Author: riste

Репрезентативниот напаѓач на Мароко, Амин Адли, го продолжи договорот со германскиот шампион Баер Леверкузен до 2028 година, објави клубот денес. Адли моментално се опоравува од фрактура на левата нога добиена на натпреварот од Лигата на шампионите против Брест во октомври. За Баер Леверкузен има 126 натпревари, постигна 21 гол и 22 асистенции. 24-годишниот играч одигра клучна улога минатата сезона кога Леверкузен ја освои двојната круна во шампионатот и германскиот куп. „Моите очекувања беа повеќе од исполнети и ќе направам се што е во моја моќ за да продолжиме да постигнуваме големи цели и да освојуваме трофеи“, прокоментира Адли. Спортскиот директор…

Read More

36-годишниот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски е подготвен да прифати намалување на платата за да го продолжи договорот со Барселона, кој е до летото 2026 година, на уште една сезона, пренесува „Sport.es“. Според изворот, и стручниот штаб на каталонскиот клуб сака Левандовски да продолжи да настапува за Барселона. Во исто време, од таборот на тимот ја разгледуваат опцијата да добијат уште еден напаѓач за ротација, со што на 36-годишниот играч ќе му се даде потребниот одмор. Полскиот фудбалер оваа сезона учествуваше на 16 натпревари на сите турнири, на кои постигна 19 гола и две асистенции. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната…

Read More

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го имаше својот редовен брифинг пред колото во Премиер лигата. „Топчиите“ се во серија од два порази во сите натпреварувања по поразите од Бурнемаут во Премиер лигата и Интер во Лигата на шампионите. Тимот ќе се соочи со Челзи во клучна пресметка за двата тима. „Во моментов немам поим за Деклан Рајс. Тој не тренираше и ќе видиме дали ќе можеме да го искористиме против Челзи викендов“, изјави Артета. Каи Хаверц и Микел Мерино имаат мали физички проблеми по пресметката во Лигата на шампионите, тврди шпанскиот тренер. Тирни, Калафиори и Томијасу се надвор од теренот,…

Read More

Македонија освои европска злато. Со освојувањето на златниот медал и одбрана на европската титула од пред две години, македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски го заврши Европското сениорско првенство во Атина. Тој во финалето беше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска и донесе втор медал за Македонија на Европското првенство. Во финалето во категоријата лоу-кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го совлада противникот. Македонскиот ки-кбоксер се пласира во финалето откако вчера со нокаут пред крајот на првата рунда беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис. Нашата земја од Европското кикбокс првенство во Атина се враќа со два медали, со златниот на…

Read More

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг го извести клубот за неговата желба да остане на Камп Ноу. Холанѓанецот нема намера да разгледува други понуди по крајот на сезоната, пишуваат медиумите во Шпанија. Двете страни се во активни преговори за обновување на договорот со Де Јонг. Актуелниот договор на играчот од средниот ред е до летото 2026 година. Пред почетокот на сезоната Барселона сакаше да продаде еден од своите главни играчи. Ова го разочара Де Јонг и тој самиот беше подготвен да си замине, но сега ситуацијата е поинаква. Играчот од средниот ред пристигна во Барселона во 2019…

Read More

Откако пред 24 часа ја објавија разделбата со Срѓан Захариевски, фудбалскиот клуб Вардар веднаш го назначи новиот предводник на првиот тим. Се работи за добро познато име во домашниот фудбал, Гоце Седлоски кој вторпат во кариерата ќе го води Вардар, а претходно беше и спортски директор. 50-годишниот Седлоски ќе биде четвртиот тренер на Вардар во тековната сезона, па останува да се види како ќе се снајде. Информацијата за ангажманот на Седлоски клубот ја објави на својот профил на социјалната мрежа „Х“ поранешен „Твитер“. „АД ФК Вардар го назначи Гоце Седлоски за нов Шеф на стручниот штаб на клубот“, стои во…

Read More

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота, ја истакна важноста на „бјанконерите“ да играат најдобро кога ќе гостуваат кај Лил во Лигата на шампионите денес. Тимот од Торино е пред тешка задача против тимот кој веќе приреди изненадувања против Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. „Сите натпревари се важни. Ние сме Јувентус и секогаш сакаме да победуваме. Најважно е секогаш да се трудиме да се подобруваме. Лил е многу самоуверен и сакаме да се соочиме со нив во оптимална состојба. Нашата цел е да дадеме повеќе од нашиот максимум“, рече Тиаго Мота за време на прес-конференцијата во понеделникот. Мота ќе го врати играчот…

Read More

Лошите резултати во ФК Вардар донесоа нову потреси и промени. Вардар ќе добие нов, четврти тренер оваа сезона, откако утрово клубот објави дека ја прекинува соработката со Срѓан Захариевски. 51-годишниот тренер го водеше Вардар на девет натпревари во шампионатот и забележа една победа, против Тиквеш во Кавадарци. „Захариевски не е повеќе тренер на Вардар. По вчерашниот пораз од Пелистер, двете страни спогодбено ја прекинаа соработката. За личности како Захариевски вратите во Вардар секогаш ќе бидат отворени“, информираат од Вардар. Срѓан Захариевски беше третиот тренер кој сезонава ја водеше екипата, после Горазд Михаилов и Горан Петрески. Вардар во моментов е на последната позиција на табелата во ПМФЛ со само…

Read More

Тренерот на Реал Мадрид – Карло Анчелоти не сака да го ризикува здравјето на првиот голман Тибо Куртоа на следните натпревари, што ќе го принуди да му ја даде довербата на резервниот чувар на голот Андриј Лунин на натпреварот против Милан во 4. коло во групната фаза на Лигата на шампионите, тврди Дефенса Централ. Според шпанското издание, белгискиот голман прави максимални напори да се опорави навреме за следниот натпревар и веќе се вратил на тренинзите со тимот, но клубот не сака да го изложи на ризик. Карло Анчелоти истакна дека е подобро голманот да ги пропушти претстојните натпревари против Милан…

Read More

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ја критикуваше арбитражата во првенството по натпреварот од 11. коло од турската Суперлига со Трабзонспор (3:2). „Ја обвинувам управата на Фенербахче што ме донесе овде, ми кажаа само половина од ситуацијата овде. Да ми ја кажаа целата приказна за судиската ситуација, немаше да дојдам овде! Јас не сум Турчин, вие сте Турци, не оставајте ја оваа судиска ситуација вака“, рече Мурињо по натпреварот со Трабзонспор. По 11 одиграни натпревари, Фенербахче е на второто место на табелата во турското првенство со 23 бода. Трабзонспор по ист број одиграни натпревари се наоѓа на 11. место со 12 бода.

Read More