Францускиот тим Рен го објави назначувањето на Хорхе Сампаоли за главен тренер на клубот. 64-годишниот фудбалски стручњак потпиша договор со францускиот клуб до 2026 година. Сампаоли претходно ја водеше репрезентацијата на Аргентина, како и клубови како Фламенго, Севиља, Марсеј, Атлетико Минеиро и Сантош. Во моментов Рен се наоѓа на 13. место на табелата во францускиот шампионат, со 11 бодови. На последните седум натпревари во Лига 1, тимот забележа една победа, претрпе четири порази и двапати ремизираше. Во следното коло Рен ќе се сретне со Лил. Натпреварот ќе се одигра на 24 ноември.
Author: riste
Натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лига Европа меѓу турскиот Бешикташ и Макаби Тел Авив ќе се одигра во Унгарија без навивачи поради тоа што се случи во Амстердам. Ова го објави прес-службата на Бешикташ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). Да потсетиме, навивачите на Макаби ТА беа нападнати во Амстердам по натпреварот од 3. коло од Лига Европа со Ајакс (0:5). „Одлучено е натпреварот од Лигата на Европа на УЕФА помеѓу Бешикташ и Макаби Тел Авив да се одржи во Дебрецен, Унгарија, единствената земја која се согласи да биде домаќин како резултат на преговорите меѓу нашиот клуб…
Британскиот велосипедист Марк Кавендиш ја заврши кариетара на 39 години. Велосипедистот вчера го претставуваше тимот на Астана Казакстан и ја заврши својата последна трка. Тој победи, додека Јаспер Филипсен го освои второто место, Арно де Ли на крајот заврши на третото место. „Во последните пет круга сфатив дека ова се последните 15 километри од мојата кариера. Бев загрижен дека ќе паднам или нешто слично ако се борам за водство. Не можев да сонувам за подобро испраќање од спортот. Се надевам дека сите уживаа“, изјави Кавендиш. Марк Кавендиш го држи рекордот за најмногу етапни победи на Тур де Франс (35). Во…
Тренерот на Арсенал, Микел Артета остана разочаран од ремито 1:1 со Челзи. Според шпанскиот стручњак, неговиот тим ги заслужил трите бода во лондонското дерби. „Во моментов не можеме да направиме ништо конкретно за нашата позиција на табелата. Ни требаат победи, победи, победи. Мора да научиме да покажуваме заби во тешки времиња. Разочарувањето што не ги освоивме трите бода е големо. Веројатно ќе биде уште поголем откако ќе ја погледнам снимката од натпреварот. Мислам дека доминиравме и бевме подобриот тим во повеќето ситуации во играта. Беше разочарувачки начинот на кој примивме гол. Беше толку лошо. Ова не ги задоволува нашите стандарди…
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед – Рубен Аморим денеска нема да може да започне со работа. Кога Аморим беше потврден за тренер на „црвените ѓаволи“ беше најавено дека ќе биде претставен на 11 ноември. Меѓутоа, според различни извештаи во Англија, Рубен Аморим сè уште нема добиено работна виза од органите за труд на островот. Секако, станува збор за бирократски случај, кој се очекува од „Олд Трафорд“ да го решат што е можно поскоро. Добрата вест за раководството на Јунајтед е што нема да има натпревари во Премиер лигата во следните две недели поради паузата на репрезентацијата.
Германскиот напаѓач Денис Ундав е изоставен од националниот тим за претстојните два натпревари во Лигата на нации и на негово место дојде крилото на Баерн Минхен, Лерој Сане, објави Германскиот фудбалски сојуз. Ундав од Штутгарт го пропушти вчерашниот домашен дуел во Бундеслигата со Ајнтрахт Франкфурт, но германскиот селектор Јулијан Нагелсман се надеваше дека ќе може да се опорави од повредата на мускулот навреме за да се приклучи на својата репрезентација против Босна и Херцеговина следната сабота и против Унгарија три дена подоцна. Наместо Дениз Ундав, Сане беше повикан во Германија за прв пат по Европското првенство. Поради неговите постојани фитнес…
Фудбалерите на Барселона загубија со 0:1 од Реал Сосиедад, а објаснувањето е едноставно – избраниците на Ханзи Флик не упатија ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол. Ова не им се случило на Каталонците во Ла Лига повеќе од 10 години. Така Барса го повтори антирекордот од септември 2014 година против Малага (0:0). Против Реал Сосиедад фудбалерите на каталонскиот гигант упатија 11 удари кон противничкиот гол, но ниту еден не беше кон голот. Во 13. минута голот на Роберт Леандовски беше поништен поради офсајд.
Македонската ракометната репрезентација го забележа првиот пораз во квалификациите за следното Европско првенство. По победата на домашен терен против Естонија (37:33), нашата најдобра ракометна селекција во драматичен натпревар беше надиграна и поразена од Литванија со резултат 29:27. Селекторот Кирил Лазаров направи една измена во составот во однос на претходниот натпревар против Естонија. На местото на Мартин Томовски во составот се најде младиот Иван Галевски. Сепак Марко Кизиќ доби предноста меѓу стативите. Домашните ракометари добро го започнаа натпреварот , дојдоа до предност од 4:2, а потоа имаа преност и од 9:5 во првиот дел. Македонија успеа да се врати во натпреварот…
Барселона одлично ја започна новата сезона, а еден од најзаслужните за тоа е полскиот напаѓач Роберт Левандовски. Тој има постигнато 14 гола во Ла Лига и моментално е најдобар стрелец на тимот, а шпанските медиуми пишуваат дека би можел да потпише нов договор. Напаѓачот има договор со тимот до јуни 2025 година, но доколку одигра повеќе од 55 % од натпреварите, неговата соработка ќе биде продолжена за уште една сезона, но ќе добива и помала плата. Левандовски моментално заработува 32 милиони евра годишно, но доколку го продолжи договорот ќе добие 26 милиони евра.
Тренерот на Олимпик Марсеј, Роберто Де Зерби, ги мотивирал играчите на својот тим со помош на проектор за да им ја покаже понудата што му беше испратена од Манчестер Јунајтед. Оваа информација беше објавена од страна на „Л’Екип“ на социјалната мрежа X (поранешен Твитер). „Овде можев да бидам, но ја ставам страста пред парите. Дојдов во Марсеј поради страст“, изјави италијанскиот тренер. Се нагласува дека во договорот што им го покажал на играчите Де Зерби имало и информации за платата што му ја понудил англискиот клуб. По 11 кола во францускиот шампионат, Марсеј има освоено 20 бода и се наоѓа на третото…
