Фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди би можел да се пресели во Манчестер Сити. „Граѓаните“ бараат играч кој може да го замени Родри кој заработи повреда на лигаментите на коленото. Според шпанскиот „Релево“, играчот од средниот ред на Реал Сосиедад стана нивна трансфер цел. Англискиот шампион би можел да се обиде да го ангажира 25-годишниот играч уште во јануари, искористувајќи го фактот што Зубименди допрва треба да го продолжи договорот со неговиот сегашен клуб и неговата ослободителна клаузула останува на 60 милиони евра. Зубименди минатото лето беше трансферна цел на Ливерпул , но овој трансфер не успеа да се реализира.
Author: riste
Фудбалерот на сплитски Хајдук, Александар Трајковски не е подготвен за максимален напор и нема да биде дел од подготовките на македонската А репрезентација за натпреварите против Летонија и Ерменија од Лига на нации. Хрватскиот клуб преку официјално известување од лекарскиот тим информираше за здравствената состојба на Александар Трајковски. Македонскиот репрезентативец веќе одреден период има проблем со мускулот на ногата, истегнување кое го спречува да биде во конкуренција за клупски и репрезентативни настапи. Поради истегнување на мускулот на ногата неизвесно е приклучувањето во репрезентацијата за двата меча против Летонија и Ерменија и на Дарко Чурлинов. Чурлинов се повреди на синоќешниот натпревар…
Франциско Консеисао кој настапува за Јувентус како позајмен од Порто, веројатно ќе добие перманентен договор од „старата дама“, наведуваат медиумите во Италија. Според нив, челниците на италијанскиот состав се презадоволни од досегашните игри на Консеисасо и затоа во наредното лето ќе се обидат да ги купат неговите права од португалскиот состав. Се претпоставува дека целиот трансфер ќе биде околу 30 милиони евра со вклучени бонуси. Консеикао во сезонава има два гола и една асистенција.
Тренерот на фудбалерите на Баер Левекузен, Чаби Алонсо, не крие дека е крајно разочаран по вчерашното реми на домашен терен со Хоштен Кил во рамките на Бундес-лигата. „Фрамацевтите“ во воведот на мечот набрзина направија предност од 2-0 и доминираа во сите 90 минути но, гостите на чуден начин успеаја да извлечат реми 2:2 и да однесат еден бод. „Не сум задоволен од нашиот настап. По предноста помисливме дека играта е завршена но, во фудбалот секогаш треба да се продолжи со истиот интензитет. Бевме премногу пасивни“ – вели Алонсо.
Возачот на Дукати, Алекс Маркез, кој беше казнет за инцидентот со Жоан Мир на трката во Јапонија, вели дека стјуардите немаат еднаков рашин за сите. Помладиот од браќата, Маркез, потсети на инцидентот во Индонезија кога Милер предизвика верижен судир но, не беше санкциониран. „Направив грешка и додека се обидував да се вратам на патеката го допрев Мир што доведе до несреќата. Пред седум денови имаше сличен инцидент кој помина без казна за никого. Тоа покажува дека правилата очигледно не се исти за сите“ – вели Алекс Маркез кој на наредната трка ќе мора да помине така наречен долг круг.
Кенискиот атлетичар Хилари Чемвено е победник на 20-тото издание на Виз Ер Скопски мартаон кој денес се одржа низ улиците на Скопје. Чемвено ја истрча маратонската патека во Скопје за 2 часа 13 минути и 28 секунди. Второто место му припадна на неговиот сонародник Даниел Кипротич кој истрча со време 2.13.53 час. Нашиот Дарио Ивановски беше најдобар македонски натпреварувач, а во генералниот пласман го освои 3-то место со време 2.16:26 час. Маратон – мажи1.Хилари Чемвено (Кенија) – 2.13:282.Даниел Кипротич (Кенија) – 2.13:533.Дарио Ивановски (МКД) – 2.16:26 Маратон – жени1.Ирене Џеруто (Кенија) – 2.37:52 час.2.Адријана Поп Арсова (МКД) – 2.39:39 час.3.Вивиан…
Трка полумаратон – резултатиМажи:1.Хусејин Чан (Турција) – 1.05:54 час.2.Мурат Емектар (Турција) – 1.06:40 час.3.Абдурахман Гедиклиоглу (Тур) – 1.06:47 час. Македонски натпварувачи:1.Иван Пешовски (МКД) – 1.12:58 час.2.Александар Арсов (МКД) – 1.13:49 час.3.Марко Серафимовски (МКД) – 1.14:19 Жени:1.Милица Мирчева (Бугарија) – 1.15:492.Греша Бакрачи (Албанија) – 1.21:143.Јули Ларсен (Норвешка) – 1.22:04 Македонски натпреварувачки:1.Милјана Ристиќ (МКД) – 1.22:56 час. ( 4 место во генерален пласман)2.Фросина Михајловска (MKД) – 1.31:23 час.3.Јагода Столиќ (МКД) – 1.33:33 час.4. Теа Божиновска (МКД) – 1.33:44 час. Времињата кои се во моментов се неофицијални !!!!
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал е тешко повреден по победата на неговиот тим над Виљареал со 2:0. Десниот бек беше принуден да го напушти теренот со солзи во очите. Во текот на ноќта тој самиот на социјалните мрежи објави дека ги скинал вкрстените лигаменти на десното колено и дека треба да се оперира. Тоа значи дека сезоната за дефанзивецот на Реал Мадрид завршува, пишува „АС“. „Повредата е потврдена – сериозна е, скинати вкрстени лигаменти, ќе морам да се оперирам и да бидам надвор од терените неколку месеци. Веќе со нетрпение очекувам да започнам со моето закрепнување и да се…
Во трката на 5 км. како дел од 20-то издание на Виз Ер Скопскиот маратон најдобри беа Гилман Јунузи од Македонија во машка и Ирма Хајдари од Македонија во женска конкуренција. Трка 5 км. – мажи1.Гилман Јунузи (МКД) – 15.45 мин.2.Глигоријан Никовски (МКД) – 15.54 мин.3.Бојан Чаприќ (МКД) – 16.16 мин. Трка 5км. – жени1.Ирма Хајдари (МКД) – 18.31 мин.2.Дарија Крстевска (МКД) – 19.38 мин.3.Христина Секулоска(МКД) – 20.37 мин.
Шпанскиот гигант Барселона ќе добива околу 140 милиони евра годишно според новиот договор со техничкиот спонзор Најк. Ова го пренесува „Марка“. Според изворот, во наредните денови двете страни треба да ги завршат преговорите за нов спонзорски договор, кој ќе биде со важност од 10 години. Општите одредби се веќе договорени. Крајниот рок за завршување на сите преговори за договорот е поставен до октомври. Според новиот договор, Најк ќе и плаќа на Барселона околу 140 милиони евра по сезона во просек. Сепак, сè уште не се обелоденети информации за тоа колку целосно ќе се исплати во форма на бонус за потпишување. Се…
