Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Александар Павловиќ, беше опериран откако ја скрши клучната коска при победата од 4:0 над Штутгарт во саботата вечерта, соопшти бундеслигашот. Павловиќ го напушти теренот повреден во воведните минути од натпреварот откако тешко падна на неговото рамо. Повредата ќе го остави германскиот репрезентативец надвор од терените „следните неколку недели“, соопшти Баерн. Од клубот додаваат дека прегледот по натпреварот ја потврдил повредата и Александар Павловиќ утрово бил успешно опериран. Тоа е уште еден удар за 20-годишниот играч од средниот ред, кој се смета за еден од најталентираните млади играчи во германскиот фудбал. Павловиќ беше дел…
Author: riste
Пеп Гвардиола ќе биде подготвен да го советува Манчестер Сити кога клубот ќе почне да бара негова замена како менаџер. Шпанецот е во последната година од договорот и според некои информации нема да продолжи со „граѓаните“. Самиот тврди дека се уште не донел конечна одлука дали ќе остане и десетта сезона на „Етихад“. Кога ќе дојде време двете страни да се разделат, тренерот изрази подготвеност да помогне. Со Манчестер Сити, Гвардиола освои шест титули во Премиер лигата, како и Лигата на шампионите. „Секако, со врските што ги имам, ако ме прашаат, ќе дадам мислење. Сепак, одлуката ќе ја донесат тие,…
Предводникот на Барселона – Ханзи Флик, потврди дека играчот од средниот ред Гави ќе се врати во игра за неговата екипа. Ова ќе се случи на неделната пресметка на Каталонците против Севиља. Играчот кој потекнува пд школата на Барселона речиси една година се опоравува од повреда, но сега јасно може да биде достапен за тренерот Флик. „Да, Гави утре ќе се врати во тимот против Севиља. Тој е достапен“, рече Флик. „Дани Олмо и Фермин исто така ќе се вратат утре, најверојатно сите ќе бидат на клупата“, додаде тој. „Френки де Јонг е подготвен, може да започне…исто и Ламин е…
Напаѓачот на Интер Мајами – Луис Суарез, се чувствува одлично во клубот и затоа сака да потпише нов договор. Актуелниот договор на Уругваецот истекува на крајот на календарската 2024 година, но Суарез сака да остане и после тоа. „Знам дека мојот адвокат разговара со клубот, но со мир на умот дека ќе ја завршам сезоната. Тоа е одлука на клубот, но од моја страна со задоволство ќе останам“, изјави Суарез за „Атлетик“. 37-годишниот фудбалер потпиша со клубот од Флорида во јануари 2024 година, откако претходно играше за Гремио. Со Интер Мајами, каде што е соиграч со неговиот добар пријател Лионел…
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го предаде проектот за изградба на новата западна трибина на стадионот „Билјанини Извори“ до Општина Охрид. На денешната средба во Охрид присуствуваа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, членот на Управниот одбор на ФФМ, Тони Иваноски и претседателот на Општинскиот фудбалски Сојуз на Охрид, Цане Милошоски, кои остварија средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Новата западна трибина се очекува да има капацитет од 3.500 седишта и дополнителни простории, вклучувајќи 8 скај-боксови за ВИП зони. Ова е вториот инвестициски проект на ФФМ во стадионот во Охрид, по изградбата на источната трибина според меѓународни стандарди. Покрај…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рече дека благосостојбата на фудбалерите „останува приоритет“ за ФИФА во една недела кога синдикатите поднесоа правна жалба против организацијата до Европската комисија. Фудбалските синдикати и лиги го обвинија глобалното раководно тело на спортот за злоупотреба на својата доминантна позиција според законот на ЕУ за натпреварување. Инфантино на социјалната платформа Инстаграм објави своја фотографија со претседателот на шпанскиот синдикат АФЕ Дејвид Агансо во Мајами, САД. „ФИФА продолжува да работи со организациите на играчите за да се осигура дека благосостојбата на играчите останува приоритет и со нетрпение очекувам да продолжам да работам со Дејвид и сите во…
Рафаел Варан сега е член на бордот на директори на Комо, соопштија од клубот. Французинот ќе биде одговорен за развојот и едукацијата на младите играчи, како и за иновациите на производите. Неодамна, 31-годишниот Варан ја заврши својата натпреварувачка кариера токму како играч на Комо, откако заработи тешка повреда на првиот меч за италијанскиот тим. Во текот на својата кариера, дефанзивецот играше за Ленс, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед. Четири пати ја освои Лигата на шампионите и стана светски шампион со Франција во 2018 година. „Во текот на мојата кариера бев мотивиран да се подобрам себеси. Мојата нова улога не е крај…
Леон Горецка нема намера да го напушти Баерн Минхен уште во зимскиот преоден рок, иако од почетокот на сезоната забележа само три настапи во сите натпреварувања и се чини дека Винсент Компани нема да смета на него. Горецка, кој во баварскиот гигант пристигна во 2018 година, има договор со Баерн до летото 2026 година. Иако не играше во последно време, Горецка повеќе би сакал да остане на Алијанц Арена и да се бори за стартно место отколку да го менува тимот. Еден од тимовите кои го посакуваа Германецот беше Манчестер Јунајтед, но не беше постигнат договор минатото лето. Откако беше…
Францускиот играч за врска на Јувентус, Пол Погба ја коментираше одлуката на раководството на Манчестер Јунајтед да престане да му плаќа пари на поранешниот тренер Алекс Фергусон. „Единствено што слушнав е дека повеќе нема да му се плаќа. Сер Алекс Фергусон секогаш ќе остане Сер Алекс Фергусон“, изјави Погба за „Скај Спортс“. Да потсетиме, Шкотланѓанецот, кој претходно беше тренер на Манчестер Јунајтед, во последните години работеше како амбасадор на клубот и за ова земаше плата. Како дел од оптимизацијата на трошоците, „црвените ѓаволи“ решија да престанат да му плаќаат.
Фенербахче ќе се обиде да ги ангажира Шпанците Ансу Фати и Серхио Регилон, објави во четвртокот весникот „АС“. Тренерот на турскиот гигант Жозе Мурињо сигурно ќе сака засилување во составот во зимскиот трансфер период. Напаѓачот на Барселона, Фати (21) и дефанзивецот на Тотенхем, Регилон (27) од летото се на потесниот список на желби Мурињо за нови засилувања. Марио Бранко, спортскиот директор на Фенербахче, веќе работи на можниот потпис на Фати и Регилон. Жолто-сините се на четвртото место во поредокот на турското првенство со 16 бодови.
