Author: riste

Новиот тренер на Интер Кристијан Киву стана првиот тренер на Интер од 2016 година кој не победил на својот деби натпревар. Екипата на Интер предводена од Кристијан Киву одигра нерешено 1:1 со Монтереј во првото коло од групната фаза на Светското клупско првенство. Во ноември 2016 година, Стефано Пиоли одигра нерешено 2:2 со Милан во својот прв официјален натпревар како менаџер на Интер . Лучијано Спалети , Антонио Конте и Симоне Инзаги ги добија своите први натпревари на клупата на Интер. На 21 јуни, Интер ќе се сретне со Урава Ред Дајмондс и тоа ќе биде нова можност Киву да…

Read More

Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, може да ја продолжи кариерата во шпанското првенство. Според „Кориере дело Спорт“, Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за 27-годишниот нигериски фудбалер и има намера да конкурира за неговиот трансфер со Наполи. Според изворот, Аталанта ја задржува претходната проценка на напаѓачот на 60 милиони евра и не планира да ја намали бараната сума. Минатата сезона во италијанското првенство, Лукман одигра 31 натпревар, постигна 15 гола и имаше пет асистенции. Неговиот договор со Аталанта е до летото 2027 година, а неговата вредност се проценува на 60 милиони евра.

Read More

Флорида Пантерс се старо-новите шампиони на Националната хокеарска лига на САД и Канада. Флорида ги победија Едмонтон со 5:1 и ја затворија финалната серија со 4-2 во победи. На овој начин, Флорида стана десеттиот тим со последователни титули во НХЛ и првиот по Тампа Беј во сезоната 2020/21. Повторувањето на минатогодишното финале им понуди многу емоции на навивачите, но во последните два натпревари, хокеарите на Флорида ја покажаа својата супериорност. Синоќа Флорида ги доби сите периоди и заслужено го освоија Стенли Купот по втор пат во својата историја. Сем Бенет од Флорида беше избран за најкорисен играч во плејофот, откако…

Read More

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија го доби противникот во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите. Шкендија беше меѓу неносителите, а на ждрепката имаа среќа и го извлекоа можеби најлесниот ривал од првиот сад на носителите. Тоа е екипата на ТНС од Велс, со кого веќе еднаш имаат играно во еврокуповите. Тоа беше во 2018 година, кога Шкендија во Скопје ги надигра противниците и ги совлада со 5:0, што е една од највисоките евро-победи на македонските тимови, додека во Велс, домаќинот изненади и победи со 4:0. Првите натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите се закажани на 8 и 9 јули, додека реваншните се на 15…

Read More

Милан и Јувентус ја разгледуваат можноста за интересен договор во кој Тео Ернандез и Душан Влаховиќ би можеле да си ги заменат клубовите ова лето. Според „СпортМедијасет“, двата гиганти веќе имале почетни разговори за потенцијален трансфер. Двајцата играчи би можеле да бидат продадени во летниот преоден рок, бидејќи нивните договори истекуваат во 2026 година, а преговорите за нивно продолжување се во застој. Тео Ернандез е сè подалеку од долгорочните планови на „росонерите“, додека Влаховиќ сè уште не постигнал договор со Јуве за нов договор. Масимилијано Алегри, кој се враќа на чело на Милан, е голем обожавател на квалитетите на српскиот…

Read More

Италијанската легенда Филипо Инзаги официјално е назначен за нов тренер на Палермо. Тој го заменува Алесио Дионизи, кој беше отпуштен по завршувањето на сезоната во Серија Б. Сицилијанскиот клуб напиша дека договорот на Инзаги е долгорочен, без да го прецизира точниот рок. Пипо Инзаги ќе се обиде да однесе трет клуб во Серија А. Минатата сезона го направи тоа со Пиза. Од клубот се надеваа дека ќе го задржат за учество во италијанската елита, но тој го избра проектот Палермо. Во 2020 година, Инзаги исто така освои промоција со Беневенто.

Read More

Македонската кошаркарска федерација денеска го претстави Марјан Илиевски за нов селектор на националниот тим во машка конкуренција. Тој официјално ја презеде селекторската функција, на која доаѓа на местото на Александар Јончевски. „Затекнати сме во една ситуација која е неблагодарно да говориме каква е, затоа што не можеме да го коментираме тоа сега. Сите сме дојдени на ова место да одговориме за она кое треба да биде во иднина. Сето она кое јас го очекувам, како од себе, од мојот стручен тим, од медиумите и клубовите кои треба да се голем фактор во создавање на оваа селекција, е да бидеме вклучени,…

Read More

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за голманот на Аталанта, Марко Карнезеки, објавува „Кориере дела Сера“. Според извор, раководството се обидува да го продаде голманот Андре Онана ова лето и сака да најде достојна замена за него, па Рубен Аморим го насочил вниманието кон 24-годишниот Карнезеки. Аталанта е подготвена да го пушти Италијанецот за околу 45 милиони евра. Карнезеки одигра 44 натпревари во сезоната 2024/25, прими 45 гола и 18 пати ја зачува својата мрежа. Неговиот договор со Аталанта е до летото 2028 година.

Read More

Додека Јувентус е зафатен со подготовка на својот летен состав, тие исто така го финализираат еден од нивните клучни договори надвор од теренот – долгорочно продолжување на нивниот договор со гигантот за спортска облека „Адидас“. Според медиумите од Италија, новиот договор ќе ги поврзе двете страни до 2038 година. „Адидас“ е снабдувач на опрема на „бјанконерите“ од почетокот на сезоната 2015/16, заменувајќи го тогашниот партнер „Најк“. Првичниот договор помеѓу клубот и германската компанија беше потпишан во 2013 година и стапи на сила во јули 2015 година. Првиот договор беше важечки до 2021 година, но потоа беше продолжен – прво до…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, би можел да ја продолжи кариерата во италијанското првенство. Според веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио, Наполи покажува интерес за 25-годишниот крилен напаѓач. Санчо играше за Челзи како позајмен играч минатата сезона. Одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 5 гола и 10 асистенции. Според информациите, пазарната вредност на играчот е 28 милиони евра. Наполи ја освои титулата во Серија А минатата сезона, а италијанскиот клуб претходно го потпиша поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин.

Read More