Author: riste

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин е победник на трката за Големата награда на Индонезија. Мартин кој беше најдобар и во квалификациите, успеа да ја задржи пол-позицијата и да слави нова голема победа во највозбудливиот мото шампионат на светот. На второто место заврши Педро Акоста, додека место на подиумот имаше и за актуелниот шампион Франческо Бањаја. За Хорхе Мартин ова е трета победа сезонава, а со неа успеа да направи предност пред Бањаја од 21 поен во генералниот пласман. Трката во Индонезија ја одбележа и инцидентот во кој учествуваше осумкратниот светски шампион Марк Маркез. Моторот на Шпанецот се запали во…

Read More

Тренерот на Барселона – Ханс Дитер Флик призна дека неговиот тим не одиграл добро на гостувањето кај Осасуна, каде загуби со 2:4. Сепак, тој нагласи дека судијата направил голема грешка со вториот гол на домаќините, бидејќи имало прекршок на стартот од нападот. Германскиот тренер ја презеде одговорноста за поразот и ги објасни ротациите во составот со набиениот распоред. Тој на клупата ги остави крилата Рафиња и Ламин Јамал, што целосно ја промени играта на тимот. „Колку и да е непријатно, мораме да го прифатиме поразот. Моја одговорност е да ги заштитам играчите, но вистината е дека не очекував да играме…

Read More

Реал Мадрид внимателно го следи развојот на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Диого Далот. Португалецот е посочен како потенцијална трансфер цел за засилување на одбраната на Реал Мадрид следното лето. Реал има прилично добро покриен тим во моментов, но десниот бек е една од клучните позиции. Згора на тоа, Дани Карвахал е веќе доста стар и клубот мора да размислува за неговиот наследник. Всушност, прв избор на Реал за оваа позиција е дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд. Неговото привлекување, сепак, може да испадне доста тешка задача, па од „Сантијаго Бернабеу“ размислуваат за други опции и една од нив е Далот. 25-годишниот…

Read More

Ракометарите на Вардар славеа во првото големо дерби оваа сезона во Суперлигата, откако вечерва во Скопје со 27-24 (15-11) беа подобри од шампионот Еурофарм Пелистер. Ова беше меч од четвртото коло во Суперлигата, по кој и Вардар и Е. Пелистер имаат по еден пораз, а осамен на врвот на табелата останува Алкалоид со четири победи во исто толку средби. Марко Срдановиќ со осум гола беше најефикасен во редовите на Вардар, додека искусниот Гоце Георгиевски постигна пет. На другата страна Никола Митревски имаше десет одбрани, а Филип Кузмановски запиша седум гола.

Read More

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) излезе со сооштение по нападот над првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини, кој беше нападнат од три лица пред скопски ресторан. Од ФФМ остро го осудија овој настан, а воедно истакнаа дека за истиот се информирани и ФИФА и УЕФА. Истовремено, се надеваат дека од МВР ќе го решат нападот во најбрз можен рок и сторителите ќе бидат казнети. „Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува кукавичкиот и срамен напад врз нашиот претседател Муамед Сејдини, кој синоќа физички беше нападнат на паркингот од скопски ресторан.  Овој чин на насилство е неприфатлив и претставува директен…

Read More

Карло Анчелоти зборуваше на прес-конференцијата во пресрет на големото мадридско дерби помеѓу Реал и Атлетико. Тренерот на Реал Мадрид призна дека гостувањата на „Ванда Метрополитано“ се секогаш тешки и очекува тежок натпревар. Аткетико се единствениот тим што успеа да ги победи „кралевите“ минатата сезона. По овој пораз, Реал нема пораз во Ла Лига, односно е во серија од 39 натпревари без пораз. „Сите дерби средби меѓу двата тима се посебни. Овој натпревар ме потсетува на римското дерби бидејќи навивачите се многу страсни. Дербито на Милано е порелаксирано, едноставно затоа што тие се поладни како луѓе. Очигледно е дека мора да…

Read More

Атлетико Мадрид одлучи да го откаже настапот на мексиканската пејачка Дана Паола на нивниот домашен стадион, закажан за пауза во натпреварот од 8. коло од шпанската Примера лига со Реал Мадрид (29 септември) поради признанието на пејачката дека навива за Кралскиот клуб. Мексиканската пејачка на шпанската телевизија признала дека го сака Реал Мадрид. Како одговор на водителката на програмата зошто се согласила да настапи на полувремето од споменатиот натпревар, Паола одговорила: „Бидејќи навивам за Реал Мадрид, зошто инаку? Навистина сум возбудена бидејќи првпат ќе ги видам лично“ биле зборовите на Паола. Покрај тоа, Паола прогнозирала дека Реал Мадрид ќе победи со резултат…

Read More

Ливерпул ќе направи промени за дуелот од шестото коло во Премиер лигата со Вулверхемптон, тврдат извори блиски до клубот од Островот. Се очекува Алисон да се врати во стартниот тим. Другата промена која најверојатно ќе се случи е смената на Дарвин Нуњес со Диого Жота во врвот на нападот. Уругваецот веќе го постигна својот прв гол сезонава под водство на Арне Слот, но Португалецот импресионираше на турнирот во Лига купот, постигнувајќи два гола и се чини дека ќе започне од првата минута. Натпреварот меѓу Вулверхемптон и Ливерпул е на програмата денес од 18.30 часот.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг сподели дека закрепнувањето на новото засилување Лени Јоро оди добро. Францускиот дефанзивец беше купен од Лил летото, но заработи фрактура на левата нога, поради што допрва треба да дебитира официјално за „црвените ѓаволи“. „Лени Јоро се снаоѓа многу добро. Убаво е што неговата рехабилитација оди во вистинска насока. Тој ќе биде подготвен за игра наскоро”, изјави Холанѓанецот. „Мислам дека тој се опоравува правилно и наскоро го очекуваме на теренот“, додаде Тен Хаг.

Read More

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ги заврши настапите на фјучрс-турнирот во Куршумлиска Бања, Србија. Ѓорческа за жал загуби од домашната тенисерка Лола Радивојевиќ, која беше подобра со резултат 1:2 во сетови (6:7, 6:3, 0:6). Првиот сет Ѓорческа го загуби во тај-брејк со резултат 2:7, а во вториот успеа да слави со 6:3 и да се врати во мечот. Меѓутоа, во последниот трет сет, противничката доминираше и не и дозволи на Ѓорческа да освои ниту еден гем. За Лина Ѓорческа следен настап ќе биде турнирот во Шибеник кој е ќе се игра во терминот од 30 септември до 6 октомври.

Read More