Лига Европа, ги има шест, а еден судеше во Лигата на нациите помеѓу Велс и Црна Гора. Словакот ѝ има судено и на Македонија, а тоа е мечот против Англија во…

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Јувентус, ќе се обидат во текот на летото да го ангажираат дефанзивецот на Олимпик Марсеј, Леонардо Балерди, објавија денеска неколку медиуми во Италија. Аргентинскиот интернационалец има и италијански пасош и нема да пополни една од квотите за играчи кои доаѓаат надвор од Европската Унија. 26-годишникот е капитен на францускиот состав. Тој во четири сезони има реализирано 164 натпревари со ефект од 5 голови и 2 асистенции.

Read More

Фудбалскиот состав Рома официјално го објави назначувањето на Џан Пјеро Гасперини за тренер на клубот. Искусниот специјалист ќе има договор до летото во 2028 година и ќе го наследи Клаудио Раниери кој ќе добие нова улога во раководната гарнитура на „римската волчица“. Со тоа се потврдија најавите дека екс-тренерот на Аталанта сега ќе работи во Рим. – Добредојде, тренеру! Форца Рома“, напиша меѓу другото клубот во соопштението.

Read More

Федерико Киеза сака да остане во шампионскиот состав на Ливерпул уште една година иако не ја доби посакувната минутажа во првата сезона. Тој во интервју за „Кориере дело Спорт“ нагласи дека сите опции се отворени и дека наскоро ќе се сретне со претставници на раководството. Италијанецот е под договор до летото во 2028 година. Напаѓачот одигра само шест натпревари во Премиер лигата а постигна по еден гол во ФА Купот и Карабао Купот.

Read More

На 9-ти Јуни започнува престижниот и досега најголем пинг понг настан во Македонија – World Table Tennis Contender Skopje 2024. Пријавите доаѓаат од доминантната Кина, потоа Германија, Франција и други европски земји, и секако од Балканот, односно Словенија и Дарко Јоргиќ кој од оваа недела е меѓу првите 10 најдобри во Светот. Повеќе од 100 пинг понгари во понеделник, на 9 Јуни, ќе го донесат светскиот пинг понг во салата Јане Сандански во Скопје, а скопјани и цела држава ќе може бесплатно да ги следат натпреварите. Натпреварите започнуваат во 10 часот, секој ден од 9 до 15 Јуни и во…

Read More

Младиот 21-годишен Васко Василев кој е еден од нашите најдобри млади голмани, репрезентативец на Македонија до 21. години во следните три сезони ќе биде на голот на Работнички. Денеска раководството на клубот се пофали со ова големо засилување. Василев доаѓа од Гостивар, а претхoдно беше член на тимот на Рио Аве до 23, потоа Црвена Ѕвезда до 23 години, а потекнува од школата на Вардар. Ова значи дека, Игор Алексовски ќе прави трансфер во Влазнија, се чека само на официјален потпис и промоција во тој албански клуб што ќе се случи по завршување на обврските на Алексовски во репрезентацијa на…

Read More

Стефан Петриќ денес официјално беше претставен како нов ракометар на Охрид. 24-годишниот лев бек по две години поминати во тимот на Вардар 1961 потпиша за екипата на Охрид. Петриќ пред да направи трансфер во Македонија, беше дел од Партизан, а има настапи за сите младински категории за репрезентацијата на Србија. Бекот доаѓа по повредата на Орјоканидѕе, кој ќе отсуствува подолг период и во следната сезона. На оваа позиција Охрид за следната сезона веќе ги има Иванковиќ и Кукуловски. Левиот бек постигна дваесет гола во Европската лига, но во последно време играше помалку покрај Борозан и Хорига. На едно коло до крајот на…

Read More