Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо даде своја анализа за настапот на тимот во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лига Европа со Манчестер Јунајтед (1:1). „Знам дека англиските медиуми ќе кажат дека Манчестер Јунајтед не играше многу добро, но мислам дека би било фер да се каже дека одигравме извонреден натпревар и бевме подобри од нив. Ова е добар резултат за Манчестер Јунајтед. Тие освоија бод против нас, а не ние против нив. Игравме неверојатно“, изјави Мурињо за „Би-Би-Си“. Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на 22. место на табелата во Лига Европа со три бода. Фенербаче е на 14. место…
Author: riste
Одбојкарската федерација на Македонија, попладнево во хотелот „Александар Палас“ во Скопје одржа Редовно Изборно Собрание на кое досегашниот претседател г-дин Петар Јовановски е ре-избран за нов Претседател на Одбојкарската федерација на Македонија. Претседателот г-дин. Петар Јовановски ќе го предводи Извршниот одбор составен од членовите: Ивица Хаџииљоски – потпретседател, Владо Милев – потпретседател и Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите Кирил Калеников, Зоран Карановиќ и Никола Мицевски. Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува Сања Никчевиќ. На Собранието новиот…
Навивачите на Манчестер Јунајтед беа нападнати од група ултраси на Фенербахче во средата вечерта пред пресметката на двете екипи во Лига Европа во Истанбул. Снимките на социјалните мрежи покажуваат судири меѓу поддржувачите на двете екипи. „Црвените ѓаволи“ се подготвени вечерва во Турција да се соочат со тимот на Жозе Мурињо. Сепак, навивачите тврдат дека биле нападнати од околу 50 луѓе. Снимката споделена на Твитер со натпис „Ова е Истанбул“ покажа дека има тензија. Според симпатизерите на Англија, пет од нив биле нападнати од 50 домашни навивачи.
Извонредно достигнување забележа тренерот на Ливерпул. Арне Слот го направи најдобриот старт од кој било менаџер во Премиер лигата. Вчерашната победа над РБ Лајпциг (1:0) во Лигата на шампионите беше 11-та за специјалистот во првите 12 натпревари на чело на тимот од „Енфилд“. Арне Слот сега е првиот менаџер во историјата на англиската врвна лига кој победил на 11 од првите 12 натпревари во сите натпреварувања.
Фудбалскиот клуб Наполи се реши фотограњирањето за сезоната 24/25 да го направи во соработка со АНМ, главниот снабдувач на јавниот превоз во Неапол. „Продолжуваме да ја развиваме уметничката убавина на нашиот град како дел од проектот „Горди да бидеме Неапол“. Овој пат планираме да го привлечеме вниманието на целиот свет кон големиот проект „Art Station“. Наполи сака да биде обединет со сите доблести на градот и им благодариме на Наполи и АНМ за лансирањето на соработката што има за цел да го информира светот за иновативните проекти што ја одбележуваат неаполската ренесанса“, рече директорот за меѓународен развој на Неапол, Томазо…
Голманот на Реал Мадрид Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените 2-3 недели поради повреда. Тоа значи дека голманот на Реал Мадрид ќе го пропушти Ел Класико Претходно се дозна дека белгискиот голман има повреда на адукторниот мускул на левата надколеница. Според новинарот на The Athletic, Марио Кортегана, Куртоа нема да може да учествува на натпреварот против Барселона и ќе паузира 2-3 недели. Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона во рамките на 11. коло во Ла Лига ќе се одигра на 26 октомври (сабота) со почеток од 21 часот на 2Сантијаго Бернабеу“.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше пред натпреварот на „нероаѕурите“ против тимот на Јанг Бојс во 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Една од главните теми на прес-конференцијата беше теренот на кој ќе се игра натпреварот, бидејќи на стадионот на Швајцарците има вештачка трева. „Ќе морам внимателно да го проценам теренот. Вештачкиот терен многу се разликува од природниот, затоа и дојдовме порано да тренираме овде“, изјави Инзаги. Италијанскиот стручњак проговори и за состојбата на Јанг Бојс, која не е најдобра и тимот е на 10. место од 12 во швајцарската Супер лига. „Минатата година станаа шампиони, но…
Повредата на мускулот што ја заработи фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин во средината на септември не е сериозна, но Белгиецот „не се чувствува добро“. Ова го изјави менаџерот на тимот Пеп Гвардиола на својата прес-конференција пред натпреварот со Спарта Прага во Лигата на шампионите. „Тоа не е сериозен проблем, но не се чувствува баш како што треба. Кевин веќе нема 22 години. Тој мора да биде во оптимална форма за да го покаже својот квалитет. Ако не се чувствува удобно, не може да го развие својот неверојатен потенцијал“, изјави Гвардиола за 33-годишниот Белгиец на прашањето за неговото продолжено…
Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, има намера да се држи до својот пристап во Европа и да не се потпира премногу на слабостите што ги покажа Селтик во поразот од Борусија Дортмунд во последното коло од фудбалската Лига на шампиони. Селтик загуби со 1:7 во Германија, а вечерва гостува кај Аталанта на Гасперини во Италија. Гасперини е свесен дека тешките порази не се невообичаени на турнир и не отпишува противник на чиј пристап му се восхитува. „Мора да бидеме внимателни кога зборуваме за Лигата на шампионите бидејќи има неколку врвни тимови. Против врвните тимови, ако вашиот пристап е погрешен,…
Тренерот на португалскиот Спортинг Лисабон, Рубен Аморим изјави дека е презадоволен од стартот на сезоната за тимот. Спортинг го совлада австриски Штурм Грац со 2:0 на гости во третото коло од Лигата на шампионите и собра 7 бода на своето конто. „Многу сум среќен со почетокот на сезоната. Го загубивме Суперкупот во Португалија. Беше многу тежок момент за тимот, но завршивме одлична работа во првенството и во Лигата на шампионите“, изјави Аморим. „Мора да играме со Манчестер Сити и Арсенал, па затоа е многу важно што веќе имаме седум бода. Знаеме што треба да направиме за да стигнеме до плеј-офот.…
