Изненадувачки нов клуб се вклучи во трката за потпис на Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед ова лето. Според информациите на „Goal.com“ интерес за играчот на „црвените ѓаволи“ покажува шпанскиот гигант Барселона. Рашфорд ја започна својата сезоната 2024/25 со 90 минути во победата на неговиот тим над Фулам со 1:0 на Олд Трафорд. Шпанскиот гигант се насочи кон Маркус Рашфорд по неуспехот на трансферот на ѕвездата на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.
Author: riste
Германската фудбалска ѕвезда Мануел Нојер го потврди своето повлекување од националниот тим. Неговата одлука делува шокантно по последните информации во тамошните медиуми дека голманот може да остане во Бундеслигата до 2026 година поради Мундијалот. Сепак, Мануел Нојер откри дека веднаш ќе се повлече од обврските со националниот тим на земјата. Голманот на Баерн Минхен ја завршува оваа славна кариера по 124 настапи за Германија и Светското првенство во 2014 година. Чуварот на голот на Баерн и Германија објави видео на својот Инстаграм профил, ставајќи крај на шпекулациите за неговата иднина. „Денеска завршува мојата кариера во репрезентацијата. Оваа одлука не ми…
Англискиот премиерлигаш Челзи, го потврди трансферот на Португалецот Жоао Феликс, кој пристигнува од Атлетико Мадрид за сума од 52 милиони евра. Овој трансфер беше најавуван во текот на изминатите денови, а денес официјално се реализираше со што Челзи добива големо засилување во нападот. Феликс пред две сезони играше во Челзи како позајмен фудбалер, а сега доаѓа со перманентен трансфер и потпиша договор со важност до 2030 година. Навивачите се задоволни од потегот на управата и очекуваат добри игри и многу голови од Португалецот кој во неговиот прв престој постигна четири гола на дваесет одиграни натпревари. Минатата сезона Феликс беше позајмен во…
Откако заврши со официјалното претставување на прес-конференцијата, Бојан Миовски за првпат позираше во дресот на неговиот нов клуб, шпанската Џирона. Управата на клубот го најави како големо засилување и од него очекува одличен голгетерски учинок во иднина, а и самиот фудбалер не го криеше задоволство од овој трансфер. 25-годишниот македонски интернационалец и репрезентативец настапуваше во шкотскиот Абердин, каде одигра две феноменални сезони, па сега се фокусира на првата авантура во шпанската Ла Лига. Секако дека играњето во една од ТОП-5 лигите во Европа за Бојан Миовски е нов предизвик, а и навивачите на Џирона се надеваат дека клубот го направи вистинскиот избор во нападот со…
Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, потпиша нов долгорочен договор со Астон Вила. Голманот кој го освои Светското првенство во 2022 година го продолжи престојот на „Вила Парк“ до 2029 година. Ова го објави клубот на своите социјални мрежи. Мартинез му се приклучи на тимот во септември 2020 година, одбранувајќи пенал на своето деби. Во својата прва сезона, голманот го израмни клупскиот рекорд за најмногу чисти мрежи во една сезона во Премиер лигата (15). Досега има дан 150 настапи за Астон Вила и беше капитен на тимот. По преселбата во Астон Вила, Мартинез дебитираше за репрезентацијата на Аргентина. Како дел од репрезентацијата го…
Новото засилување на Милан, Алваро Мората, ќе ги пропушти следните неколку натпревари на својата нова екипа во Серија А. На натпреварот од првото коло Мората влез ево игра во 60-та минута, а во финишот од натпреварот успеа да постигне гол за намалување на предноста на гостинската екипа. За жал по натпреварот беше констатирано дека Мората заработил повреда на мускулот поради која ќе паузира неколку недели. Се очекува напаѓачот да ги пропушти натпреварите против Парма и Лацио, а исто така веројатно нема да биде достапен за репрезентацијата на Шпанија за натпреварите од Лигата на нации на почетокот на септември.
Напаѓачот на Јувентус од Торино, Федерико Киеза може да ја продолжи кариерата во шпанска Барселона. Ова го објави новинарот Џанлука Ди Марцио на својата официјална веб-страница. Според изворот, агентот на фудбалерот веќе започнал преговори со Каталонците. Се забележува дека за да се заврши зделката, Барселона сепак ќе треба да се договори со Јувентус за сумата на трансферот. Претходно, тренерот на Јувентус, Тиаго Мота изјави дека напаѓачот не е во плановите на клубот. Интерес за Киеза пријавија и Тотенхем, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челзи. Минатата сезона напаѓачот учествуваше во 37 натпревари на сите турнири, на кои постигна 10 гола и три асистенции. Севкупно,…
Вулверхемптон упати понуда до Арсенал за нивниот голман Арон Рамсдејл. „Волците“ сакаат да го земат резервниот голман на Арсенал репрезентацијата на Англија на позајмица со опција за откуп следното лето, пишуваат медиумите на Островот. Вулверхемптон изрази подготвеност да го преземат поголемиот дел од платата на 26-годишниот Рамсдејл. Интересот за голманот датира од минатата година. Разговорите меѓу двата клуба се во тек, а Арсенал сака да го продаде сега наместо да го ослободи. Во моментов не е јасно дали во зделката се разговара за евентуалното учество на играчот на „волците“ – Ден Бентли, за кој претходно интерес покажаа „Топџиите“. Двата тима…
Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, откри дека играчот од средниот ред Родриго Бентанкур е „свесен и комуницира“ по сериозната повреда на главата што ја заработи синоќа на гостувањето кај Лестер во првото коло од Премиер лигата. Бентанкур го напушти теренот на носилки откако падна на земја и изгледаше дека удри со глава по корнерот на Џејмс Медисон во 71. минута од натпреварот. Фудбалерите на Тотенхем веднаш дадоа знак за помош од лекарскиот тим и по седум минути лекарска помош, Бентанкур успеа да се опорави пред да биде однесен на носилки додека добиваше кислород. За уругвајскиот интернационалец, тоа се покажа како…
Челзи постигна конечен договор со Атлетико Мадрид за трансфер на Жоао Феликс, отворајќи нова перспектива за Конор Галагер. Според новиот договор, Феликс ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“ по успешниот период на позајмица, пишува „Сакј Спорт“. Првично се чинеше дека преселбата на Галагер во Атлетико Мадрид може да пропадне по неуспешната понуда на Челзи да го ангажира напаѓачот на Атлетико, Саму Омородион. Сепак, шпанскиот клуб беше решен да го ангажира Галагер откако тој остави позитивен впечаток за време на неговата петдневна посета на Мадрид и покажа професионализам во справувањето со ситуацијата. Феликс минатата сезона ја помина на позајмица во Барселона,…
