Author: riste

Напаѓачот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Англија, Хари Кејн присуствуваше на откривањето на статуата во негова чест. „Тоа е горд момент за мене да се вратам таму каде што започна мојот фудбалски живот и да го откријам споменикот. Се надевам дека ова ќе помогне да се инспирира следната генерација фудбалери да работат напорно и да веруваат во себе“, напиша Кејн на социјалната мрежа X (поранешен Твитер). Скулптурата беше откриена во Лондон во спортскиот центар каде напаѓачот почна да игра на шестгодишна возраст. Според Дејли Мејл, изградбата на статуата чинела 7,2 илјади фунти. Оваа сезона Кејн одигра 16 натпревари за клубот во…

Read More

Македонската кошаркарска репрезентација се наоѓа пред пред најважните два натпревари во квалификациите за следното Европско првенство. Нашата најдобра кошаркарска селекција ја очекува двомеч со Литванија, против која ќе играме најнапред во Скопје, а потоа и во Клаипеда. На денешниот собир селекторот Александар Јончевски ги искажа очекувањата за двата натпревари и истакна дека неговите момци ќе дадат сè од себе за да победат барем на еден. „Ова се најважните два натпревари во овој квалификациски циклус. Ситуацијата е таква што мораме да победиме на барем еден меч за да ги задржиме шансите за пласман на Европското првенство. Литванија е фаворит, јасно е дека…

Read More

Екипата на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер започнува нова страница во своето работење. Денес и официјално шпанскиот стручњак Раул Алонсо беше претставен пред јавноста и медиумите како нов тренер на Еурофарм Пелистер. 45-годишниот ракометен тренер потпиша договор на една и пол година и веќе го одработи првиот тренинг. Него го дочека спортскиот директор Звонко Шундовски, кој го запозна со клубот, градот и проектот. Раул позираше со клупски обележја и ќе биде првиот шпански тренер во битолскиот клуб. Шпанскиот стручњак во Битола дојде откако до минатата сезона работеше во бундеслигашот Ерланген во сезоната 2022/23. Поранешното лево крило кое цела професионална кариера ја мина во…

Read More

Селекторот на нашата најдобра фудбалската репрезентација, Благоја Милевски, потврди дека Елиф Елмас, нема да игра на утрешниот меч со Фарски Острови кој ќе биде последен во рамките на Лигата на нации. „Фарски острови покажува во континутет добри партии, не само на последниот меч. Станува збор за силен состав, физички моќен и со многу агресивен пристап и многу трчање. Мислам дека ќе ни биде потешко отколку со Летонците“ – потенцираше Милевски. „Иако е решена ситуацијата околу првото место, сакаме да обезбедиме големи 16 бодови и да бидеме уште поконкурентни за пласман на Светското првенство преку Лигата на нации. Мислам дека играчите…

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, очекува со победа против Фарски острови да го заокружиме циклусот во Лигата на нации.   „Како што рече и селекторот, постои тој мал замор кај фудбалерите бидејќи играме во три дена два меча но, тоа не е прв пат. Секогаш сакаме да го дадеме најдоброто. Треба да бидеме фокусирани и доколку го дадеме максимумот мислам дека може да освоиме три бода“ – вели Трајковски. „Тоа ќе биде шанса да го завршиме максимално успешно овој циклус во Лигата на нации и тоа на домашен терен. Треба сите да го ставиме во втор план заморот и да…

Read More
NBA

Koшаркарот на Сакраменто, Демар Дерозан, поради здравствени проблеми, не се појави на ноќешниот меч во НБА лигата против Минесота кој заврши во продолжение со победа на „волците“ со 130 спрема 126. Ѕвездата на „кралевите“ се повреди во средата на мечот со Феникс и засега не се знае кога ќе може да се врати на терените. 35-годишниот ветеран во текот на сезонава за неговиот нов клуб реализираше во просек  24,8 поени .

Read More

Новиот менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека фактот што ќе работи со релативно млади играчи нема да биде оправдување за евентуален неуспех. „Не сакам да кажам дека ни треба време бидејќи сме млад тим. Фудбалерите се тука и мораат да бидат подготвени за предизвикот, младоста не смее да ни биде алиби. Секогаш ќе одиме на победа“ – вели Аморим. Тој ќе дебитира на клупата на „црвените ѓаволи“ на 24 ноември на мечот со Ипсвич во рамките на Премиер-лигата.  

Read More

Фудбалерот на Португалија, Кристијано Роналдо, призна дека не размислува да ја достигне границата од 1.000 голови во професионалната кариера. „Да бидам искрен, не ни размислувам за бројката од 1.000 погодоци во мојата кариера. Се разбира, секогаш сакате да направите историја но, сега не се фокусирам на таков рекорд“ – потенцираше членот на екипата на Ал Наср која игра во шампионатот на Саудиска Арабија. 39-годишниот напаѓач досега има постигнато 910 голови во различни конкуренции вклучувајќи ги и настапите за селекцијата на Португалија.

Read More

Боксерскиот меч меѓу Џејк Пол и Мајк Тајсон кој му припадна со одлука на судиите на американски Јутјубер и инфлуенсер, им донесе одлична заработката на двајцата. Победникот  ќе добие на контото импресивни 40 милиони додека легендарниот Тајсон кој по долг период се врати во рингот, ќе инкасира 20 милиони долари. Заработките од продажбата на правата за мечот, спонзорствата и другите дополнителни активности, сигурно ќе го зголемат нивниот приход.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денеска го одработи последниот тренинг пред утрешниот меч со Фарски острови во последната рунда во Лигата на нации. Мечот со Фараните ќе биде одигран в недела од 15.00 часот на Арената – „ Тодор Проески“ во Скопје. Македонија го обезбеди првото место во групата и се избори за пласман во погорениот сегмент. Според селекторот, Благоја Милевски, на утрешниот меч поради повреда да настапи нема Eлиф Елмас додека сите други ќе му бидат на располагање.

Read More