Фудбалската репрезентација на Македонија остана на иста позиција на најновата ФИФА-листа која е објавена денес за месец септември. Нашиот национален тим по двете средби со Фарски Острови и Ерменија, еден нерешен резултат и победа, остана на 72. место на рангирањето на ФИФА. Пред Макеоднија е селекцијата на Исланд, а зад нас се Северна Ирска, Црна Гора, БиХ, Бахреин, Хондурас и останатите… На врвот меѓу најдобрите во светот нема промени. Аргентина е лидер, пред Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија кои ја соченуваат првата десетка. Од нашите противници во Лигата на нации, Ерменија е на 96-то место,…
Author: riste
Околу 2.000 навивачи на АЕК Атина синоќа му приредија импресивно добредојде на новото засилување на грчкиот тим – Ентони Марсијал. На аеродромот во Атина, поддржувачите на тимот пееја песни, го скандираа неговото име и запалија факели, создавајќи неверојатна атмосфера. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед пристигнува со слободен трансфер, а неговиот договор ќе биде на 3 години. Французинот во овој период ќе добие 7,5 милиони фунти со што ќе стане најскапо платен фудбалер во историјата на АЕК. 28-годишниот Марсијал разговараше и со други тимови, вклучувајќи го и бразилскиот Фламенго, но на крајот го избра грчкиот гигант.
Сергеј Јакировиќ (47) повеќе не е тренер на Динамо Загреб, објавија хрватските медиуми. Тренерот доби отказ поради серијата лоши резултати која започна со ремито во Риека (1:1), а продолжи со поразот од Хајдук на домашен терен (0:1), а кулминираше во Минхен со историскиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите. (9:2). Динамо Загреб сега е во потрага по нов тренер. Сергеј Јакировиќ беше на клупата на хрватскиот гигант точно 60 натпревари, забележа вкупно 41 победа, со девет нерешени и десет порази. Динамо успешно го водеше до двојната круна, но во последната сезона често пати беше критикуван за недоволно офанзивниот стил…
Манчестер Јунајтед ќе ги анкетира поддржувачите за иднината на клупскиот стадион „Олд Трафорд“ и неговото реновирање, објавија во средата британските медиуми. Раководството на „црвените ѓаволи“ разгледува различни опции за реконструкција на сегашниот објект по цена од околу 1 милијарда фунти или за изградба на целосно нов стадион на соседна парцела во сопственост на клубот по цена од околу 2 милијарди фунти. Косопственикот на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, се залага за изградба на нов дом за клубот, а работната група формирана во февруари се фокусираше на дискусиите за изградба на стадион со капацитет од 100.000 луѓе. Работната група вклучува претставници на…
Откако натпреварот меѓу Манчестер Сити и Интер заврши без победник 0:0 стана јасно дека избраниците на Пеп Гвардиола во рамките на Лигата на шампионите веќе 24 натпревари немаат пораз во регуларното време. Како што пренесуваат специјализираните веб портали за статистика, Манчестер Сити е на еден натпревар до израмнување на рекордот на Манчестер Јунајтед од 25 последователни натпревари без пораз во Лигата на шампионите, поставен во 2007 и 2008 година. Да напоменеме дека минатата сезона „граѓаните“ загубија во Лигата на шампионите од Реал Мадрид во четвртфиналето, но тоа беше пораз на пенали (1:1, 3:4 пенали). Да потсетиме, последниот пораз во Лигата на шампионите…
По натпреварот од 1. коло од новата сезона на Лигата на шампионите на УЕФА меѓу францускиот Пари Сен Жермен и шпанска Џирона стана јасно дека го имаме највозрасниот дебитант во ова натпреварување. На оваа средба во стартниот состав на Џирона влезе 37-годишниот уругвајски напаѓач Кристијан Стуани. Така, тој стана најстариот надворешен играч кој дебитирал во Лигата на шампионите во 21 век. Според „Опта Спортс“, само 40-годишниот Тасос Митропулос дебитирал во Лигата на шампионите на постара возраст за Олимпијакос во 1997 година. Во 21 век немаше дебитанти во ова натпреварување постари од Уругваецот. Стуани (37) се приклучи на Џирона во летото 2017 година од…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го изрази своето разочарување од ремито 0:0 со Интер во Лигата на шампионите. Според него, неговите играчи создавале шанси за гол и грешките биле главната причина поради која тимот не победил. „Не беше лесно да се постигне гол. Создадовме шанси, но ги пропуштивме. Не беа многу и не беа баш чисти, но ги имаше. Сè уште е рано во сезоната, сигурен сум дека ќе играме многу подобро и ќе го најдеме нашиот ритам во наредните месеци, ќе се подобруваме со текот на времето“, изјави Гвардиола. Тој особено ја пофали добрата дефанзивна игра на „нероаѕурите“.…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го доживеаа вториот сезонски пораз во Лигата на шампионите, овој пат на домашен терен загубија од Фуксе Берлин (22:30). Пелистерци немаа сили да направат подвиг и да ја израдуваат својата публика против големиот германски фаворит. По натпреварот, на прес-конференцијата зборуваше тренерот на битолчани Бранислав Ангеловски: „Честитки до Фуксе за победата и одличната игра. Загубивме од подобар противник, кој добро играше во сите 60 минути и го искористи нашиот пад. Мислам дека во првиот дел се скрши натпреварот, кога од минимална негатива паднавме и ги казнија грешките. Сметам и убеден сум дека премногу промашувавме зицери од шест метри, а тоа…
Италијанскиот стручњак Даниеле Де Роси ја напушти функцијата тренер на Рома. Ова го објави официјалниот сајт на клубот. Рома денес соопшти дека го ослободила Даниеле Де Роси од функцијата тренер на првиот тим.Одлуката на клубот беше донесена во најдобар интерес на тимот да може брзо да продолжи по посакуваниот пат додека сезоната е сеуште на самиот почеток. „Голема благодарност до Даниеле Де Роси за работата што ја направи овие месеци со страст и посветеност“, се вели во соопштението на клубот. Рома е на 16. место на табелата во италијанскиот шампионат со освоени три бода од четири натпревари.
Стефано Пиоли ќе биде новиот тренер на гигантот од Саудиска Арабија Ал-Насер, пишува Фабрицио Романо. Двете страни постигнаа договор, 58-годишниот тренер ќе го наследи Луис Кастро кој доби отказ. Се очекува Пиоли денеска да потпише раскин на договорот со Милан, а потоа да се пресели во Саудиска Арабија. Специјалистот беше отстранет од функцијата на крајот на сезоната. Веднаш потоа Пиоли ќе лета за Ријад да го потпише договорот со Ал-Насер. Кристијано Роналдо и соиграчите имаа лош почеток на сезоната во Саудиска Арабија и покрај одличниот тим што го направија ова лето. Тимот го зазема седмото место на табелата со 5…
