Фудбалерот на Лацио, Матео Гендузи, нема да игра на мечот со Јувентус закажан во текот на викендот во новото коло во Серија „А“. Иако медицинските прегледи во Рим покажа дека репрезентативецот на Франција нема фрактура на малиот палец на десната нога, тој ќе го прескокне дуелот со „старата дама“. Неговото место во стартната постава ќе го заземе интернационалецот од Уругвај, Матиас Весино.
Author: riste
Екипите на Манчестер Сити, Челзи, Арсенал и Тотенхем, може да направат напор да го купат офанзивниот играч за врска на Шахтјор Доњецк – Георги Судаков. 22-годишниот фудбалер во тековнава сезона успеа да постигне 7 голови и да направи 2 асистенции на 10 натпревари во сите конкуренции. Шахтјор за неговиот потпис ќе бара меѓу 60 и 70 милиони евра. Судаков одигра 24 натпревари за Украина со ефект од три гола и 6 асистенции.
Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, во текот на јануарскиот трансфер период ќе биде главна цел на Реал Мадрид. „Кралевите“ се соочуваат со серија на повреди и практично останаа без дефанзивци. Затоа, медиумите шпекулираат дека „белите“ сакаат да го ангажираат брзоногиот бек кој има договор до наредното лето. Александер-Арнолд кој потекнува од школата на „црвените“ дебитираше за првиот тим во 2016 година. Досега има одиграно повеќе од 140 мечеви.
Најевтиниот билет за фудбалското ЕЛ Класико во Ла Лига меѓу Реал Мадрид и Барса закажано на 22 октомври на „Сантијаго Бернабе“ ќе чини 130 евра. Цените за седиштата на редовните трибини се движат од 130 евра до 455 евра. Влезниците за ВИП области ќе чинат 850 евра. Интересно е дека за мечот меѓу Реал Мадрид и Борусија во Лигата на шампионите, најевтиниот билет чини 75 евра додека ВИП влезниците започнуваат од 350 евра.
Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, може да добие понуда да се пресели во Барселона иако имаше шпекулации дека за неговиот потпис е заинтересиран Реал Мадрид, наведуваат медиумите во Шпанија. 23-годишниот Канаѓанец одигра пет средби во бундес лигата и две во Лигата на шампионите во тековнава сезона. Неговата трансферна вредност е околу 50 милиони евра.
Тренерот на кошаркарите на Мајами, Ерик Спелстра, имаше пофални зборови за Џими Батлер кој одигра ефикасен натпревар против Атланта. Кошаркарот на Мајами за 21 минута на паркетот имаше 24 поени, 5 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки. „Тој е супер ефикасен и многу активен во одбраната. Може да го стори сето тоа на двата краја на теренот на толку врвно ниво“ – вели Спелстра. Мајами откако загуби во првиот претсезонски натпревар од Шарлот, влезе во победнички ритам. Успеа да ги совлада: Њу Орлеанс, Сан Антонио и Атланта.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона, го изрази својот целосен бес поради одлуката на клубот да го раскине договорот со Сер Алекс Фергусон како почесен амбасадор на „црвените ѓаволи“ на крајот од сезоната. Најголемиот менаџер во историјата на Јунајтед беше отпуштен поради намалувањето на буџетот од страна на новите сопственици на клубот, а извештаите на Островот велат дека Сер Алекс повеќе нема да има пристап до соблекувалната на првиот тим, иако тој продолжува да има резервирано место во ложата на Олд Трафорд. „Сер Алекс треба да може да прави што сака во клубот до денот кога ќе умре. Каков недостаток…
Напаѓачот на Рома, Стефан Ел Шарави ќе го пропушти претстојното дерби со Интер овој викенд во Серија А. Фудбалерот санираше повреда на потколеницата во последните недели, но нема да се опорави за неделната пресметка со шампионот на „Олимпико“, објави „Кориере дела сера“. Во прашање за настап на натпреварот е украинскиот голгетер на Рома, Артјом Довбик, кој со болно колено се врати од репрезентативниот камп од мечот со Чешка и ќе биде подложен на дополнителни прегледи.
Менаџерот Пеп Гвардиола нема да го напушти Манчестер Сити за да ја предводи репрезентацијата на Англија, откако ФА постигна договор со Томас Тухел, но раководството на англискиот шампион допрва треба да ја разјасни иднината на шпанскиот стручњак. Договорот на Гвардиола со Манчестер Сити истекува на крајот од сезоната. Назначувањето на Уго Виана за наследник на спортскиот директор Чики Бегиристајн ќе има клучна улога во обидот на клубот да најде замена за Шпанецот, пишува весникот „Гардијан“. Доколку Пеп Гвардиола го напушти Манчестер Сити, клубот ќе се обиде да го доведе тренерот на португалски Спортинг Лисабон, од каде ќе пристигне и Виана.…
Вчера беше отворена нова страница во историјата на италијанската фудбалска репрезентација, откако трета генерација од едно семејство играше за националниот тим. 23-годишниот Даниел Малдини, син на Паоло и внук на легендарниот и починат Чезаре, дебитираше за тимот во синоќешната победа од 4:1 над Израел во Лигата на нации. Напаѓачот на Монца се појави на теренот на стадионот Фриули во Удине во 73. минута. Неговиот татко Паоло, кој има 126 натпревари за Италија и ја носеше капитенската лента, и неговата мајка Адријана беа на трибините за да го поддржат. Неговиот дедо Чезаре, во славната кариера вклучува 14 настапи за Италија како…
