Author: riste

На натпреварот од 1/8 финалето на Купот на кралот на Саудиска Арабија во кој се сретнаа Ал-Наср и Ал-Таавун, а заврши со резултат 1:0 во корист на гостите имаше една уникатна ситуација. Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо не успеа да го реализира пеналот во 90+6. минута од натпреварот. Така Роналдо за првпат промаши пенал во целото негово играње за Ал-Наср. Португалецот пред овој натпревар ги постигна сите 19 удари од белата точка како дел од клуб од Саудиска Арабија. Во 71. минута единствениот гол на натпреварот го постигна дефанзивецот на Ал-Таавун, Флавио. Оваа сезона Роналдо учествуваше на 11 натпревари во сите…

Read More

Капитенот на фудбалскиотсостав Рома, Лоренцо Пелегрини, вели дека треба да се анализира тешкиот пораз од Фиорентина (5-1) и да се извлече поука за наредните мечеви. „ Ако зборуваме за натпреварот, јас не гледам ништо позитивно, мораме да работиме многу“ – вели Пелегрини. „ Сите ние треба да ги подобриме нашите перформанси. Мораме да признаеме дека сите бевме прилично лоши“ – потенцираше играчот на „римската волчица“.

Read More

Тренерот на кошаркарскиот состав Милан, Еторе Месина, нема да биде со екипата на мечот со Басконија во Евро-лигата. Италијанецот има влошена здравствена состојба. Местото на 65-годишниот специјалист ќе го заземе помошниот тренер. Марио Фиорети. Кошаркарот, Шевон Шилдс, исто таке не отпатува за Виторија поради повреда на препоните. Милан ја започна новата сезона во Европа со една победа и четири порази.

Read More

Андреа Јаноне ќе го замени Фабио ди Џанантонио за Големата награда на Малезија во Мото ГП, објави тимот на ВР46. Ди Џанантонио се соочува со операција на левото рамо што значи дека ќе ги пропушти последните два тркачки викенда од сезоната. 35-годишниот Јаноне има 7 сезони во Мото ГП и една победа остварена во Австрија во 2016 година. Т

Read More

Манчестер Јунајтед на својата официјална веб-страница го објави отказот на Ерик тен Хаг од функцијата главен тренер на тимот. Според „Атлетик“, англискиот клуб ќе му плати на холандскиот стручњак околу 20 милиони фунти за предвремен раскин на договорот. Да потсетиме, Ерик Тен Хег го презеде Манчестер Јунајтед во април 2022 година. Под негово водство, тимот го освои Лига Купот во 2023 година и ФА Купот во 2024 година. Минатото лето Холанѓанецот го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2026 година. Сепак, клубот ја започна новата сезона крајно неуспешно – Манчестер Јунајтед е на 14. место на табелата во Премиер лигата, што резултираше…

Read More

25-годишниот француски напаѓач Килијан Мбапе би можел да го напушти Реал Мадрид. Според „Дефенсацентрал“, Мбапе не се чувствува среќен во клубот откако се пресели од ПСЖ и јасно му е дека сè уште не ги оправдува очекувањата што му се поставени. Англискиот гигант Ливерпул е подготвен да го искористи ова. „Црвените“ подготвуваат трансфер бомба и можат да му понудат на Реал Мадрид 150 милиони евра за звездата од Франција. Изворот исто така појаснува дека и покрај се, размислувањата на Французинот засега остануваат само на мадридскиот клуб. Оваа сезона во Ла Лига, Мбапе одигра десет натпревари за Реал Мадрид и постигна шест гола.…

Read More

Напаѓачот на Ал Насер, Кристијано Роналдо се обидува да го убеди играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба да му се приклучи на саудискиот клуб, пренесува „ТутоЈуве“. Според изворот, 39-годишниот Португалец веќе го повикал Французинот во Ал Насер. Погба и Роналдо играа заедно за Манчестер Јунајтед во сезоната 2021/22. Јувентус претходно потврди дека 31-годишниот играч од средниот ред ќе го напушти тимот. На 29 февруари, Погба беше суспендиран на четири години поради прекршување на антидопинг правилата. Во неговото тело било откриено покачено ниво на тестостерон. Во октомври се дозна дека периодот на дисквалификација на играчот е намален од 4…

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и Шпанија, Родриго Ернандез ја освои Златната топка за 2024 година. Тој го победи напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор во битката за наградата. На третото место се најде Џуд Белингем. „Неверојатна вечер за мене. Им благодарам на сите. Сакам да им се заблагодарам на многу луѓе. Пред се, Франс Фудбал, УЕФА. Сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене. Денес е посебен ден за мене и моето семејство. Сакам да и се заблагодарам на мојата свршеница, немаше да биде исто без тебе, за се што ме научија во Париз.…

Read More

Шпанската судиска комисија ја објави вестa кој ќе го суди дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона. Битката која ја чека целиот свет е во сабота во 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“. По седми пат „Ел Класико ќе го предводи Хозе Марија Санчез Мартинез. Судијата од Мурсија дебитираше на „Ел Класико“ меѓу Реал – Барселона во 2017. Тогаш „кралевите“ победија со 2:0 во дуелот за шпанскиот Суперкуп. После тоа, Каталонците забележаа три последователни победи кога мечот го водеше Мартинез – 3:0, 5:1 и 3:0. Следеа две победи на Реал Мадрид со 2:1 и 3:1 во 2022, односно 2023 година. Фактите покажуваат…

Read More

Ноќеска беа одиграни четири натпревари од новата сезона во НБА лигата. Имаше мали возбудувања на некои од натпреварите, но генерално немаше изненадувања и фаворитите забележаа победи. Ноќта започна со битката меѓу Вашингтон и шампионот Бостон Селтикс. Шампионите немаа проблеми и го забележаа вториот успех во сезоната, победувајќи со 122:102. Во вториот натпревар во вечерните часови, Далас се соочи со Сан Антонио. Лука Дончиќ заврши со дабл-дабл во успехот на неговата екипа со 120:109. Во најочекуваниот дуел на вечерта помеѓу Денвер и Оклахома, гостите ја покажаа својата класа и си заминаа со убедлива победа со 102:87. Најнезивесен беше дуелот меѓу Сакраменто…

Read More