Арсенал постигна договор со младинскиот репрезентативец на Шпанија, Кристијан Москера. Дефанзивецот на Валенсија се договорил за личните услови со „топџиите“, но двата клуба сè уште разговараат за цената. Лондончани веќе понудија 14 милиони евра, што беше одбиено од Валенсија. Арсенал сега подготвува втора понуда. Тие очекуваат шпанскиот клуб да прифати понуда од околу 20 милиони евра. Москера е младински репрезентативец на Шпанија. Минатата сезона одигра 41 натпревар за Валенсија, постигнувајќи еден гол. Неговиот договор е со важност уште една година.
Author: riste
Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Холандија која се возеше на патеката во Асен. Неговиот брат Алекс имаше пад на почетокот на трката, а подоцна беше објавено дека се здобил со скршеница на левата рака. На подиумот место имаше уште за Марко Бечеки од Априлија и Франческо Бањаја од Дукати. Меѓу првите десет завршија уште Акоста, Вињалес, Ди Џанантонио, Морбидели, Фернандез, Бастијанини и Куартараро. Ова беше 68-ма победа во Мото ГП во кариерата за Марк Маркез, оставајќи го пред него само легендарниот Валентино Роси кој има 89. Ж Следната трка од Мото ГП шампионатот е во…
Арсенал го обнови интересот за напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман (27), објавија дел од медиумите во Англија. Лондонскиот клуб го следеше Нигериецот од летото 2024 година. Според изворот, италијанскиот клуб бара 45-50 милиони евра за Лукман. Самиот фудбалер би сакал повторно да се испроба во англиската Премиер лига, каде што претходно играше за Евертон. Минатата сезона, Лукман одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и седум асистенции. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2027 година. Според информациите пазарната вредност на играчот е 60 милиони евра.
Бразилецот Каземиро одлучи да остане во Манчестер Јунајтед, открива „Мирор“. 33-годишниот играч од средниот ред е заинтересиран да биде дел од репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во 2026 година и верува дека ако игра во Премиер лигата, неговите шанси да биде во составот на Карло Анчелоти се доста големи. Покрај тоа, тој беше пофален од италијанскиот тренер по двата натпревари на Бразил на почетокот на јуни. Потоа Каземиро играше за Бразил во квалификациите за Светското првенство против Еквадор (0:0) и Парагвај (1:0). За него, ова беше негов прв повик во Бразил од октомври 2023 година.
Потенцијалниот трансфер на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд во Интер е на работ на пропаст, бидејќи „нероаѕурите“ не се подготвени да ја платат сумата од 72 милиони фунти (84,2 милиони евра) за играчот и бараат напаѓач на друго место, објави „Мирор“. Според изворот, Интер е насочен кон напаѓачот на Парма, Анже-Јоан Бони , кој ќе ги чини 20 милиони фунти (23,4 милиони евра). Италијанскиот гигант е подготвен да му обезбеди повеќе време за игра на својот 20-годишен напаѓач Франческо Пио Еспозито , кој игра за Специја како позајмен од 2023 година. Сепак, се нагласува дека Интер може да му понуди на Хојлунд едногодишна позајмица.
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, имаше убедливо најдобар резултат на квалификациите за Големата награда на Австрија во Формула 1, а со тоа ја обезбеди својата трета пол-позиција оваа сезона. Британецот оствари импресивно време, за дури половина секунда побрзо од второпласираниот Шарл Леклер од Ферари, кој успеа да ги раздели двата болиди на Мекларен. На третото место заврши Оскар Пјастри, кој досега има четири пол-позиции – најмногу оваа сезона. Актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул, имаше лоши квалификации и затоа ќе мора да стартува од седмата позиција. Изненадување во овие квалификации направи младиот Бразилец Габриел Бортолето од тимот на Заубер,…
Наполи се договори за уште едно засилување. Шампионот на Италија постигна договор со ПСВ Ајндховен за Ноа Ланг, пишува Џанлука Ди Марцио. Договорот меѓу двата клуба ќе биде финализиран следната недела. Италијанскиот шампион ќе плати 25 милиони евра за крилниот напаѓач, а уште пет милиони евра ќе бидат издвоени како бонуси. Самиот играч веќе ги договорил личните услови со Наполи. Тој ќе потпише петгодишен договор, заработувајќи 2,5 милиони евра по сезона. 26-годишниот холандски репрезентативец ќе го напушти ПСВ по две сезони поминати во клубот, откако дојде од Клуб Бриж.
37-годишниот Николас Отаменди го продолжи договорот со Бенфика за уште една сезона, објави клубот. Аргентинскиот дефанзивец игра за португалскиот гигант од летото 2020 година. Минатата сезона, тој одигра 31 натпревар во португалското првенство, постигнувајќи 6 гола и 2 асистенции. Отаменди е капитен на Бенфика и се чини дека ќе ја заврши кариерата во клубот.
Оливие Жиру си заминува од ФК Лос Анџелес по разочарувачката година со клубот од МЛС лигата. 38-годишниот фудбалер и ФК Лос Анџелес ја објавија одлуката преку социјалните медиуми. Тој ќе го игра својот последен натпревар во недела дома против Ванкувер. Постигнувајќи само пет гола во 37 натпревари, Жиру ќе стане слободен агент по неговото заминување. Се очекува тој да се приклучи на Лил, кој минатата сезона заврши на петтото место во француската лига. „Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи, моите соиграчи и персоналот на клубот што го направија овој период од мојата кариера толку пријатен. Среќен сум што…
Пари Сен Жермен ќе ја плати целосната сума за трансферот на Бредли Баркола на Олимпик Лион во обид да го спаси клубот од испаѓање од Лига 1 поради финансиски проблеми. Лион испадна во втората лига поради лошата финансиска состојба. Според француските медиуми, раководството на ПСЖ одлучило веднаш да ја плати целосната сума од 45 милиони евра за Баркола. Напаѓачот се приклучи на ПСЖ во летото 2023 година, а договорот за него вклучува плаќања на рати во текот на неколку години. ПСЖ одлучи да го промени тоа во обид да му помогне на својот противник кој се бори за останување во…
