Author: riste

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп ги пофали своите играчи за тешката, но важна победа од 2:1 на гости кај Белгија во Лигата на нации. Франција излезе со прилично експериментален состав и видно беше дека има проблеми, но сепак дојдоа до трите бода од Брисел. „Првите 25 минути беа многу тешки. Белгија покажа сериозен интензитет во својата игра. Имавме проблеми со задржување на топката во нападот. После тоа можевме да излеземе од притисокот и да создадеме неколку шанси. Во вториот дел подобро ја контролиравме играта“, изјави Дешамп. „Откако останавме со десет играчи, одигравме по организирано, добро се браневме. Го направивме она…

Read More

Предводникот на Холандија – Роналд Куман, филозофски го прифати поразот со 0:1 на гостувањето кај Германија во Лигата на нации. Тој имаше можност за критики за своите играчи, но не е загрижен и гледа напред, веќе размислува за следниот меч со Унгарија, кој ќе биде многу поважен за „лалињата“ во битката за пласман во четврт-финалето. „Германците беа побрзи и физички посилни. На многу начини, фудбалот што го прикажавме не беше добар, но тоа не ми пречи бидејќи е типичен за нас. Игравме премногу назад и тоа не беше нашиот план. Требаше да притиснеме повеќе на десното крило, но тоа не…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација одигра одличен натпревар на гостувањето во Рига и ја совлада летонија со 3:0, а со тоа остана на првото место во групата на Лига Ц на Лигата на нации. Нашите репрезентативци во Рига ја совладаа незгодната Летонија со 0-3 (0-1) и со поголема самодоверба патуваат во ереван кај Ерменија. По само четири минути игра Македонија ја имаше првата шанса и тоа на најнеобичен начин. Димитриевски дегажираше, топката со помош на ветрот заврши пред противничкиот казнен простор, незгодно отскокна и за малку можеше да го измами голманот Матревикс, кој со врвот на прстите ја исфрли во корнер. На првиот гол се чекаше до 35.минута…

Read More

Министерот за спорт во Владата на Република Македонија, Борко Ристовски денеска на прес-конференција зборуваше за првите 100 дена од неговото работење како прв човек на новоформираното Министерство за спорт. Подобрување на спортската инфраструктура, обезбедување финансиска поддршка за спортот и поттикнување на младите да се занимаваат со спорт беа во фокусот на новото Министерство за спорт во првите 100 дена, посочи министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес конференција на која презентираше што е сработено во првите 100 дена и што следува како дел од идните планови. -Македонија по цели 20 години доби Министерство за спорт и тоа е првиот…

Read More

Возачот на Ф1 тимот на Мерцедес, Луис Хамилтон, нема да учествува на пост-сезонското тестирање зад воланот на болидот на Ферари во Абу Даби. Ова го пренесува „Мирор“. Според порталот, причината е што договорот на Луис Хамилтон со Мерцедес е со важност до крајот на декември оваа година. Затоа, веројатноста Хамилтон да учествува на пост-сезонски тестирања во Абу Даби зад воланот на Ферари е невозможен. Во овој случај, британскиот пилот ќе може да седне зад воланот на болидот на Ферари само за време на претсезонските тестови. Да потсетиме, во овогодинешниот шампионат во Формула 1, Луис Хамилтон ја зазема шестата позиција со…

Read More

Белгискиот репрезентативен напаѓач Леандро Тросард се надева дека ќе ја пренесе својата добра форма од Арсенал во тимот на „црвените ѓаволи“ за претстојните натпревари од Лигата на нации против Италија и Франција следната недела. Се очекува Тросард да ја има главната улога во белгискиот среден ред, која најчесто ја имаше повредениот Кевин де Бруин. „Сè уште не е разговарано со тренерот (Доменико Тедеско), но ќе биде јасно денес или утре. Сеуште не знам на која позиција ќе играм, но секогаш е убаво да бидеш на твојата најсилна позиција. На Европското првенство, на пример, морав да играм многу улоги, не знам…

Read More

Карло Анчелоти нема да добие засилување на десната крилна позиција по повредата на Дани Карвахал. Во 93. минута од натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Виљареал (2:0), Карвахал се здоби со сериозна повреда, односно скинати предни вкрстени лигаменти и ќе паузира од 8 до 10 месеци. Тренерот на Реал Мадрид и неговите помошници веруваат дека на тимот му требаат засилувања во одбранбената линија, исто како по неуспехот на трансферот на Лени Јоро во летото. Сепак, извори во мадридскиот клуб тврдат дека Реал нема да потпише со никого веднаш бидејќи не гледа добри опции на пазарот на слободни играчи, пренесува „Атлетик“. Истите…

Read More

Атлетико Мадрид го смени името на својот стадион. „Цивитас Метрополитано“ и отсега ќе го носи името „Ријад Ер Метрополитано“. Тоа веќе го пишува на објектот, со тоа што дебито е на 20 октомври кога Атлетико Мадрид ќе го пречека Легањес. Екипата на Атлетико Мадрид ќе добие 250-300 милиони евра откако ќе потпишат договор на 9 години со арапската компанија. Атлетико игра на Метрополитано од сезоната 2017/18. Во почетокот објектот го носеше името „Ванда Метрополитано“, потоа беше променето во „Цивитас Метрополитано“.

Read More

Дефанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт Робин Кох е уште еден играч кој остана надвор од тимот на Германија за нивните претстојни натпревари во Лигата на нации со Босна и Херцеговина и Холандија. Од Бундестимот објавија дека неговото место ќе го заземе Кевин Шаде, кој настапува за англискиот Брентфорд. Кох има проблем со колкот што ќе го остави недостапен за селекцијата на националниот селектор Јулијан Нагелсман. Освен него, надвор од терените се и напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц, крилото на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусиала и напаѓачот на Вест Хем, Никлас Фулкруг. Голманот Марк-Андре тер Штеген, кој требаше да го замени пензионираниот Мануел…

Read More

Играчот од средниот ред на Атлетик Билбао и шпанската репрезентација Оихан Сансет се повреди на натпреварот од 9. коло од шпанската Примера лига со Џирона. Да потсетиме, средбата заврши со пораз на баскискиот тим со резултат 1:2. „Играчот Оихан Сансет мораше да биде заменет во 42-та минута од натпреварот на Естадио Мунисипал де Монтилвиви поради повреда на бицепс феморис на левата нога. Други детали околу повредата се уште не се познати“, напиша клупската прес-служба на социјалните мрежи. Според „Марка“, закрепнувањето на играчот ќе трае повеќе од 10 дена, па затоа Сансет најверојатно нема да игра на натпреварот со Еспањол. Да потсетиме,…

Read More