Author: riste

Навивачите на Реал Мадрид го повикуваат 38-годишниот поранешен централен бек на оваа екипа, Серхио Рамос да се врати во клубот поради тешката повреда на Едер Милитао поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната. Во моментов шпанскиот фудбалер е без клуб. Навивачите на Реал Мадрид почнаа да го повикуваат Рамос да се врати во клубот откако тој сподели видео на кое тренира, на кое се гледа дека 38-годишниот играч е во добра физичка форма. „Ни требаш капитене“, напиша еден навивач на Реал Мадрид во коментарот под објавата на Рамос на неговата социјална мрежа. „Ве молам, поддржете го Реал Мадрид, немаме дефанзивци, сите се…

Read More

Повредата на Трент Александер-Арнолд ја засени победата на Ливерпул од 2:0 против Астон Вила во Премиер лигата синоќа, откако англискиот дефанзивец беше заменет во првото полувреме, како што рече менаџерот Арне Слот, како „сериозна“ доза на внимателност. Александер-Арнолд го напушти теренот истегнувајќи ја десната тетива во 25. минута од натпреварот. Победата му помогна на Ливерпул да обезбеди предност од 5 бода на врвот на моменталната табела во Премиер лигата. 26-годишниот фудбалер беше вклучен во тимот на Англија за претстојните натпревари во Лигата на нации против Грција и Република Ирска, но Слот рече дека би бил изненаден доколку Трент Александар-Арнолд може…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е се позагрижен за нивото на неговата игра во Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Според изворот, 25-годишниот фудбалер е под притисок и од тоа што вторпат по ред не добива повик во француската репрезентација, исто така е во судски спор со својот поранешен клуб ПСЖ, а медиумите претходно ја истакнаа неговата можна вмешаност во силување кое се случило во еден од хотелите во Стокхолм. Сепак, Мбапе е активно поддржан од останатите играчи на Кралскиот клуб, кои не му дозволуваат да „падне во очај“. Се нагласува дека напаѓачот си нашол добар пријател во Брахим Дијаз. Него го бодрат…

Read More

Преговорите меѓу Ливерпул и десниот бек Трент Александер-Арнолд за продолжување на неговиот договор, кој завршува во летото 2025 година, се заглавени. Ова го пренесува „Сан“. Според изворот, англискиот клуб не сака значително да ја зголеми платата на 26-годишниот фудбалер и да го направи поскапо платен тимски играч од напаѓачот Мохамед Салах и централниот дефанзивец Вирџил ван Дајк, со кои исто така се преговара за продолжување на нивните договори со клубот. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат интерес за Александар-Арнолд, но фудбалерот се уште нема донесено конечна одлука за својата иднина.

Read More

Баерн Минхен е решен следното лето да ја ангажира ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, со неколку опции како да го направи тоа. Според „Билд“, Баварците се подготвени да го вклучат во зделката еден од нивните најголеми таленти – Паул Ванер. 18-годишниот офанзивен играч за врска, кој моментално е на позајмица во Хајденхајм, им се допаѓа на „фамацевтите“ и од Алијанц Арената планира да го искористи овој факт. Челниците на Баерн се подготвени да го понудат Ванер како средство за договарање во зделката, а згора на тоа да додадат и сериозна сума на пари. Паул Ванер одлично ја започна сезоната,…

Read More

Ливерпул планира да потроши сериозна сума на пари за една од своите трансфер цели. Станува збор за голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш. „Црвените“ сакаат да го имаат офанзивниот фудбалер во својот состав уште во јануари, а во Англија тврдат дека клубот од „Енфилд“ е подготвен да понуди 60 милиони фунти за египетскиот интернационалец. Многумина потегот на Ливерпул го протолкуваа како обид да се најде замена за Мохамед Салах, чиј договор истекува на крајот од сезоната и во моментов нема индикации дека ќе биде обновен. Мармуш има импресивна сезона во Бундеслигата, а напаѓачот постигна 13 гола на 15 натпревари од…

Read More

Раководството на Рома започна преговори со Роберто Манчини. Во недела се очекува клубот да го ослободи досегашниот тренер Иван Јуриќ, кој не ги оправда очекувањата откако го презеде тимот на почетокот на сезоната. Според „Газета дело Спорт“, Јуриќ ќе биде сменет од функцијата без разлика на резултатот против Болоња во недела. Јуриќ во досегашните единаесет натпревари на чело на Рома забележа четири победи, три нерешени и четири порази. Роберто Манчини од неодамна е без работа, откако беше отпуштен од Саудиска Арабија, каде беше селектор н анационалниот тим. Еден од условите кои специјалистот ги постави пред раководството на Рома е да…

Read More

Раководството на Манчестер Сити верува дека менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, чиј договор истекува летото 2025 година, ќе остане во клубот уште една сезона, по што ќе ја преземе подготовката на една од репрезентациите за Светското првенство во 2030 година, објави Атлетик во петокот. Според изворот, Бразилската фудбалска федерација е исклучително заинтересирана за услугите на каталонскиот стручњак. Гвардиола исто така е отворен за оваа можност. Шпанецот беше поврзуван и со селекторската функција на Англија, но на тоа место сега е Германецот Томас Тухел. Сега, сепак, Диари АС напиша дека и покрај гласините за контакт помеѓу бразилската федерација и Гвардиола, воопшто…

Read More

Денес во Скопје се одржува дебрифингот за Медитеранските игри (на плажа) на кој учествуваат 26 Национални олимписки комитети, 8 Меѓународни спортски федерации како и Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ). Генералниот секретар на МКМИ, Јаковос Филипусис најнапред го додели највисокото признание “Трофеј на Медитеранските игри“ на претседателот на МОК, Даниел Димевски за успешниот долгогодишен развој на медитеранското спортско движење. Посебни награди МКМИ им додели и на Владимир Богоевски и Мирко Димчевски како освојувачи на медали на Медитеранските игри. Посебен осврт и анализа беше даден на Медитеранските игри на плажа Хераклион 2023, а беа претставени и плановите за идните Медитерански игри…

Read More

Баерн му испрати последна понуда на 24-годишниот лев бек Алфонсо Дејвис за продолжување на неговиот договор кој завршува следното лето, објави „Билд“. Според изворот, клубот од Минхен ги подобрил условите за канадскиот фудбалер, но не сака да ја дестабилизира ситуацијата во тимот. Сепак, поверојатно е Дејвис да го напушти Баерн во летото 2025 година. Се нагласува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди на 24-годишниот играч плата од 15 милиони евра по сезона, како и бонус за потпис од 10 милиони евра. Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Дејвис уште подобри услови. Оваа сезона, дефанзивецот учествуваше на 14 натпревари на…

Read More