Author: riste

УЕФА ја предупреди владата на Обединетото Кралство дека Англија ризикува да го пропушти кодомаќинството  на Евро 2028 доколку премиерот Кир Стармер продолжи со плановите за формирање регулатор во машкиот фудбал, објавија британските медиуми. Во писмото до министерката за култура Лиза Нанди, добиено од Тајмс и Би-Би-Си, генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис, рече дека не треба да има „владино мешање во водењето на фудбалот“. Според писмото, Теодоридис предупредил на плановите наведени во говорот на кралот да му се даде на новиот регулатор овластување да ги надгледува клубовите во најдобрите пет лиги во Англија, велејќи дека независноста на играта е „фундаментален…

Read More

Лондонски Челзи и официјално го објави продолжувањето на договорот со 23-годишниот напаѓач Николас Џексон до 2033 година. Претходниот договор важеше до летото 2031 година. „Ова е само почеток. Челзи со задоволство објавува дека Николас Џексон потпиша нов договор до 2033 година“, се вели во соопштението на прес-службата на клубот на социјалната мрежа Х . Сенегалскиот фудбалер минатото лето се пресели во лондонскиот клуб од Виљареал. Во овој период во сите турнири учествуваше на 47 натпревари на кои постигна 18 гола и седум асистенции. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на 23-годишниот фудбалер е 35 милиони евра.

Read More

Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати е подготвен да се врати во игра по едногодишно отсуство од терените, пишуваат во Шпанија. „Каталонскиот“ фудбалер се повреди во август минатата година и оттогаш нема настап на официјален натпревар. Сепак, тоа може да се промени викендот кога Барселона ќе се соочи со Џирона. За време на летниот преоден рок Фати се наоѓаше пред трансфер во друг клуб, но новиот тренер на тимот Ханзи Флик лично инсистираше тој да остане. Се чини дека младиот играч на Барса е дел од плановите на Флик и ќе игра важна улога во тимот на Барса по кошмарот што…

Read More

Турскиот клуб Хатајспор постигна договор со играчот од средниот ред на Вердер Бремен, Наби Кеита, објавија турските медиуми. Договорот се очекува да биде финализиран денеска кога ќе се затвори преодниот рок од турската Суперлига. Поранешниот играч на Ливерпул не се вклопува во плановите на тренерот на Вердер Бремен, Оле Вернер и слободно може да си замине. Кеита нема одиграно ниту еден натпревар за тимот од почетокот на сезоната. На крајот од минатата сезона тој се вклучи во сериозен скандал, по што беше отстранет од тимот. Играч од Мали одби да отпатува на гостувањето кај Баер Леверкузен откако увиде дека нема…

Read More

Пропадна трансферот на полскиот интернационалец Никола Залевски од Рома во Галатасарај, објавија медиумите во Италија. Од Рома не ја прифатија понудата на турскиот гигант вредна 8 милиони евра плус уште 2 во вид на бонуси, како и процент од идните продажби. Галатасарај му понуди на Залевски плата во висина од 2 милиони евра, а тој исто така не се согласи со овие услови. Подобрената понуда беше 500.000 илјади евра, но и тоа малку му се чинеше на фудбалерот. Рома се согласи да го продаде Залевски по потпишувањето на Алексис Салемакерс, кој може да игра на левата страна, но сепак нема…

Read More

Ѕвездата на Барселона Ламин Јамал нема намера да го напушти клубот. Младиот фудбалер рече дека сака да стане легенда на Каталонците. „Не сакам да платат 120 милиони за мене, бидејќи тоа би значело заминување од Барселона. Се надевам дека ова никогаш нема да се случи. Сонувам да станам легенда на Барселона“, изјави Јамал. Офанзивниот фудбалер ги прокоментира и споредбите со Лионел Меси. „Ми се допаѓа што ме споредуваат со најдобриот фудбалер во историјата, но јас сакам да бидам свој. Да се ​​достигне нивото на Меси е невозможно“ рече Јамал.

Read More

Играчот за врска на каталонскиот гигант Барселона, Гави, се врати на тренинзите со главната група играчи. Ова го објави прес-службата на клубот на социјалните мрежи. Познато е дека во ноември 2023 година Гави доби повреда на коленото како дел од шпанската репрезентација и беше надвор од терените до крајот на сезоната. Минатата сезона Гави одигра 15 натпревари, постигна два гола и даде една асистенција. Претходно, во медиумите се појави информација дека тренерерот Ханс-Дитер Флик внимателно го следи развојот на ситуацијата и позитивно го оценува талентот и карактерот на Гави, сметајќи го за најважниот дел од неговиот проект. Да потсетиме, Барселона во првите…

Read More

Правниот комитет на Француската професионална фудбалска лига (ЛФП) му наложи на ПСЖ да му плати на поранешниот напаѓач на францускиот гигант Килијан Мбапе 55 милиони евра заостанати плати. Ова го пренесува францускиот „Le Parisien“. Според изворот, парискиот клуб мора да му ја плати оваа сума на Мбапе во рок од осум години. Да потсетиме, Мбапе претходно бараше од ПСЖ да му исплати плати и бонуси за април, мај и јуни 2024 година. Вчера, 11 септември, Правниот комитет на ЛФП ги повика страните да го решат проблемот со долгот вонсудски, но францускиот фудбалер одби. Мбапе играше за ПСЖ од 2018 година. Минатото лето…

Read More

Шпанската Ла Лига ги објави ограничувања на платите за играчите и стручниот штаб за клубовите од првата и втората лига на Шпанија по крајот на летниот преоден рок. Ограничувањето на трошоците вклучува фиксни и променливи плати, социјално осигурување, придонеси за колективно осигурување, трошоци за трансфер вклучувајќи провизии за агенти и амортизација. Реал останува лидер по овој показател – мадридскиот клуб може да потроши 754,9 милиони евра за плати. На крајот од зимскиот преоден рок, плафонот за трошење на Реал Мадрид беше 727,45 милиони евра. Барселона е на второ место по лимитот за плата – од јануари максималните можни трошоци на…

Read More

Фудбалерот Родриго Бентанкур се соочува со обвинение откако во јуни, на социјалните мрежи кружеше видео во кое е уругвајскиот играч од средниот ред на Тотенхем одговори на прашање на ТВ водителот кој побара дрес од неговиот соиграч, Сон. „Сон ? Може да биде тоа дрес и на братучедот на Сон. Сите изгледаат исто“, одговори Родриго Бентанкур. Бентанкур потоа му се извини на Сон на социјалните мрежи. Играчот од средниот ред на Тотенхем е обвинет од Фудбалската асоцијација за „непримерно однесување“ и употреба на „етнички или расно навредлив или погрден јазик“. Исто така објавено е дека Бентанкур има рок до 19…

Read More