Реал Мадрид планира да го ангажира освојувачот на Златната топка од 2024 година, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, пренесува „АС“. Договорот на 28-годишниот Шпанец со англискиот тим е до летото 2027 година. Се вели дека играчот избира помеѓу продолжување на договорот со Манчестер Сити и преселба во кралскиот клуб. Според изворот, агентот на играчот Пабло Баркеро, кој го застапува и познатиот поранешен напаѓач Раул Гонзалес и има блиски контакти со раководството на клубот, веќе добил понуда од Манчестер Сити за Родри. Сепак, на Шпанецот, кој потекнува од Мадрид, му се допаѓ идејата да се врати во родниот…
Author: riste
Арсенал се надева дека капитенот Мартин Oдегард ќе се врати од повредата следната недела. Тој најверојатно ќе биде подготвен за игра откако ќе се опорави од повредата на скочниот зглоб. Капитенот на „топчиите“ се повреди додека настапуваше за норвешката репрезентација на почетокот на септември. Според последните извештаи, 25-годишниот фудбалер ќе се врати за гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите следната среда. Постои дури и шанса тој да биде во тимот на Микел Артета за саботното гостување кај Њукасл во Премиер лигата. Сепак, тој може да не се појави на теренот за тоа да не му пречи на неговото целосно…
Раководството на Реал Мадрид има намера да го продолжи договорот со бразилското крило на тимот Винисиус Жуниор, пренесува „Релево“. Според изворот, напаѓачот ги убедил своите претпоставени дека е способен да дава резултати на големи натпревари. Дополнително, раководството на шпанскиот гигант е загрижено за можен интерес за Винисиус од клубови од Саудиска Арабија, кои се подготвени да му понудат на играчот поголема плата. Во исто време и самиот Винисиус не брза да го обнови договорот со Реал Мадрид. Во моментов ситуацијата со продолжување на договорот не оди напред. Винисиус игра за Реал Мадрид од јули 2018 година. Севкупно, 24-годишниот Бразилец забележа…
Шпанската фудбалска федерација соопшти дека сите натпревари во регионот на Валенсија закажани за овој викенд се одложени поради поплавите во областа, во кои загинаа најмалку 95 лица, а десетици други се водат како исчезнати. Меѓу натпреварите кои нема да се одржат е и гостувањето на шампионот Реал Мадрид кај Валенсија, кое требаше да се одигра во сабота на 2 ноември во 21 часот. Одложено е и гостувањето на Виљареал кај Рајо Ваљекано, кое исто така требаше да се одржи во сабота. Откажани се и три натпревари од втората лига. Поради поплавите не се одиграа натпреварите меѓу Валенсија и Леванте во…
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари билатерална средба со министерот за спорт и млади на Република Црна Гора, г-дин Драгослав Шќекиќ и со членови од неговиот кабинет. На средбата беа разменети мислења и искуства во реализацијата на програми и проекти кои имаат за цел подобрување на условите за спортистите и унапредување на спортските активности во двете држави. Министерот Ристовски изрази уверување дека оваа средба ќе биде почеток на плодна соработка преку која Република Македонија и Република Црна Гора ќе успеат да ги издигнат спортските постигнувања на регионално и на меѓународно ниво. „На средбата изразивме обострана заложба за продлабочување на…
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не знае кога повредениот играч од средниот ред на Сити, Кевин Де Бруин ќе се врати на терените. Да потсетиме, Де Бруин на натпреварот со Интер во Лигата на шампионите на 18 септември претрпе оштетување на мускулот, а играчот оттогаш не е на теренот. „Би сакал да ви кажам и би сакал да се знам за себе, но не знам кога ќе се врати. Кевин се чувствува добро на тренинзите, но сепак го боли кога ја удира топката. Де Бруин во моментов не е во состојба за да го покаже својот квалитет. Тој се чувствува подобро,…
Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров денес го објави скратениот список на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2026 година. Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе одигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот се игра на 06.11.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот. Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија, а почетокот на натпреварот е закажан за 17:00 часот по локално време. Во скратениот список…
Атлетико Минеиро е првиот финалист на најпрестижниот јужноамерикански клупски фудбалски турнир, Копа Либертадорес. Бразилската екипа ја елиминираше Ривер Плата по ремито без голови во реваншот од полуфиналето и го доби дуелот благодарение на победата од 3:0 во првиот натпревар. Речиси 85.000 гледачи создадоа феноменална атмосфера на Естадио Монументал во Буенос Аирес, но не можеа да му помогнат на Ривер да ја анулира негативата од првиот натпревар и Атлетико успеа да извлече поволен резултат. Противникот на Атлетико Минеиро во финалето на Копа Либертадорес ќе биде познат вечерва откако ќе биде одигран реванш полуфиналниот натпревар во кој ќе се сретнат уругвајскиот Пењарол…
Валенсија побара од шпанската фудбалска федерација да го одложи натпреварот од Копа дел Реј против Парла Ескуела во Мадрид кој треба да се игра вечерва, откако во поплавите во југоисточниот дел на земјата загинаа неколку луѓе, а властите препорачаа да се избегнуваат несуштинските патувања, објави Ројтерс. Метеоролошката агенција АЕМЕТ во вторникот прогласи црвен аларм во источна Валенсија, додека пожарникарите спасуваа луѓе затрупани во надојдените води од бурата Дана. „Клубот смета дека одложувањето е најсоодветната мерка поради сериозните последици од Дана кои ги доживуваме во провинцијата Валенсија“, напишаа од клубот на својот профил на платформата Х. Валенсија, која е на дното…
Преселбата на Рубен Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед може да биде одложена за неколку недели поради отказниот рок во неговиот договор. Според „Дејли мејл“, преселбата на менаџерот на Спортинг Лисабон на „Олд Трафорд“ може да биде одложена за речиси еден месец. Манчестер Јунајтед се надеваше дека ќе го назначи Рубен Аморим за нов менаџер пред дуелот со Челзи во Премиер лигата овој викенд, откако во понеделникот го отпушти Ерик тен Хаг. Сепак, „Дејли Мејл“ тврди дека тој можеби нема да може да ја преземе одговорноста пред дуелот со Ипсвич на 24 ноември. Руд ван Нистелрој ќе биде привремен менаџер…
