Author: riste

Милан објави на својот официјален профил на социјалната мрежа X дека напаѓачот Жоао Феликс и крилниот напаѓач Рикардо Сотил го напуштаат клубот поради истекување на нивните договори за позајмица. Феликс им се придружи на „росонерите“ од Челзи во февруари 2025 година. Во овој период, тој одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и запишувајќи една асистенција. Сотил беше позајмен во Милан од Фиорентина. Италијанскиот фудбалер одигра осум натпревари за црвено-црните, но не постигна гол. На крајот од минатата сезона, Милан го освои осмото место во Серија А.

Read More

Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски не ја помина последната пречка пред финалето на ИТФ фјучрсот во Загреб. Македонскиот тенисер загуби од Мирза Башиќ со 2:0 во полуфиналната средба. Дуелот во Загреб понуди огромна борба и по израмнетиот почеток Босанецот направи прв брејк во петтиот гем и го доби првиот сет со 6:4. Вториот сет беше доста поизрамнет и неизвесен. Македонскиот тенисер играше подобро, но Башиќ со идентичен резултат го доби и вториот сет 6:4 и дојде до победа од 2:0 во сетови.  Ова беше доста добар настап на Калин Ивановски на турниропт во Загреб што покажува дека полека се враќа…

Read More

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Ал-Наср и тоа на 40-годишна возраст. Како што пишува „beIN Sports“, платата на Кристијано останала иста – 200 милиони евра по сезона. Одржувањето на неговите приходи на таква возраст е исто така достигнување. Постојат извештаи за 400 милиони (поделени на 1,1 милион дневно и 13 евра во секунда) што се шират низ социјалните мрежи, но нема докази што го поткрепуваат ова. Дури и без ова, Роналдо е најплатениот спортист во светот. Ал-Наср првично сакаше едногодишен договор, но му дозволија на Португалецот сам да одлучи. Тој доби сè што сакаше. Роналдо нема…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, постигна извонреден гол во победата на клубот од 5:2 над Јувентус во групната фаза од Светското клупско првенство. Норвежанецот го започна натпреварот на клупата, но влезе на полувремето кога Сити водеше со 2:1. На Халанд му беа потребни само седум минути за да постигне гол. Тоа беше неговиот 300-ти гол во кариерата, а го достигна ова по одиграни 371 натпревари. За Манчестер Сити, Халанд има 123 гола на 145 натпревари, додека за неговиот претходен тим Борусија Дортмунд, статистиката покажува – 86 гола на 89 натпревари. За Молде има 20 гола, додека за Ред Бул…

Read More

Македонскиот тенисер Горазд Србљак го предаде мечот од првото коло на ИТФ фјучрсот М15 Загреб против седмиот носител Никита Маштаков од Украина. Во моментот на прекин резултатот беше 1-1 во сетови и по пет одиграни гемови 4:1 во гемови за противникот. Србљак го доби првиот сет со 6.4 во гемови, иако противникот почна со водство од 2:0, но македонскиот тенисер направи пресврт и поведе со 4:2 и предноста ја имаше и накрајот на првиот сет. Во вториот сет под 2:1 за Србљак, Маштаков дојде до предност од 4:2 и успеа да изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет во…

Read More

Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски денеска во рамките на Европското тимско првенство во Марибор, Словенија, успеа да го собори еден од најстарите национални рекорди на Македонија. Стефановски во натпреварите во скок со стап успеа да прескокне 4 метри и 5 сантиметри и да го собори рекордот кој датираше од далечната 1968 година. Стефановски со овој резултат го освои високо 5-то место и големи 11 бодови за Македонија.

Read More

Уругвајскиот напаѓач на Ливерпул, Дарвин Нуњез, се согласил на личен договор со Наполи, објави познатиот новинар и инсајдер Николо Шира на социјалната мрежа X. Според изворот, напаѓачот се согласил на договор до 2030 година со плата од 5 милиони евра. Се забележува дека Наполи продолжува со преговорите со Ливерпул во врска со трансферот на Дарвин. Самиот фудбалер одбил неколку понуди од Саудиска Арабија, бидејќи сака да остане во Европа. Дарвин Нуњез минатата сезона одигра 30 натпревари во Премиер лигата, постигна пет гола и имаше две асистенции, а во Лигата на шампионите беше запаметен по непрецизниот пенал во реваншот од 1/8 финалето против…

Read More

Суперѕвездата Нејмар официјално го продолжи договорот со Сантош, објави бразилскиот клуб. 33-годишниот напаѓач ќе остане во својот матичен тим барем до крајот на 2025 година, а договорот вклучува опција за продолжување. „Каде што сè започна. Каде што никогаш нема да заврши“, напиша Сантош во соопштението со кое го објави новиот договор. Бразилскиот репрезентативец се врати во клубот кон крајот на јануари оваа година и оттогаш има 12 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола. Нејмар е производ на академијата на Сантош и го имаше своето деби за првиот тим во 2008 година пред да се пресели во Барселона во 2013…

Read More

По Андреас Трајковски кој триумфираше во скок во далечина и најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски оствари победа за Македонија на Европското тимско првенство во Марибор, Словенија во рамките на 3-тата дивизија. Тој беше најбрз на трката на 5.000 метри за втора победа на Македонија на првенството. Ивановски ја заврши трката со време од 14:04,06 минути, што е негов најдобар резултат во оваа сезона.

Read More

Еден од нашите најдобри атлетичари, Андреас Трајковски одлично го отвори европскиот тимски атлетски шампионат во третата дивизија во Марибор, Словенија. Тој во дисциплината скок во далечина оствари резултат од 7 метри и 83 сантиметри со што и донесе на Македонија прво место во оваа дисциплина. Се работи за екипно настапување, па Трајковски на нашиот национален тим му донесе 15 поени. Ова натпреварување ќе трае и утре, а Македонија има 24 претставници вкупно по 12 во двете категории, машка и женска.

Read More