Тренерот на Барселона Ханзи Флик речиси сигурно нема да може да смета на една од ѕвездите на тимот, Ламине Јамал за претстојното патување кај Селта во сабота. Ова го пренесува весникот „АС“, повикувајќи се на извори од клубот. Крилниот напаѓач се уште се опоравува од повредата на десниот зглоб што ја заработи на натпреварот против Црвена Звезда во Лигата на шампионите. И покрај напорите на лекарскиот тим, Јамал продолжува да има болки, што исто така го направи недостапен за репрезентацијата на Шпанија за натпреварите од Лигата на нации против Данска и Швајцарија. Сепак, каталонскиот клуб се надева дека младиот талент…
Author: riste
Европската фудбалска федерација (УЕФА) денес излезе со соопштение во врска со прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово. Победа со службени 3:0 за селекцијата на Романија, која остана на теренот, откако гостите решија да заминат во соблекувалната во судиското надополнување, додека актуелниот резултат беше 0:0. Фудбалста федерацијата на Косово се пожали на недоличното однесување на романските навивачи, како и на провокации, односно извици од трибините „Србија, Србија“ и „Косово е Србија“. Освен што го загубија натпреварот, гостите се казнети и со 6.000 евра поради недолично однесување. Фудбалскиот сојуз на Романија, пак, е казнет со 30.000 евра поради испраќање провокативни политички пораки кои не се соодветни за…
Арсенал има сериозен интерес за крилниот напаѓач на Баерн (Минхен), Лерој Сане. Последните денови се повеќе се појавуваат информации дека „топчиите“ се насочиле кон овој играч, а уште една доаѓа од авторитетното германско издание „Билд“, кое потврдува дека германскиот интернационалец може да се пресели на „Емирати“ на лето. Се вели дека лондончани дури почнале да му се додворуваат на играчот. Клубот контактирал со неговите агенти и започнале прелиминарни разговори за можен трансфер. Идејата е Сане да пристигне во клубот како слободен играч откако ќе му истече договорот со Баерн на крајот од сезоната. Лично, менаџерот Микел Артета притиска Сане да…
28-годишниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Даниел Себаљос може да го промени клубот оваа зима, објави Диарио АС. Според истиот извор, фудбалерот добива многу малку минутажа за настап оваа сезона, поради што повторно стана актуелно прашањето за негово евентуално заминување. Најверојатно, играчот од средниот ред ќе се врати во Бетис Севиља. Да потсетиме, оваа сезона Себаљос одигра шест натпревари за Реал Мадрид, но играчот од средниот ред не постигна ниту една ефектна акција. Актуелниот договор на играчот со клубот е до крајот на јуни 2027 година. Според порталот Трансфермаркт, вредноста на играчот е 4 милиони евра.
Германија нема многу мотиви да игра на последниот натпревар од Лигата на нации на гостувањето кај Унгарија кој се игра вечерва, откако веќе го обезбеди првото место во групата, но за селекторот Јулијан Нагелсман, играта е клучен чекор во нивното градење до Светското првенство во 2026 година. Германците, кои веќе се пласираа во четвртфиналето на Лигата на нации, закажани за март, ја совладаа Босна и Херцеговина со 7:0 во саботата и го обезбедија првото место во групата А 3 пред Холандија. „Нема многу мотивација што се однесува до групата. Ние победивме. Ние сме мотивирани од желбата да се развиваме. Немаме…
По одигрувањето на вчерашните натпревари кои последните за некои репрезентации од Лига А, познати се сите учесници во четвртфиналето на најсилната група на Лигата на нации, како и на селекциите кои ќе разигруваат за опстанок во најсилната група. Во четвртфиналето се пласираа Португалија, Франција, Германија и Шпанија како носители и Хрватска, Италија, Холандија и Данска како неносители. Бараж за опстанок ќе играат Шкотска, Србија, Унгарија и Белгија, a можните противници ќе ги дознаат уште вечерва кога ќе бидат одиграни последните натпревари. Ждрепката за четвртфиналето и баражот ќе се одржи на 22 ноември во Нион. Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 20 и 23 март, а завршниот турнир ќе се игра од 4 до 8 јуни 2025 година.
Манчестер Сити во јануари би можел да донесе сензационална одлука да го замени повредениот Родри. Новиот освојувач на „Златната топка“ има повреда на коленото што го оддалечи до крајот на сезоната. Затоа од „Етихад“ размислуваат да направат бомбастична понуда за да го соборат нивниот трансфер рекорд за 18-годишниот Ворен Заир-Емери од Пари Сен Жермен кој би го заменил Родри во средниот ред. Досега низ медиумите кружеа различни играчи како опции за засилување на средниот ред на „Граѓаните“. Се споменуваа имињата на Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, Едерсон од Аталанта и Тијани Рајндерс од Милан. Сепак, сега се појави нова изненадувачка…
Репрезентацијата на Шпанија победи на 14 натпревари од 17 одиграни во 2024 година во сите официјални натпреварувања, што е апсолутен рекорд во историјата на националниот тим, вклучувајќи ги и пријателските натпревари, пренесуваат медиумите во Шпанија. Според изворот, претходниот најдобар резултат за шпанската репрезентација беше во 2010 година, кога Шпанија победи на 13 од 17 натпревари (едно реми и три порази), вклучувајќи ги и пријателските. Покрај тоа, во 2010 година, Шпанците го освоија Светското првенство, одржано во Јужна Африка. Треба да се напомене дека репрезентацијата на Шпанија го освои Европското првенство во Германија во 2024 година. Во Лигата на нациите, тимот…
Играчот од средниот ред на Баерн Минхен и германската репрезентација Џамал Мусиала ќе го продолжи договорот со клубот до 2029 година. Новинарот Флоријан Плетенберг го објави ова на својата страница на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). Актуелниот договор истекува во летото 2026 година. Во моментов се разговара за платата на играчот според новиот договор, која ќе изнесува околу 25 милиони евра годишно. Познато е и дека во договорот ќе биде вклучена и агентска провизија. Сепак, се уште не е јасно дали Баерн ќе му плати на играчот бонус за потпис. Се очекува во текот на четири години фудбалерот да заработи 120 милиони…
Пари Сен Жермен и Монако на 5 јануари во Доха, Катар ќе се играат за трофејот на шампионите, одлучи Административниот совет на професионалната лига, а информацијата ја пренесе весникот „Л’Екип“. Оваа одлука доаѓа по многу промени, со тоа што натпреварот првично беше планиран за минатото лето во Кина. Организацијата на натпреварот ќе и донесе приходи од околу 3 милиони евра на Професионалната лига, од кои дел ќе бидат распределени меѓу двете екипи. Интересно, на истиот датум – 5 јануари 2025 година, во Лига 1 беше закажан натпревар помеѓу Монако и ПСЖ, но истиот ќе биде преместен за 18 декември оваа…
