Ракометната федерација на Македонија денес изрече сериозни казни за клубовите ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје, кои беа во центарот на вниманието по случувањата кои беа окарактеризирани како неспортски, неморални и спротивни на фер-плеј начелата. Двете екипи одиграа натпревар од Купот на Македонија во кој си постигнуваа авто-голови и предизвикаа огромно чудење во јавноста, а по преземените дејствија, Ракометната федерација одлучи да ги исклучи од натамошно натпреварување и им ја изрече најстрогата дисциплинска санкција – исклучување од ракометната федерација. Строга казна добија челните лица на клубовите и тренерите Валентина Радуловиќ и Веселинка Тренковска, чии лиценци се одземаат во времетраење од две години, а…
Author: riste
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо сака да го засили својот тим со напаѓачот на Ал-Насер, Андерсон Талиска, пишува новинарот Руди Галети. Бразилецот е подготвен за нов предизвик и е би сакал да направи трансфер. Ал-Насер исто така не е против да го продаде 30-годишниот фудбалер,затоа двата клуба се очекува да започнат преговори за трансферот во наредните недели. За Талиска летото беше заинтересиран Фенербахче, но тогаш не беше постигнат договор. Напаѓачот веќе има искуство во турскиот шампионат, каде беше дел од Бешикташ. Талиска е дел од Ал-Насер од летото 2021 година. Во оваа сезона одигра 17 натпревари на кои постигна 8…
Раководството на Баерн Минхен сака да го обнови договорот со дефанзивецот Дајо Упамекано. 26-годишниот фудбалер е клучен дел од тимот на Винсент Компани од почетокот на сезоната, а Белгиецот е многу задоволен од неговиот настап. Актуелниот договор на францускиот репрезентативец истекува во летото 2026 година. Баварците веќе ги известиле претставниците на Упамекано, а се очекува во наредните недели да започнат официјални преговори за нов договор. Изминатото лето, иднината на Упамекано на „Алијанц Арената“ беше доведена во прашање. Сепак, тој му се допаѓа на Компани, бидејќи Белгиецот многу сака да го има во својот тим. Дајо Упамекано дојде во Баерн во…
Премиерлигашот Ливерпул и Мохамед Салах се уште не се договориле за продолжување на договорот на играчот. Според новинарот на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг, двете страни продолжуваат со преговорите, но допрва треба да постигнат договор. Размислувањата на клубот и играчот за деталите од соработката се многу различни. Договорот на египетскиот интернационалец со Ливерпул е до крајот на тековната сезона. Мохамед Салах има опции да ја продолжи кариерата во Европа и Саудиска Арабија.
Италијанската екипа Рома е во потрага по нов тренер по отказот на Иван Јуриќ. Според „Кориере дело Спорт“, раководството на Рома покажува интерес за холандскиот стручњак Ерик тен Хаг, кој го напушти англискиот Манчестер Јунајтед. Манчестер Јунајтед ја објави оставката на Ден Хег на 28 октомври. Да потсетиме, Тен Хаг дојде на клупата на Манчестер Јунајтед во април 2022 година. Под негово водство, тимот го освои Лига Купот во 2023 година и ФА Купот во 2024 година. Минатото лето Холанѓанецот го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2026 година. Но, клубот имаше крајно неуспешен старт на новата сезона – Манчестер Јунајтед…
Екипата на Винипег станаа најбрзиот тим со 15 победи во историјата на НХЛ лигата, откако синоќа во Медисон Сквер Гарден го победија Њујорк Ренџерс со 6:3 во нивниот 16-ти натпревар од сезоната. Претходните лидери според овој статистички податок беше Бостон (2022-23), Отава (2007-08), Бафало (2006-07), Филаделфија (1985-86) и Бостон (1929-30), кои го направија тоа во 17 натпревари. Винипег успеа да дојде до седмата победа во низа на гости и го освои 30-от бод во сезоната. Њујорк Ренџерс привремено го зазема четвртото место, пет поени зад лидерот Њу Џерси.
Раководството на Барселона продолжува напорно да бара замена за Роберт Левандовски. Каталонскиот клуб бара замена за напаѓачот кој следното лето ќе наполни 37 години, пишува „Диарио Спорт“. Приоритетна опција е трансферот на Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, но тоа е малку веројатно поради тешката финансиска ситуација во клубот. Токму поради оваа причина, тимот размислува за други опции, далеку поевтини играчи. Како алтернативни кандидати се сметаат Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон и Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт. Во последниот споменат играч, скаутите на Барса гледаат сестран играч способен да игра на три напаѓачки позиции. Во тековната сезона во Бундеслигата, 25-годишниот играч…
Екипата на Баерн Минхен беше строго санкционирана поради навивачите. Приврзаниците на клубот му донесоа казна од 150 илјади евра за употреба на пиротехнички средства. Санкцијата е од страна на спортскиот суд на Германската фудбалска федерација. Навивачите запалија околу 70 факели за време на натпреварот против Улм (4:0) во првото коло од Купот на Германија на 16 август. Баварскиот гигант ја прифати одлуката на судот.
Спортскиот директор на Барселона Деко изјави дека сака играчот од средниот ред на Каталонците Гави да остане во тимот уште многу години. Младиот играч на Барселона се врати на теренот по тешката повреда, откако оваа сезона веќе забележа шест настапи за тимот. „Гави претставува се што е Барса. Тој е посебен играч. Неговиот карактер и она што го покажува на теренот е се што треба да има еден фудбалер. Исто така, тој има само 20 години, но изгледа 26 или 27… За него нема подобар клуб од Барса. Мислам дека Барселона ќе стане одличен тим со играчи како Гави, Кубарси,…
Дефанзивецот на Челзи и Франција, Весли Фофана е изоставен од тимот на Франција за двата меча против Израел и Италија во Лигата на нации, соопшти федерацијата. Тој беше заменет во тимот на тренерот Дидие Дешамп со дефанзивецот на Интер, Бенжамин Павард. „Фофана чувствува болка во левото колено по неделниот натпревар помеѓу Челзи и Арсенал“, напишаа од Француската фудбалска федерација. Репрезентативецот на Франција од Челзи веќе доби дозвола за септемвриските натпревари да се опорави од повредата што го оддалечи долго време минатата сезона. Фофана ги скина вкрстените лигаменти на коленото непосредно пред почетокот на сезоната 2023-2024, откако минатата сезона не одигра…
