Македонија следната натпреварувачка сезона во Европската лига на ЕХФ ќе има најмалку еден претставник, затоа што Вардар 1961 профитираше од „вајлд-картата“ на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите и доби директно место во групите. „Црвено-црните“ со второто место на табелата чекаа епилог што ќе биде со шампионот на Македонија, а откако тој е позитивен, тоа ги израдува и „црвено-црните“. Вардар 1961 ќе биде директно во групите на Европската лига на ЕХФ. Се чека на статусот со Алкалоид, кој како освојувач на Европскиот Куп на ЕХФ може да игра исто така директно во Европската лига на ЕХФ. Тимот од Автокоманда побара…
Author: riste
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, затоа што ЕХФ го потврди како еден од учесниците во елитата со доделување на „вајлд-карта“. Директни учесници во Лигата на шампионите: Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Спортинг Лисабон, ПСЖ, Веспрем, Алборг, Загреб, Висла Плоцк и Динамо Букурешт Добитници на „вајлд-карта“: Еурофарм Пелистер, ПИК Сегед, Нант, Киелце, ГОГ Гудме, Колштад Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 ќе се одржи во петок, 27 јуни, со почеток од 15:00 часот во Виена. Во оваа фаза ќе учествуваат 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи по осум тимови. Еурофарм Пелистер ќе ја стартува новата европска сезона на…
Реал Мадрид е подготвен да размисли за продажба на крилниот напаѓач Родриго, под услов да добие понуда од околу 90 милиони евра, објави „Кадена СЕР“. Клубот планира да ги искористи средствата за да го купи играчот од средниот ред на барање на главниот тренер Чаби Алонсо . Лондонски Арсенал покажа интерес за Родриго, но самиот Бразилец има намера да побара други опции. Познато е дека Манчестер Сити го следи 24-годишниот крилен напаѓач. Минатата сезона, Родриго одигра 51 натпревар во сите турнири, постигнувајќи 14 гола и 10 асистенции. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2028 година. Според информациите пазарната…
Јувентус го обнови својот интерес за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, објави „Скај Спорт Италија“. Торинскиот гигант му се придружи на Наполи во трката за поранешниот англиски репрезентативец, отворајќи прелиминарни разговори со неговиот клуб. 25-годишникот ја помина минатата сезона на позајмица во Челзи, а сега се врати на „Олд Трафорд“. Тој постигна пет гола и имаше десет асистенции во 41 натпревар во сите натпреварувања за Лондончани, кои одлучија да платат надомест за да избегнат активирање на нивната задолжителна откупна клаузула. Јувентус веќе беше во преговори за Санчо пред една година кога Кристијано Џунтоли беше задолжен за трансфери во…
Ливерпул постигна договор со Бурнмаут за трансфер на 21-годишниот лев бек Милош Керкез , објави Дејвид Орнштајн од „Атлетик“. Според изворот, „Ливерпул ќе плати 40 милиони фунти (46,8 милиони евра) за унгарскиот фудбалер. Договорот е во фаза на формализирање. Се очекува Керкез следната недела да ги помине медицинските прегледи, по што ќе потпише петгодишен договор со Ливерпул. Минатата сезона, Керкез одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и шест асистенции. Тековниот договор на играчот со клубот е со важност до летото 2028 година. Според информациите пазарната вредност на играчот е 45 милиони евра.
Њукасл подготвува понуда за 27-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд , објави „Сан“. Според изворот, од Њукасл сакаат да го позајмат англискиот фудбалер, додека „црвените ѓаволи“ сакаат да направат целосен трансфер. Њукасл е уверен дека Рашфорд ќе може да ја оживее својата кариера во нивниот клуб. Самиот напаѓач сонува да се пресели во Барселона, но „Каталонците“ не покажуваат интерес за играчот. Минатиот февруари, Рашфорд се приклучи на Астон Вила како позајмен играч. Во овој период, тој одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и шест асистенции. Тековниот договор на играчот со Манчестер Јунајтед е до летото 2028 година.
Арсенал е подготвен да финализира нов долгорочен договор за младата ѕвезда Мајлс Луис-Скели во обид да го одбие интересот од Реал Мадрид и да ги обезбеди услугите на еден од своите најперспективни млади таленти. Според познатиот новинар Чарлс Вотс, се е веќе договорено и се очекува официјално соопштение во наредните денови. „Топџиите“ реагираат брзо откако силната дебитантска сезона на 18-годишниот лев бек го привлече вниманието на Реал Мадрид. Според „Атлетик“, новиот договор ќе вклучува значително зголемување на платата, што го прави Луис-Скели еден од најплатените млади играчи во светот. Луис-Скели се етаблираше како еден од најимпресивните млади таленти на Англија…
Федерацијата на училишен спорт на Македонија денес избра нов претседател – и за првпат во својата историја, на чело на организацијата застана жена. За нова претседателка е избрана Елена Мицковска, долгогодишен спортски работник која успешно извршувала бројни значајни функции во спортот, како и во делегациските структури. Таа е поранешна кошаркарска репрезентативка со богато искуство и посветеност кон спортот на сите нивоа. „Овој избор претставува значаен чекор кон унапредување на родовата еднаквост, современо и инклузивно управување, како и транспарентно водење на Федерацијата. Со изборот на Мицковска започнува ново поглавје, исполнето со визија, интегритет и посветеност кон напредокот на спортот и благосостојбата…
Младата македонска ракометна репрезентација испушти огромна шанса за да ја забележи првата и можеби најзначајна победа на Светското првенство, откако испушти предност од пет гола на полувремето и загуби од селекцијата на Романија со резултат 28:27. Првото полувреме започна со наизменично на водството на двете селекции, Романците беа подобри во воведните минути, но потоа избраниците на Раде Стојановиќ заиграа далеку подобро во одбраната и успеаја да направат две добри серии, со кои се направија разлика која на крајот на првиот дел беше пет погодоци позитива (17:12). Романија не се предаваше лесно, се одржуваше на пристојна негатива, а потоа следуваше мала криза во…
Македонскиот ракометен суперлигаш Вардар во петок треба да го промовира Иван Чупиќ за нов тренер на тимот. Денеска од клубот се пофалија со ново име во стручниот штаб, легендарниот хрватски голман Марио Келентриќ, кој ќе биде новиот тренер на голманите на сениорскиот тим. Вардаровите фанови се во исчекување на промоцијата на наследникот на Милано, како и на назначување на нов спортски директор.
