Тренерот на Челзи, Енцо Мареска ги сподели своите размислувања за конкуренцијата со Манчестер Сити и лондонски Арсенал. „Јас навистина не мислам дека можеме да се натпреваруваме со Манчестер Сити или Арсенал. Мислам дека не затоа што не сме подготвени. Причината е што Сити е со ист менаџер девет години, а Арсенал пет години. Ако сакате да се борите за големи работи, потребно ви е време. Откако Арсенал го победи ПСЖ, го прашаа Луис Енрике и тој го кажа истото, дека Арсенал има ист менаџер веќе пет години, а тие имаат само една и пол година. Замислете, имаме само три месеци… Значи, тоа…
Author: riste
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) и САД кои се организатори на Светското клупско првенство кое ќе се одржи следната година, официјално ги објавија стадионите на кои ќе се играат натпреварите. Овој клупски Мундијал ќе се одржо на 12 грандиозни спортски објекти. Новиот формат на натпреварувањето ветува голема возбуда, затоа што ќе учествуваат 32 екипи од кои публиката ќе очекува мнигу возбудливи натпревари. Еве каде ќе се играат натпреварите на Светското клупско првенство: „Лумен Филд“ – Сиетл„Геодис Парк“ – Нешвил„ТКЛ Стадиум“ – Синсинати„Хард Рок Стадиум“ – Мајами„Интер & Ко Арена“ – Орландо„Ауди Филд“ – Вашингтон„Роуз Боул“ – Лос Анџелес„Мерцедес Бенц Стадиум“ -…
Новиот голман на Барселона, Војчех Шчесни го одржа својот прв тренинг со тимот откако во средата потпиша со каталонскиот гигант. Полскиот голман се вклучи во активностите под водство на Ханзи Флик, по повеќе од два месеци отсуство од теренот. Шчесни ќе треба постепено да влезе во натпреварувачки ритам и не се очекува да започне на претстојниот натпревар против Алавес. Сепак, постои шанса тој да биде вклучен во составот за натпреварот. Друг играч кој исто така тренираше со тимот е Гави. Играчот од средниот ред, кој работеше на специјална програма за опоравување на почетокот на неделата, денеска можеше да учествува во…
Ѕвездата на Барселона Рафиња не сака да го напушти клубот, пишуваат медиумите во Шпанија. Фудбалерот одбил неколку понуди за трансфер во текот на летото, од кои некои беа од клубови од Премиер лигата. Рафиња постигна шест гола и три асистенции од почетокот на сезоната во август. Репрезентативецот на Бразил нема намера да ги напушти Каталонците пред да му истече актуелниот договор во 2027 година. Во изминатите неколку недели се појавија информации дека Барселона размислува дури и да му понуди нов договор на Рафиња. Доколку се постигне договор, тој ќе остане во Барселона и подолго од очекуваното.
Реал Мадрид воспоставил контакт со опкружувањето на дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд за да ја истражи можноста тој да се пресели во шпанската престолнина следното лето, објавија медиумите во Шпанија. Според изворот, претставници на мадридскиот клуб комуницираат со опкружувањето на Трент за условите под кои играчот би изразил желба да се пресели во Реал Мадрид следното лето. Кралскиот клуб се надева дека пријателството на Александар-Арнолд со Џуд Белингем ќе ја олесни преселбата на дефанзивецот во Реал Мадрид. Александер-Арнолд оваа сезона одигра осум натпревари за клубот во сите натпреварувања, на кои постигна две асистенции. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на…
Наградата „тренер на месецот“ во Италија за месец септември ќе му биде врачена на тренерот на Наполи, Антонио Конте, јави агенцијата АНСА. Трофејот ќе му биде врачен пред натпреварот помеѓу Наполи и Комо во Серија А. Наградата ја доделува жирито кое ги оценува тренерите по спортско-технички критериуми како и квалитетот на играта. „Од неговото пристигнување во Наполи, Конте ја пренесе на своите играчи својата филозофија, која се заснова на напорна работа, амбиција и победнички менталитет. Овој нов став му овозможи на Наполи веднаш да постигне позитивни резултати, оправдувајќи го изборот на претседателот Де Лаурентис да го донесе на клупата на…
Светската фудбалска централа (ФИФА) предлага отворање на нов преоден рок во периодот од 1 до 10 јуни и сите федерации можат да го искористат овој период, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Мотивот за новиот преоден рок е склучување договори пред Светското клупско првенство во 2025 година, како и продолжување на договорите на играчите кои истекуваат пред крајот на првенствата. Новото издание на Светското клупско првенство следното лето ќе се одржи во САД, а натпреварувањето ќе започне на 15 јуни и ќе трае речиси еден месец. Со оваа мерка, ФИФА сака да им олесни на играчите да најдат нови тимови, како и…
Голгетерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ќе биде неизвесен до самиот крај за настап на дуелот со Астон Вила од Лигата на шампионите. Натпреварот е вечерва од 21:00 часот во Бирмингем. Англичанецот заработи повреда на скочниот зглоб на последниот натпревар на Баварците во Бундеслигата, ремито 1:1 против Баер Леверкузен. Напаѓачот беше заменет во 86. минута, а следниот ден беше на медицински тестови кои покажаа дека неговата повреда не е сериозна. Тренерот на Баерн, Винсент Компани коментираше дека Кејн тренираше во вторникот, но за неговото учество на натпреварот ќе биде решено во последен момент.
Откако Манчестер Сити го совлада Слован Братислава со 4:0 во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, „граѓаните“ го израмнија рекордот на градскиот ривал Манчестер Јунајтед за најдолга серија без пораз во историјата на Лигата на шампоните, кој изнесува 25 натпревари. Во последните 25 натпревари во Лигата на шампионите, Манчестер Сити победил 17 пати и забележале 8 нерешени. Последен пат Манчестер Сити загуби од Реал Мадрид во полуфиналниот реванш во сезоната 2021/2022. Минатата сезона Сити повторно беше исфрлен од „кралевите“, но ова беше по две нерешени средби и изведување пенали, што значи дека во рамките на регуларното време…
Францускиот напаѓач Тиери Анри беше прогласен за најдобар играч на Арсенал во 21 век според порталот „Goal.com“. Според изворот, второто место на рангирањето го зазеде холандскиот напаѓач Денис Бергкамп. На третото место е Французинот Патрик Виера. Четвртата позиција ја зазеде уште еден Французин, Роберт Пирес, а првата петорка ја затвори шведскиот играч од средниот ред Фредрик Љунгберг. Да потсетиме дека сите овие играчи играа за Арсенал во сезоната 2003/2004, во која Топџиите го освоија англискиот шампионат без да претрпат ниту еден пораз. Тиери Анри играше за Арсенал помеѓу 1999 и 2007 година. Францускиот напаѓач постигна повеќе од 250 гола за лондонскиот клуб. Анри освои седум трофеи…
