Author: riste

Потпретседателот на турскиот Галатасарај, Ибрахим Хатипоглу, инсистираше на тоа дека напаѓачот Виктор Осимен нема да го напушти клубот во јануари, и покрај информациите во Италија дека Јувентус е заинтересиран за фудбалерот, кој игра за гигантот од Истанбул како позајмен од Наполи. Осимен дојде во Галатасарај летото со едногодишен договор. Тој веќе забележа две асистенции во два првенствени натпревари, вклучително и против Фенербахче предводен од Жозе Мурињо во саботата. Галатасарај ќе му плати на Виктор Осимен 6 милиони евра за сезоната 2024/2025, а ослободителната клаузула во неговиот договор со Наполи е намалена на 75 милиони евра од 130 милиони кои беа…

Read More

Ливерпул планира да ја оживее трансфер офанзивата со играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди во јануарскиот преоден рок. Фудбалерот кој беше шампион со Шпанија на ЕУРО 2024 беше трансферна цел бр.1 на „црвените“ изминатото лето, но шпанскиот клуб не го пушти играчот да си оди. Покрај тоа, тој исто така ја одбил понудата, претпочитајќи живот во Шпанија отколку во Англија. Ливерпул дури ја прифати откупната клаузула на играчот, но до трансфер никогаш не дојде. Според трансфер специјалистот Фабрицио Романо, Ливерпул и понатаму сака да ги осигура услугите на играчот. Токму поради тоа Англичаните повторно ќе прашуваат за…

Read More

Ерлинг Халанд продолжува да испишува историја со Манчестер Сити, откако го израмни рекордот на Кристијано Роналдо за најмалку натпревари потребни за да постигне 100 гола за еден клуб. Норвешкиот голгетер го постигна својот 100-ти гол во ремито 2:2 против Арсенал, достигнувајќи го импресивниот резултат на само 105 натпревари. Откако стигна до 99 гола на 103 натпревари, Халанд имаше можност да го собори рекордот на Роналдо само во неговиот 104-ти натпревар. Но, Норвежанецот не успеа да го пронајде патот до мрежата во ремито 0:0 со Интер изминатата недела. Но, во неговиот следен натпревар против Арсенал на „Етихад“, Халанд го отвори резултатот…

Read More

Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски изјави дека токму германскиот стручњак Ханс Дитер Флик ја променил играта на каталонскиот тим. „Почнавме да играме повеќе напред. Мојата работа е да постигнувам гол, да се обидувам да ја освојам топката и да го напаѓам просторот. Мислам дека играме добро како тим, а денес тоа го докажавме со пет гола“, рече Левандовски по натпреварот со Виљареал. Левандовски оваа сезона учествуваше на седум натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна шест гола и две асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година. Пазарната вредност на фудбалерот во моментов е 15 милиони евра.

Read More

Манчестер Сити ја продолжи серијата без пораз на домашен терен во Премиер лигата на 33 натпревари. Последен пат „граѓаните“ претрпеа пораз на својот стадион на 12 ноември 2022 година од Брентфорд (1:2). Избраниците на Гвардиола вчера се спасија во последните секунди против Арсенал (2:2) на „Етихад“ во натпревар од 5. коло на англискиот шампионат. Џон Стоунс израмни во 8. минута од судиското надополнување на „Етихад“ каде гостите играа со 10 играчи во текот на целото второ полувреме. Леандро Тросарd беше исклучен поради втор жолт картон на крајот од првото полувреме, а судиската одлука предизвика огромно незадоволство кај „топчиите“. Со овој…

Read More

27-годишниот голман на Лас Палмас, Алваро Валес може да го замени голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, кој тешко се повреди на натпреварот од 6. коло од шпанското првенство со Виљареал (5:1). Ова го објави новинарот на Радио Марка, Сантијаго Нарваес. Според изворот, еден од кандидатите за замена на Германецот бил шпанскиот голман на Лас Палмас, кој не е во прв план по трансферот на 35-годишниот Холанѓанец Јаспер Силесен во тимот во текот на летото. Можноста за стекнување на 27-годишниот Шпанец од Барселона ќе се појави во јануари, кога ќе се отвори зимскиот преоден рок. Да потсетиме, Валес настапува за Лас Палмас од јули 2019…

Read More

Новото засилување на Арсенал, Рахим Стерлинг стана првиот англиски играч кој играл во Лигата на шампионите за четири различни екипи. Крилниот напаѓач синоќа го направи овој подвиг откако влезе во 73. минута за „топчиите“ при ремито 0:0 на гостувањето кај Аталанта. Дебито на Стерлинг во најпрестижното клупско натпреварување беше во септември 2014 година кога Ливерпул го победи бугарскиот шампион Лудогорец со 2:1 на „Енфилд“. Во следната сезона, крилниот напаѓач се пресели во Манчестер Сити. Неговиот прв натпревар во ЛШ со тимот на „граѓаните“ беше во поразот од Јувентус со 1:2 на „Етихад“. Неговото деби за Челзи во ова натпреварување дојде…

Read More

Едуардо Камавинга следната недела ќе почне да тренира со соиграчите од Реал Мадрид, соопшти тренерот на европскиот клупски шампион Карло Анчелоти. Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид е повреден од натпреварот од Суперкупот на Европа меѓу Реал и Аталанта во средината на август, каде победи Реал Мадрид со 2:0. „Тој се чувствува добро и е многу важен за нашиот тим. Преку него ќе можеме да ротираме во нашиот среден ред. Очекувам Камавинга да продолжи со тренинзите следната недела“, изјави Анчелоти за медиумите во Шпанија денес. 21-годишниот француски репрезентативец првично требаше да паузира најмалку шест недели. Реал Мадрид е домаќин…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти проговори за проблемот со преоптоварениот календар на фудбалерите. „Вреди да се размислува за фудбалот бидејќи треба да се играат помалку натпревари за да се избегнат многу повреди. Ако на играчите да одиграат помалку натпревари треба да им се намалат платите, тогаш нема да бидат против намалувањето. Поплаките од тренерите и играчите нема да го променат распоредот за оваа сезона. Мора да го анализираме ова. Фудбалерите размислуваат за промени во иднина“, изјави Анчелоти за „ЕСПН“. Претходно, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри призна дека играчите би можеле да штрајкуваат поради преоптоварениот распоред.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег е воодушевен што играчите како Маркус Рашфорд почнуваат да постигнуваат голови на почетокот на сезоната. „Црвените ѓаволи“ патуваат во Кристал Палас за дуелот од Премиер лигата во сабота. Манчестер Јунајтед претрпе порази од Брајтон и Ливерпул во нивните воведни два натпревари, но потоа победи со 3:0 кај Саутемптон и го совлада третолигашот Барнсли со 7:0 во Лига купот. Рашфорд го постигна својот прв гол од март против „светците“, а потоа постигна два голови против Барнсли, зголемувајќи ја неговата самодоверба по бледата мината сезона. „Многу е добро, се разбира, што напаѓачите почнуваат да постигнуваат…

Read More