Author: riste

Ливерпул гарантирано ќе плати до 135 милиони евра за потписот на Флоријан Вирц. Англискиот клуб конечно се договори за деталите од трансферот на играчот од средниот ред на Баер. Според Скај Спортс, „црвените“ ќе му платат на германскиот клуб фиксна сума од околу 130-135 милиони евра. Земајќи ги предвид бонусите, износот би можел да се искачи на 150 милиони евра. Еден од бонусите е освојување на Лигата на шампионите. Лекарскиот преглед на играчот од средниот ред е закажан за следната недела.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец Димитар Митровски од денеска и официјално е нов фудбалер на словенечкиот шампион Олимпија. Митровски кој сезоната ја заврши во екипата на Вараждин и тоа како еден од најдобрите фудбалери во хрватското првенство, утрово стави потпис на договор со Олимпија која ова лето ја очекуваат настапи во УЕФА Лигата на шампионите. Како што објавија од Олимпија, Митровски потпиша договор со словенечкиот првак до 2028 година. Според словенечките медиуми станува збор за рекорден трансфер во историјата на клубот, најверојатно за сума на обештетување од 1 милион евра за последната година од договорот на Митровски со Вараждин. 26-годишниот репрезентативец на…

Read More

Новото засилување на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, ја откри причината зошто одлучил да го носи своето име, а не презимето на дресот. „Доста е едноставно. Со текот на годините патувајќи низ Европа, забележав дека луѓето тешко го слушаат моето име. Тоа се три збора – Трент Александар-Арнолд – и сите ме нарекуваат различно: некои ме викаат Александар, некои ме викаат Арнолд, некои едноставно ме викаат Трент. Па затоа решив да поедноставам. Моето име е Трент – тоа ќе биде напишано на мојот дрес од сега па натаму. Нека сите ме викаат со тоа име“, изјави Трент за „АС“. Трент Александар-Арнолд се приклучи…

Read More

Македонската двојка Ивановски- Мицов донесе победа на нашата Девис Куп репрезентација во мечот против Молдавците во Третата група на Дејвис купот која се одржува во Скопје. Калин Ивановски и Стефан Мицов во три сета го решија молдавскиот предизвик, победувајќи го дуото Андреи Чиумак и Илија Снитари (2-1). Мечот траеше 2 часа и 16 минути, нашите тенисери го добија првиот сет со 6:4, а во вториот загубија во тај-брејк со 9-7 и со тоа молдавците израмнија на 1:1. Третиот решавачки сет го доби нашата двојка со 6:3 за победа на овој дуел, ни за триумф на Македонија против Молдавија со вкупер нрезултат 2:1.…

Read More

Победникот во Лигата на Европа оваа сезона , Тотенхем, постигна договор со Томас Франк за испразнетото менаџерско место во клубот, објавија медиумите во Лондон. 51-годишниот Данец го водеше тимот на Брентфорд, во последните седум сезони и е добро запознаен со Премиер лигата. Тој ќе го замени Ангелос Постекоглу, кој беше отпуштен и покрај тоа што го освои првиот трофеј на Тотенхем од 2008 година. Сепак, Спарси завршија на 17-то место во Премиер лигата минатата сезона, што го натера претседателот на клубот, Даниел Леви, да го отпушти Постекоглу. Франк има уште две години од договорот со Брентфорд, но британските медиуми наведуваат…

Read More

Новиот десен бек на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, ја одржа својата прва прес-конференција како играч на Реал Мадрид. На неа, тој беше прашан за многу интересни работи, давајќи му на својот поранешен тим Ливерпул она што го заслужува, но покажувајќи дека е целосно посветен на новиот предизвик. „Ова е денот што го чекав долго време. Возбуден сум што веднаш ќе почнам. Очигледно, да разјаснам, кога реков долго време, мислам на неколку недели, а не години. Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Многу сум среќен што сум тука“, рече Трент. Тој ќе го носи бројот 12 и очекувањата за него…

Read More

Министерството за спорт и Владата на Република Македонија одржаа свечена церемонија на која беа доделени Национални признанија на најуспешните македонски спортисти. Министерот Борко Ристовски и премиерот Христијан Мицкоски им дадоа признанија на повеќе спортски имиња кои оставија или оставаат трага во македонскиот спорт. Со национално спортско признание за врвни достигнувања во спортот ќе се стекнат: – фудбал: Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски- кошарка: Петар Наумоски, Перо Антиќ- ракомет: Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена…

Read More

Австралија го обезбеди своето место на Светското првенство со победа од 2:1 над Саудиска Арабија во Џеда, додека Оман ги одржа своите надежи за место во финалето по ремито 1:1 против Палестина во Јордан во нивните квалификации за Светското првенство 2006 во азиската зона. Австралијците требаше да избегнат пораз од пет гола за да го потврдат своето место на шестото Светско првенство по ред, а головите на Конор Меткалф во 42-та минута и Мич Дјук во 48-та минута ја обезбедија победата откако се вратија од негатива од 0:1 по голот на Абдулрахман Ал Обуд во 19-та минута. Во 85-та минута,…

Read More

Бразилската репрезентација официјално се квалификуваше за Светското првенство следната година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Ова стана факт откако Бразил минимално го победи Парагвај со 1:0. Единствениот гол за овоој успех го постигна Винисиус Жуниор. Ова беше прв успех за Бразил под водство на тренерот Карло Анчелоти. Винисиус постигна гол на крајот од првото полувреме по асистенција од новото засилување на Манчестер Јунајтед, Матеус Куња. Победата го помести Бразил на третото место во групата со 25 бода по 16 натпревари. Ова им гарантира место во Топ 6, што значи директен пласман за Светското првенство, кое ќе…

Read More

Вечерва на посебна свеченост по повод 2️⃣0️⃣-години постоење на Општина Бутел беа доделени посебни благодарници и признанија на граѓани за посебен придонес за развој и промоција на Општина Бутел. На свеченоста беа присутни голем број на спортисти, спортски работници , како и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претседателот на РФМ, Александар Стефанов заедно со многу спортисти. Исто така на свеченоста беа и градоначалници на други општини, пратеници и други.

Read More