Author: riste

Победникот на Купот на Република Ирска, Дрогеда, ја загуби жалбата пред Арбитражниот суд за спорт (CAS) и нема да игра во Конференциската лига следната сезона, објавија медиумите од Ирска. Причината за одлуката на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) е судир на интереси. Сопственик на Дрогеда и данскиот Силкеборг е американската инвестициска компанија Тривела Груп, а УЕФА забранува учество на клубови под заедничка контрола во исто натпреварување. „CAS“ денес пресуди против Дрогеда и затоа тимот од Република Ирска нема да игра во европските клупски натпреварувања. УЕФА сè уште не објавила дали местото на овој клуб ќе го заземе друг, а ждрепките за…

Read More

Левото крило на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, се согласи на личен договор со Барселона, објави новинарот Николо Шира на своите социјални мрежи. Претходно беше објавено дека Барселона одлучила да ја активира опцијата за откуп на 22-годишниот шпански крилен напаѓач, плаќајќи ја потребната отштета за играчот. Оваа информација ја објави добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо. Нико има тековен договор со клубот од Билбао до 2027 година. Вкупно, во текот на својата кариера на клупско ниво, помладиот Вилијамс одигра 167 натпревари во сите натпреварувања, постигна 31 гол и направи 30 асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 70 милиони евра.

Read More
NBA

Кошаркарите на Оклахома Сити поведоа против Индијана со 3:2 во финалето на НБА лигата и дојдоа на чекор од првата титула во клупската историја откако се преселија во Оклахома. Петтиот меч заврши со победа на Оклахома од 120:109, а заслужни за тоа беа Џејлен Вилијамс со 40 (личен плејоф рекорд) и Шај Гилџес-Александер со 31 поен и 10 асистенции. Уште од Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг кога играа заедно за Кливленд, не беше видено во големо финале двајца соиграчи да имаат еден 40, друг 30+ поени. Оклахома имаше одличен процент на реализација со погодени 14 тројки. Кај Индијана лош настап…

Read More

Матијас Алмеида е новиот тренер на Севиља, објави шпанскиот клуб. Поранешниот играч од Андалузија потпиша тригодишен договор. Алмеида помина една сезона на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во 1996 година по неговиот трансфер од Ривер Плата. После тоа, Аргентинецот ги водеше екипите на Парма, Лацио и Интер. 51-годишниот специјалист беше на чело на АЕК во текот на последните две првенства. Во својата прва сезона со оваа екипа, Алмеида ја освои титулата и Купот на Грција. Севиља се спаси од испаѓање во Втора дивизија под водство на тренерите Гарсија Пимиента и Хоакин Капарос, кои последователно го водеа тимот минатата сезона. Минатиот месец,…

Read More

Напаѓачот Един Џеко постигна усмен договор со италијанската Фиорентина и ќе потпише едногодишен договор, објавија италијанските медиуми. Болоња беше другиот тим кој беше во трка за потписот на босанскиот фудбалер, но се чини дека понудата на „виолетовите“ беше подобра. Според неофицијалните информации за договор од една година Џеко ќе добие нето плата од 1,5 милиони евра. Во последните две години, Џеко играше за турскиот тим Фенербахче, но неговиот договор истекува и тој ќе биде слободен агент на крајот од месецот. Во сезоната 2024/2025, Џеко одигра 35 натпревари во турското првенство, постигнувајќи 14 гола и четири асистенции. Фудбалерот исто така настапуваше…

Read More

Египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид е нов член на Еурофарм Пелистер. 26-годишниот пивотмен се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во Македонија доаѓа од првакот на Турција, Бешикташ. Корпулетниот Калес Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп. Со најдобрата африканска репрезентација има постојан раст, откако влезе во кругот на националниот тим пред неколку години. Официјалното претставување на Калес Валид ќе биде на стартот на подготовките за новата сезона кое ќе биде следниот месец во Битола.

Read More

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го затвори случајот за неодиграниот реванш натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина, кој требаше да се одигра во Скопје. По детална анализа на настаните, ЕХФ изрече санкции за двата клуба. Македонскиот претставник РК Алкалоид доби парична казна од 5.000 евра поради тоа што не успеа да обезбеди доволен контингент билети за гостинските навивачи, што е обврска согласно пропозициите на ЕХФ. Очекувано многу посериозни казни доби грчкиот тим. АЕК е казнет со 20.000 евра затоа што не се појави на натпреварот во Скопје, со образложение за наводни безбедносни ризици. Дополнително, ЕХФ…

Read More

Изминантите неколку денови кајакарите од неколку наши клубови учествуваа на еден од Европските јуниорски купови во кајак слалом кој се одржа ва Валстања (Италија). Младите кајакари од клубовите Вардар (Велес), Бабуна (Велес) и Илинден 90 (Скопје) беа дел од ова натпреварување кое се одржа изминатиот викенд, а на кое учествуваа околу 350 кајакари од 20 земји од Европа. Кристијан Смилев од Бабуна (Велес) беше најдобар во категоријата до 16 години и го освои првото место, додека првото место во својата категорија до 23 години го освои и нашиот најдобар кајакар Ангел Петрушев од Вардар (Велес). Добар настап и пласман…

Read More

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер ќе настапи на завршницата во Лигата на шампионите, каде најдобрите 4 млади екипи од Европа ќе се сретнат како увертира на Ф4-турнирот во Келн. Пелистерци во полуфиналето играат со ГОГ Гудме од Данска, а тренерот Фарук Мемиќ ги сподели импресиите и очекувањата за овој настан. „За Келн се подготвувавме постојано благодарение на добрите услови што ни ги обезбедува нашиот клуб. Ние имаме свој начин и систем на игра, така да сме подготвени на предизвиците пред секој противник. Нормално дека има посебна емоција и возбуда кај секого во нашиот тим, меѓутоа одиме мирно и сталожено до…

Read More

Англискиот напаѓач Маркус Рашфорд донесе конечна одлука за својата иднина. Фудбалерот им кажал на агентите дека сè што сака е да го напушти Манчестер Јунајтед и да се приклучи на Барселона, објави „Ел Насионал“. Договорот на Рашфорд им припаѓа на „Црвените ѓаволи“, а минатата сезона напаѓачот играше за Астон Вила како позајмен играч. Претходно беше објавено дека Барселона ги ценат намерите на англискиот фудбалер, но го сметаат крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз, како приоритетна опција за засилување на нападот. Самиот Рашфорд наводно е подготвен да ја чека одлуката на Барселона за неговата иднина во текот на јуни. Во исто време, неколку…

Read More