Author: riste

Нашиот фудбалер, Елиф Елмас, се соочува со повреда и засега е под знак прашалник дали ќе може да настапи во текот на викендот за неговиот Лајпциг на мечот против Аугсбург во рамките на новото коло во Бундес-лигата. Тој се здобил со удар во пределот на мускулот и морал да пропуштил еден тренинг. Затоа постои дилема дали ќе бидe воопшто ставен на списокот за викенд-мечот. Најавите се дека повредата не е сериозна и дека Елмас ќе може да игра за Македонија на дуелите со Летонија и Ерменија предвидени кон средината на октомври во Лигата на Нации.

Read More

Катерина Шиповиќ од АК АЕРОДРОМ ќе се појави на ултра-трката – „Спартатлон“ во должина од 246 километри која започнува во Атина а завршува на локалитетот – Спарта. Учесниците имаат 36 часови да ја завршат предвидената рута. Годинава од 28 до 29 септември на 42-ро издание на трката ќе настапат 400 учесници а единствен претставник на Македонија е Катерина Шиповиќ од АК АЕРОДРОМ Скопје. Таа е балканска шампионка во ултра маратон откако за 24 часови истрча 211 километри што претставува и национален рекорд . Трката – „Спартатлон“ е собир на елитата на тркачите во ултра-маратонски должини.

Read More

Мануел Нојер се врати на тренинзите на Баерн Минхен откако се опорави од повредата на тетивата. Голманот треба да го започне првиот саботен натпревар од Бундеслигата против шампионот Баер Леверкузен. Баварците ова го соопштија во четвртокот попладне откако Нојер тренираше индивидуално претходните денови. Ветеранот ја заработи повредата за време на победата на „црвените“ од 9:2 во Лигата на шампионите против Динамо Загреб минатата недела и го пропушти дуелот против Вердер Бремен на крајот од минатата недела. Баерн, исто така објави дека напаѓачот Матијас Тел, се вратил во целосна акција откако ги надминал проблемите со грбот. Баерн имаше силен почеток на…

Read More

Роберт Левандовски го пофали младиот талент на Барселона Ламин Јамал, нарекувајќи го еден од најдобрите играчи во светот. Во интервју, Левандовски го сподели своето воодушевување од 17-годишниот крилен напаѓач, кој веќе остава огромен впечаток на меѓународната сцена по извонредните настапи за Барселона и Шпанија. „Го гледам Ламин Јамал како најдоброто крило во светот“, рече Левандовски, но ја истакна важноста од долгорочна перспектива во кариерата на младите фудбалери. Полскиот напаѓач ја истакна потребата од планирање и трпение, советувајќи го Јамал да размислува не само за следните неколку години, туку и за целата своја кариера. Младиот Шпанец веќе е клучна фигура во…

Read More

Женската ракометна сениорска репрезентација веќе ги реализира подготовките за двата контролни натпревари со Австрија кои се дел од ЕХФ ракометната недела која е наменета за одигрување на пријателски натпревари меѓу селекциите учесници на следното ЕП во ракомет. Во нашете студио денес гости ни беа Елена Георгиевска и Леонида Гичевска, а со нив разговаравме на тема ЕП кое следува и подготвителните натпревари со Австрија: „Посебно ми е чест што селекторот одлучи да му помагам околу подготовка на репрезентацијата, ќе имам улога да играм и да асистирам на селекторот , тоа ќе биде едно ново искуство за мене. Австрија е млада и…

Read More

Официјалната веб-страница на шпанската екипа Севиља го објави продолжувањето на договорот со главниот тренер на тимот, 50-годишниот Хавиер Гарсија Пимиента, кој ги презеде Андалузијците во јули 2024 година. Во информацијата се вели дека новиот договор со тренерот ќе важи до 2027 година. Под водство на Гарсија Пимиента, Севиља одигра седум натпревари во шпанската Ла Лига, на кои освои осум бода, две победи, двапати ремизираше и три загуби. Во актуелниот поредок во Примера, Андалузијците се на 12. место. Според клупската прес-служба, продолжувањето на договорот со главниот тренер на играчите и стручниот штаб го најави претседателот на Севиља, Хозе Марија дел Нидо Караско…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се повреди на натпреварот од 7. коло од шпанската Примера лига со Алавес, кој заврши со победа на Реал Мадрид со 3:2. Да потсетиме дека на овој натпревар напаѓачот постигна гол и побара замена во 80. минута од натпреварот. Според информациите на шпанските медиуми, францускиот напаѓач има проблеми со тетивата. Неговото учество на мечот со Атлетико Мадрид сега е доведено во прашање. Реал Мадрид е загрижен за моменталната ситуација. Врз основа на резултатите од седум натпревари, Реал Мадрид е на второто место во поредокот во Ла Лига со 17 бодови. Во моментов, Барселона е на првото…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти уште еднаш забележа достигнување со кое може да биде исклучително горд. Предводнинот на Реал Мадрид синоќа го имаше мечот број 300 на чело на шпанскиот гигант. Ова се случи на вчерашниот натпреварот со Алавес од 7. коло на Ла Лига. Во овие 300 натпревари под водство на италијанскиот стручњак, Реал Мадрид победи на 218 натпревари, 43 пати ремизираше и имаат само 39 порази. Само еден тренер има повеќе натпревари на чело на Реал Мадрид – Мигел Муњоз (605 натпревари). Овие тренери го делат првото место по број на освоени трофеи со клубот – по…

Read More

Првото сезонско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на 26 октомври (сабота) од 21 часот. Ова стана јасно откако Ла Лига по денови и часови ја објави програмата за следните неколку кола од шампионатот, вклучително и онаа од 11 коло за кога е закажано Ел Класико. Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ во саботниот вечерен термин, а пред директниот дуел Реал Мадрид и Барселона треба да одиграат уште четири натпревари во првенството, како и два во Лигата на шампионите.

Read More

Тренерот на Барселона , Ханс Дитер Флик, одговори на прашањето дали клубот ќе бара нов голман по повредата на Марк-Андре тер Штеген. „Да потпишеме со нов голман? Како прво, на Ињаки Пења му оди многу добро во моментов. Тој е голем професионалец. Ние сме уверени во него. Вториот голман е секогаш тежок, но е подготвен за игра. Му веруваме, но ќе разговараме што да правиме понатаму. Имаме многу млади играчи. Во моментов не чувствуваме никаков притисок. Се чувствуваме удобно со Ињаки“, изјави Флик за „АС“. Првиот голман на Барселона , Марк-Андре тер Штеген заработи тешка повреда на мечот со Виљареал и беше заменет…

Read More