Author: riste

Во соблекувалната на Реал Мадрид има одредено незадоволство поради постапките на напаѓачот на тимот Килијан Мбапе, пренесува „Релево“. Според изворот, тоа се должи на фактот што Французинот не вежба доволно во одбраната. Така, на мечот со Барселона истрча само осум километри. Играчите обрнуваа внимание на оваа нерамнотежа и разговараа како да ја променат. Поради ова, другите играчи мора да работат повеќе на одбраната. Главната „жртва“ беше Џуд Белингем. Англичанецот сега трча многу повеќе од порано. Тимот сака Килијан да биде самокритичен и да разбере дека работата на одбраната е исто така важна. Тренерскиот тим разгледува различни опции за решавање на проблемот. Една…

Read More

Привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој зборуваше за натпреварот од 10. коло од англиската Премиер лига со лондонски Челзи (1:1). „Генерално, тоа беше многу добар натпревар. Играчите навистина добро се бореа на секоја педа од теренот. Беше многу убаво да се гледа. Со оглед на сите шанси што ги создадовме, можевме да постигнеме уште еден гол и да го добиеме натпреварот. Штета е што не можевме да го направиме тоа. Генерално, малку сум разочаран што не победивме. Ова беше емотивен натпревар, речиси цела недела со толку многу случувања. Мојата работа беше да одржувам рамнотежа во тимот. Дојдов тука да му…

Read More

Фудбалерите на Пелистер славеа минимално во дерби дуелот со Вардар (1:0) во 13. коло на ПМФЛ. Со голот на Мирко Ивановски домашната екипа дојде до победата во судиското продолжение. По натпреварот, своето видување на дербито го кажа тренерот на Пелистер, Влатко Костов. „На теренот се водеше бескомпромисна и фер борба. Имаше емоции од двете страни и желба за победа, но како што ние заслуживме повеќе на првиот меч, денес Вардар заслужи нерешено. Тогаш среќата беше на нивна страна, а сега беше на нашата. Моите момци со желбата и со сè прикажано, едноставно изгореа на теренот. Ова ни е подарок за досегашната работа,…

Read More

Португалскиот фудбалски стручњак Рубен Аморим е новиот тренер на Манчестер Јунајтед, соопшти денеска трикратниот европски шампион. Како што е објавено на клупската веб-страница, 39-годишниот Аморим потпишал договор со челниците на „црвените ѓаволи“ до јуни 2027 година, со опција за продолжување на договорот на уште една сезона. „Рубен Аморим ќе му се приклучи на нашиот клуб во понеделник на 11 ноември. Рубен е еден од највозбудливите и најценетите млади професионалци во Европа. Освои трофеи и како играч и како тренер“ – пишува во соопштението на клубот и се додава дека до доаѓањето на Португалецот, Јунајтед од клупата на следните три натпревари…

Read More

Во Бахреин на Светската гимназијада за средни училишта, нашата кошаркарска селекција во баскет 3Х3 го освои одличното 4. место. Нашата репрезентативна тројка, Сергеј Младеновки, Бојан Димитриев и Стефан Стојковиќ стигна до самата завршница на натпреварите во баскет 3Х3. Во конкуренција на 37. репрезентации од целиот средношколски свет, нашиот машки баскет тим, предводен од професорот и ментор, Вјенцислав Рангелов, го освои одличното четвртто место. Добри игри на овој грандиозен собир на средношколците од целиот свет, прикажа и нашата женска 3Х3 селекција во состав: Мила Илијевска, Невена Стефановска, Антонија Тодоровска и Нена Георгиевска, предводена од тренерот Ведран Белешковски.

Read More

Шпанскиот Реал Мадрид ќе има многу силна конкуренција во обидот да го привлече дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд. Според информациите на шпанското издание „Спорт“, францускиот гигант Пари Сен Жермен по завршувањето на сезоната ќе наддава за англискиот интернационалец. Како што е познато, договорот на Арнолд со Ливерпул истекува на крајот од актуелната сезона, а во моментов дефанзивецот одбива да започне преговори за негово обновување со „црвените“. Блиски извори до Реал тврдат дека токму англискиот интернационалец ќе биде приоритетна мета на „кралевите“ на лето. Доколку Ливерпул не успее да го задржи Трент Александер-Арнолд, тогаш неговиот трансфер од Енфилд ќе биде бесплатен,…

Read More

Раководството на Атлетик Билабо ќе се обиде да започне итни преговори со ѕвездата на тимот, Нико Вилијамс. Шпанскиот репрезентативец беше дел од една од трансфер сагите на летото, но на крајот остана во баскискиот клуб. За него имаше многу сериозен интерес од Барселона, но договорот никогаш не се оствари. Се очекува на лето Барселона да тргне во нова офанзива за Вилијамс, па токму поради оваа причина Атлетик Билбао ќе се обиде да му понуди нов договор на својот играч со значително зголемена откупна клаузула. Во моментов таа е со износ од 60 милиони евра, што не би било проблем за…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер по пауза од две децении ја запиша првата победа во ракометната Лига на шампионите, а премиерна во овој формат. На гостувањето во Одензе, Еурофарм Пелистер со одлична игра во второто полувреме го совлада домашниот состав на Фредериција и се искачи на шестата позиција на табелата во групата А. По средбата своите импресии од натпреварот ги искажа привременото решение на тренерската позиција, Звонко Шундовски. „Сакам да му честитам на мојот тим за победата. Одигравме одлично, славевме над квалитетна екипа.  Ова не беше натпревар без грешки, особено ги имавме во првото полувреме, но во тој период трипати се вративме од негатива од…

Read More

Кралскиот клуб, Реал Мадрид ја покажува својата хуманост со потегот кој го направи управата на Реал Мадрид која донесе одлука да донира сума од еден милион евра, која ќе биде искористена за настраданите во големите поплави што ја зафатија Шпанија, а најмногу настрада регионот на градот Валенсија. Токму Реал Мадрид требаше утре да игра првенствен меч против Валенсија, но истиот е откажан поради тридневната жалост што ја прогласи шпанската држава, а сега управата објави дека издвоила сума од еден милион евра, која ќе им помогне на оние што најмногу загубија во оваа природна катастрофа. Досега над 95 лица официјално го…

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до првата победа во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен. Македонскиот тим славеше во Данска против Фредериција со 23-25. Одлично издание на екипата на Еурофарм Пелистер посебно во одбрана, а голманпот Никола Митревски со 15 одбрани беше фантастичен на голот на Еурофарм Пелистер. Битолчани први поведоа преку Петар Атанасијевиќ, а до крајот на првиот дел домашната екипа беше во водство, со тоа што нашуот шампион успе ада израмни пред крајот на првото полувреме на 9:9, а фредериција со серија од 3:0 дојде до предност од 12:9 по првото полувреме. На стратот на вториот дел домашната екипа поведе до 13:11.…

Read More