Author: riste

Каталонската Барселона објави дека дефанзивецот Клемент Ленгле ќе ја помине сезоната 2024/2025 во Атлетико Мадрид на позајмица. Минатата сезона Ленгле играше за Астон Вила на позајмица. Во сите натпреварувања учествуваше на 25 натпревари, на кои постигна една асистенција. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2026 година. Според информациите дадени на авторитетниот интернет портал Трансфермаркт, вредноста на фудбалерот е 10 милиони евра. Атлетико е трет во поредокот по два натпревари во Ла Лига. Избраниците на Диего Симеоне освоија четири поени. Во следниот натпревар од домашното првенство ќе играат против Еспањол.

Read More

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер нема желба да го напушта Ливерпул. Бразилецот призна дека ги одбил понудите од Саудиска Арабија. „Чест е да играм овде. Би сакал да потпишам нов договор по истекот на овој. Многу сум среќен во Англија и моето семејство се чувствува добро“, изјави тој за клупската телевизија. Бразилецот доби неколку понуди од Саудиска Арабија, но ги одби бидејќи не сакаше да игра надвор од Европа. „Добив понуди од Саудиска Арабија. Не сум зборувал за платите, но тие плаќаат навистина добро таму. Сите слушнаа за сумите што ги заработуваат моите колеги таму. Тоа објаснува зошто има толку…

Read More

Тренерот на Арсенал, Микел Артета откри дека напаѓачот Габриел Жесус ќе биде подложен на магнетна резонанца за да се утврди сериозноста на она што Арсенал го опиша како „лесна“ повреда на препоните. Поради таа повреда, 27-годишниот напаѓач ја пропушти победата од 2:0 над Астон Вила во саботата. Според првичните информации, повредата не е сериозна и се очекува Жесус да пропушти релативно краток период, за што ќе помогне претстојната репрезентативна пауза, која ќе следи по домашен натпревар на Топџиите против Брајтон следната сабота. „За жал во четвртокот, на крајот од тренингот, тој почувствува нешто во препоните. Мораме да направиме магнетна резонанца…

Read More

Убави вести за Македонија стигнаа денес од Генералното собрание на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) кое се одржува во Неапол. Имено според информациите кои беа објавени, претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, е избран за член на највисокото тело, Управниот одбор на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ). Ова големо признание за Македонија, нашата одбојка и првиот човек на Одбојкарската федерација, а дојде во време на избор на нов претседател на Европската конфедерација, а тоа е Хрватот Роко Сикириќ. Јовановски е избран за еден од осумте членови на Одборот на администрација на ЦЕВ, заедно со Ерик Адлер (Данска), Алиса Чешнулевичиуте (Литванија),…

Read More

Навивачите на Борусија Дортмунд протестираа против спонзорскиот договор што раководството на клубот го потпиша со производителот на оружје Рајнметал. Приврзаниците истакнаа транспаренти на почетокот на второто полувреме од саботниот дуел со Ајнтрахт Франкфурт од првото коло во Бундеслигата. „Нема да дозволиме да не ставите во вашиот резервоар“, пишуваше на еден од транспарентите. На друг, фановите напишаа: „Парите се на прво место, вредностите се на второ место“. На почетокот на вториот дел, тие престанаа да ја поддржуваат својата екипа на неколку минути во знак на протест поради договорот. Пред натпреварот, дел од гледачите мавтаа со симболични црвени картони, изразувајќи го своето…

Read More

Новото засилување на Барселона, Дани Олмо веќе е претставен како играч на шпанскиот клуб, но има причина зошто допрва ќе дебитира. Олмо беше официјално најавен како фудбалер на Каталонците на 9 август, преминувајќи од Ред Бул Лајпциг за сума од 51 милион фунти. Сепак, Шпанецот допрва треба да игра за својот нов клуб и ги пропушти првите три натпревари од сезоната. Но, која е причината што Олмо сè уште не игра за Барселона и кога може да дебитира? Всушност, Дани Олмо се уште не е регистриран од клубот поради финансиските ограничувања кои ги наметнаа на Барселона. Претставниците на клубот се…

Read More

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Микел Мерино успешно ги помина медицинските прегледи во Арсенал. Според информациите зделката е склучена и двата клуба се веќе во фаза на размена на документи. Арсенал за својот нов играч ќе плати 32 милиони евра и 5 милиони бонуси. Микел Мерино има 28 години. Играчот од средниот ред ќе потпише договор до јуни 2028 година, со опција за уште една сезона

Read More

35-годишниот дефанзивец Матс Хумелс најверојатно ќе премине во Реал Сосиедад, пишуваат медиумите во Шпанија. Фудбалерот моментално е слободен играч откако во јуни му истече договорот со Борусија Дортмунд. Според Кадена Сер, дефанзивецот веќе постигнал начелен договор со клубот. Хумелс ќе потпише едногодишен договор кој ќе вклучува опција за дополнителни 12 месеци. Се очекува договорот да биде официјализиран во понеделник, што значи дека тој би можел да биде достапен за Реал Сосиедад веќе на следниот натпревар против Алавес во среда. Матс Хумелс ќе пристигне во тимот како замена за Робин ле Норманд, кој на почетокот на летото му се приклучи на…

Read More

Екипата на Џирона по Бојан Миовски престави уште едно засилување во пресрет на стартот на настапите во Лигата на шампионите.  Дебитантот во фудбалската елита на Европа и хитот во Шпанија се реши на крупен чекор и потпиша договор со Јасер Асприља, играч од средниот ред кој доаѓа од англиски Вотфорд. 20-годишниот Колумбиец е најскапото засилување во историјата на Џирона. За неговите услуги шпанскиот клуб на Вотфорд му плати 18 милиони евра, а со додатни бонуси трансферот може да достигне сума од 25 милиони евра. Од страна на раководството на Џирона се решиле да му ја додели „десетката“ на Јасер Асприља која претходно беше планирана за…

Read More

Шпанскиот играч за врска Серхи Роберто се пресели во редовите на италијанскиот прволигаш Комо, чиј тренер е неговиот поранешен соиграч во шпанската Барселона, Сеск Фабрегас. Ова го објави прес-службата на клубот од Серија А на официјалниот сајт. Да напоменеме дека Серхи Роберто летово ја напушти Барселона како слободен играч. По 14 години во клубот, Роберто двапати го освои трофејот во Лигата на шампионите и седум пати со Барса ја освои титулата во шпанската лига. Во натпреварот од 1. коло на Серија А, избраниците на Фабрегас загубија од Јувентус од Торино со резултат 0:3. Да потсетиме, Комо по 38 натпревари во сезоната 2023/2024…

Read More