Ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд го одбил предлогот на неговиот клуб да го потпише новиот договор. Во исто време, сепак, тој најави дека нема да му се приклучи на Реал Мадрид во зима, како што се појавија информации. Играчот на лето ќе може да се пресели во шпанската престолнина како слободен играч. Дотогаш, сепак, тој ќе остане во Ливерпул бидејќи сака да „замине на најдобар можен начин, со титули, а не на средина на сезоната“. Англискиот гигант оваа сезона се обиде да ги обнови договорите на голем број ѕвезди, меѓу кои и Александер-Арнолд, чиј договор е до летото 2025 година.…
Author: riste
Баерн Минхен не се откажува од напорите да го задржи канадскиот репрезентативец Алфонсо Дејвис и покрај гласините дека Реал Мадрид е блиску до негов потпис. Според германскиот весник „Билд“, 24-годишниот играч добил нова понуда за продолжување на договорот со Баварците. Актуелниот договор на Дејвис истекува следното лето, што значи дека веќе во јануари ќе може да потпише преддоговор со друг клуб. Според изворите, играчот од средниот ред споделил со колегите во соблекувалната на Баерн за новата понуда од клубот. Покрај интересот на Реал Мадрид, кон Дејвис гледаат и други европски гиганти, меѓу кои и Манчестер Јунајтед. Баварците се соочуваат со…
Германскиот тим Хофенхајм и официјално го назначи Кристијан Илцер за нов тренер, соопшти бундеслигашот. Илцер пристигнува од австриски Штурм Грац. Тој потпиша „долгорочен договор“, додаде Хофенхајм без да соопшти повеќе детали. Весникот „Билд“ откри дека договорот на специјалистот е до 2027 година, а Хофенхајм платил трансфер од 2,5 милиони евра. „По турбулентни неколку дена, навистина се радувам на новите предизвици и запознавање со играчите и тимот“, коментира Кристијан Илцер во изјавата. Илцер го замени Пелегрино Матарацо, кој беше отпуштен во понеделникот по ремито 0:0 со Аугсбург. Одлуката беше реакција на 15-тото место на тимот на табелата во Бундеслигата.
Со својот дебитантски погодок, дефанзивецот Никола Серафимв вчера ги обезбеди трите бода за Македонија на мечот со Летонија. По средбата тој изјави дека најважна е победата, а сега се ќе биде насочено кон неделниот дуел со Фарските Острови. „За тоа за што се подготвувавме, се случи денеска. Знaевме дека се добар противник и дека ќе дојдат со цел да направат проблеми. Беше тешко да се пробие нивниот дефанзивен блок, особено на овој терен каде топката споро се движеше. Имавме одредени пропусти во првиот дел, кој ги анализиравме на полувремето и потоа се поправивме во вториот дел. Најважни се трите бода,…
Македонската фудбалска репрезентација ја продолжи победничката низа во Лигата на нации, откако синоќа во Скопје со 1:0 ја победивме и Летонија. На прес-конференцијата по мечот, селекторот Милевски уште еднаш им честиташе на фудбалерите и најави атак на нови три бода против Фарските Острови в недела. „Честитки за фудбалерите, за истрајноста и трпеливоста. Едноставно момците беа решени да го добијат овој меч, имавме шанси да го затвориме и порано, но не реализиравме неколку добри шанси. Одбраната секако беше ниво. Повторно не примивме гол. Со евентуалната победа против Фарски Острови ќе имаме привилегија по вторпат да бидеме дел од баражите за светско.…
Фудбалската репрезентација на Македонија ja победи Летонија со 1:0 и по пет одиграни натпревари и официјално го обезбеди првото место во групата во Лигата на нациите. Нашите репрезентативци тешко дојдоа до победата и три бода од оваа средба која се одигра на Националната арена „Тодор Проески“, а клучниот момент се случи во 58.минута кога со голот на Никола Серафимов дојдовме до предност од 1:0 што беа доволни за заверување на лидерската позиција во групата 4. Со оваа победа Македонија влезе во серија која досега и се нема случено, а тоа е да врзе четири натпревари без примен гол. Македонија тргна со офанзивна формација, но првио…
Фудбалерите на Спортинг Лисабон, Гонсало Инасио, Усман Диоманде и Зено Дебаст се на мета на Реал Мадрид. Според одредени извори, Кралскиот клуб сака да ја засили одбранбената линија откако централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Едер Милитао ги повреди вкрстените лигаменти и ќе паузира до крајот на оваа сезона. Договорите на 23-годишниот Инасио и 20-годишниот Диоманде се потпишани со Спортинг до летото 2027 година. Договорот на 21-годишниот Дебаст е до летото 2029 година. По 12 натпревари од шпанската Ла Лига, мадридскиот клуб има 27 бодови и моментално е на второто место.
Според извештаите од Шпанија, Чаби Алонсо ќе го напушти Баер Леверкузен на крајот од сезоната 2024/25. Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул и Реал Мадрид е еден од најпочитуваните млади тренери откако минатата година ја предводеше германската екипа до сезона без пораз во домашното првенство. Актуелниот договор на шпанската легенда со шампионот во Бундеслигата истекува во летото 2026 година, но според Еуроспорт Шпанија, тој всушност ќе замине една година порано. Алонсо минатата сезона беше поврзуван и со Ливерпул и со Реал Мадрид по неговата извонредна работа со Баер Леверкузен, кој ја загуби шансата за невидена сезона без пораз во…
Италијанскиот фудбалски тренер Клаудио Раниери и официјално е нов предводник на италијанскиот гигант, Рома. Раниери ја прифати понудата и се враќа од пензија за да му помогне на тимот кој е во незавидна ситуација и во моментов е на дванаесеттата позиција во Серија А. Славниот фудбалски стрчњак минатата сезона реши да престане со тренерската работа откако му завршија обврските во Каљари, но не можеше да одолее на повикот од неговата „стара љубов“ – Рома, каде веднаш беше пречекан со воодушевување од бројките навивачи. За Раниери ова ќе биде трета етапа на клупата на „волчицата“. Рома се раздели со Иван Јуриќ, а со Раниери на…
Селекторот на Летонија, Паоло Николато, пред утрешниот дуел со Македонија во Скопје најави агресивно ниво на игра на својата репрезентација и обид да се направи изненадување. „Македонија е одличен тим, но ние мора да ја играме нашата игра, да се потрудиме да ја наметнеме нашата филозофија, и секако да се обидеме да извлечеме максимум. Барам од моите играчи агресивност на високо ниво, барам правилен пристап. Ние сме пласирани 80% но сепак, сеуште не е готово. Македонија е добар тим, но ние сме задоволни како одигравме на тие дуели иако загубивме. Сакаме да се натпреваруваме, немаме намера да се оптеретуваме со…
