Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа, не успеа да го мине првото квалификациско коло на Отвореното првенство на САД (УС Опен), иако одиграбдоста добро против Аргентинката Хулија Риера која е на 122 место на ВТА листата односно 71 место подобро рангирана од Лина Ѓорческа. Хулија Риера победи со 7:6 и 6:3 во меч кој траеше 1 час и 36 минути игра. Ѓорческа почна одлично, поведе со 4:1 во првиот сет, а имаше и предност од 5:3 и гејм на свој сервис. Но, не успеа да го добие решавачкиот гејм за водство и дозволи противничката да направи престврт и тајбрејкот Риера беше…
Author: riste
Реал Мадрид ремизираше на гостувањето кај Мајорка (1:1) во 1.коло од Ла Лига. Така, мадриѓаните немаат пораз 33 натпревари по ред во Ла Лига (24 победи и 9 нерешени). Клубот ја продолжи својата најдолга серија без пораз во историјата на шпанското првенство. Претходниот траеше 30 натпревари од мај 1988 до април 1989 година (21 победа и 9 нерешени). Следниот натпревар Реал Мадрид го игра на 25 август против Ваљадолид. Да потсетиме, Реал го отвори резултатот на почетокот на првото полувреме, Родриго погоди за мадриѓаните. По паузата фудбалерите на Мајорка успеаја да израмнат на 1:1 што беше и конечен резултат на…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола доби ултиматум од раководството на клубот во врска со неговата иднина на чело на Граѓаните. Шпанецот мора да даде одговор најдоцна до крајот на годината дали ќе го продолжи договорот кој истекува на крајот од сезоната, пренесува „Скај Спортс“. Гвардиола е на чело на Сити од 2016 година. Во овој период освои шест титули во Премиер лигата, двапати го подигна ФА Купот, четири пати го освои Лига купот, трипати Комјунити Шилд и еднаш триумфираше во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. Минатата недела Гвардиола накави дека неговото време на Етихад…
Голманот на Интер, Јан Зомер објави дека ја завршува кариерата во швајцарската репрезентација. Тој го имаше своето деби во мај 2012 година. Од 2014 година, Зомер играше на три европски и две светски првенства како број 1 на голот на Швајцарија. Неговиот последен натпревар со швајцарскиот тим беше во четврт-финалето на Евро 2024, каде што тимот загуби на пенали од Англија. „Беше чест и привилегија да ја претставувам мојата земја на највисоко ниво во изминатите 12 години“, рече 35-годишниот Зомер во соопштението објавено на веб-страницата на Швајцарската фудбалска асоцијација. „Со завршувањето на ЕП 2024 во нашата соседна земја Германија, каде…
Откако пред неколку часа беше објавено дека Вардар и досегашниот тренер Гоазд Махаилов се договориле за раскин на соработката стигна вест и за новото тренерско има на клупата на Вардар. Информацијата за новиот тренер беше потврдена на официјалната фејсбук страница на клубот: „Горан Петрески официјално е нов предводник на екипата на ФК Вардар.Тој ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата.Во името на клубот му посакуваме многу среќа и успех во работата и се надеваме дека…
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска останува оптимист и покрај тоа што загуби со 2:0 на отворањето на сезоната против Манчестер Сити на „Стемфорд Бриџ“. Тој мисли дека неговиот тим се покажа добро на овој натпревар и гледа дека работите одат во вистинска насока. „Мислам дека нашиот настап беше добар. Не сакаме да губиме, но мислам дека нашата игра беше добра. Се спротивставивме на најдобриот тим во светот и бевме во голема мера рамноправни и на моменти подобри од нив. Создававме ситуации. но големата разлика беше во шеснаесетникот каде многу подобро играа со топката во важните моменти. Мислам дека денеска се…
Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку е се поблиску до трансфер во Наполи, информираше италијанскиот стручњак за трансфери Фабрицио Романо. Според него, преговорите меѓу Наполи и лондончани се во нивната клучна фаза, а Наполи веќе ја претставил својата официјална конечна понуда. Од „Стемфорд Бриџ“ беа категорични дека овој трансфер никако нема да биде врзан за евентуалното привлекување на Виктор Осимен. Во моментов фокусот на раководството на Челзи е да го продаде Лукаку, по што лондончани ќе одлучат дали ќе се обидат да го доведат Осимен во последните денови од летниот преоден рок. Се уште не е јасно за која сума ќе…
По вчерашната победа на дербито со Пелистер , денес стигна вест од ФК Вардар дека доесегашниот предводник на „црвено-црните“ , Горазд Махаилов си поднесе оставка и ја напушта клупата на Вардар. Оваа информација предмалку беше објавена од страна на ФК вардар на социјалните мрежи: „Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните.Горазд Михаилов во клубот пристигна минатата полусезона и успеа да ја исполни главната цел на навивачите и клубот, обезбеди опстанок во ПМФЛ, а покрај тоа оствари и значајни резултати, кои секако дека…
Англискиот вицешампион Арсенал продолжува да биде во активни преговори со Реал Сосиедад околу трансферот на играчот од средниот ред Микел Мерино. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо објави дека Топџиите и Мерино веќе ги договориле личните услови за шпанскиот репрезентативец, но двата клуба се уште работат на структурата на договорот и условите за плаќање. Се верува дека Арсенал ќе плати над 25 милиони евра за услугите на европскиот шампион. Атлетико Мадрид и Барселона, кои исто така сакаа да го ангажираат Мерино, веќе се информирани за желбата на играчот од средниот ред да се приклучи на Арсенал и нема да бидат вклучени во…
Раководството на Ливерпул е подготвено да ја намали бараната цена за дефанзивецот Џо Гомез, за Англичанецот полесно да реализира трансфер. Дефанзивецот сака да го напушти „Енфилд“ со идеја да игра поредовно, додека раководството на „црвените“ не инсистира на негова продажба. Сепак, од „Енфилд“ му ветија на играчот дека нема да го попречат неговиот евентуален трансфер доколку се најде купувач. На почетокот на летото, Гомез се најавуваше дека ќе биде дел од договорот за потпишување на Ентони Гордон од Њукасл, но таа опција пропадна. Ливерпул потоа стави цена од 45 милиони фунти за Гомез, што одби неколку заинтересирани клубови. На крајот,…
