Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе огра против Вардар во финалето на 52. издание на Струшкиот ракометен турнир. Еурофарм Пелистер обезбеди место во финалето откако го совлада Паок од Грција со убедливи 36:20. Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме кое нашиот шампион го доби со 19:6. Во вториот дел се беше рутина и битолчани само ја зголемуваа предноста која на крајот дојде до 16 голови разлика победа односно 36:20. Исто така и Вардар славеше убедливо против шведската екипа Гуиф со 32:18, во натпревар во кој „црвено-црните“ доминираа и не му дозволија на противникот да се понадева на…
Author: riste
Вчера го објавија засилувањето во нападот, нашиот Бојан Миовски, а денес шпанскиот тим Џирона објави засилување и на голманската позиција. Џирона го објави потписот на голманот на Олимпик Марсеј, Пау Лопез на позајмица. 29-годишниот фудбалер ќе игра за шпанскиот тим до крајот на сезоната 2024/25. Минатата сезона Лопез настапи на 33 натпревари за Олимпик Марсеј во француското првенство, дозволи да прими 39 голови, но имашу чиста мрежа на 8 натпревари. Претходно во кариерата Пау Лопез настапуваше за Еспањол, Тотенхем, Бетис и Рома. Во средба од првото коло на Ла Лига, Џирона одигра 1:1 како гостин кај Бетис.
Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, зборуваше за физичката состојба на новопотпишаниот играч од средниот ред на неговата екипа, Даниел Олмо, во пресрет на натпреварот од 1. коло на шпанската Примера со Валенсија. „Во моментов тој не е во физичка кондиција да игра на натпреварот. Дани многу доцна ги започна претсезонските тренинзи. Секој кој ќе влезе на теренот мора да биде 100% подготвен за ова“, изјави Флик за весникот „АС“. За каталонскиот клуб утре, 17 август, ќе започне новата сезона во шпанското првенство. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Местаља“ во Валенсија. Главен судија на овој натпревар ќе биде Хозе Санчез Мартинез.
Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка не беше вклучен во составот за вечерашниот натпревар од Купот на Германија против второлигашот Улм, објавија локалните медиуми. Магазинот Кикер и ТВ Скај Спорт објавија дека играчот не бил вклучен во тимот од тренерот Винсент Компани и покрај тоа што бил фит и здрав. Баерн допрва треба официјално да го објави својот состав за натпреварот кој се игра вечерва од 20.45 часот. Леон Горецка исто така беше изоставен од составот на Германија за Евро 2024 летото и немаше добра сезона со Баерн под водство на тренерот Томас Тухел. 29-годишниот Горецка има…
Директорите на Ливерпул добија понуда клубот да го ангажира Марко Верати. 31-годишниот дефанзивен играч за врска игра за катарскиот Ал-Араби по долгиот престој во францускиот гигант Пари Сен Жермен. Познато е дека англискиот клуб не успеа во обидите да го ангажира Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, откако самиот шпански играч од средниот ред одби да се пресели на Островот, па се определи да остане во Сан Себастијан. Инаку, се уште не е јасно дали „црвените“ ќе форсираат преговори за Верати, кој би можел да биде краткорочно решение за позицијата „шестка“ во тимот на Арне Слот. Ливерпул ја започнува новата сезона…
Македонскиот фудбалер Бојан Миовски и официјално е нов играч на Џинора, а со тоа го направи трансферот на кариерата затоа што ќе игра во најдобрата шпанска лига Примера. Така, Македонија по две сезони пауза во шпанската елита повторно ќе има двајца репрезентативци, откако голманот Столе Димитриевски од Рајо Ваљекано ова лето направи трансфер во Валенсија. Бојан Миовски треба да го пополни испразнетото место во нападот на Џирона по заминувањето на Артем Довбик. Македонскиот играч, за кого имаше интерес и од Еспањол и Џенова, се реши за трансфер во клубот кој што минатата сезона беше вистински хит во Шпанија и обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Двете страни веќе потпишаа договор на четири сезони, а Миовски…
Наполи е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминеј , објави Скај Спортс. Според изворот, „црвените ѓаволи“ го ценат 27-годишниот Шкотланѓанец на 30 милиони евра и не размислуваат да го позајмат играчот. Мектоминеј е производ на школата на Манчестер Јунајтед и напредуваше од академијата до главниот тим. Договорот на играчот со клубот е до летото 2025 година. Трансфермаркт го цени играчот од средниот ред на 32 милиони евра. Минатата сезона Мектоминеј одигра 43 натпревари, постигна 10 гола и даде 3 асистенции. Вкупно, Шкотланѓанецот одигра 253 натпревари за Манчестер Јунајтед, на кои постигна 29+8 во системот гол+аистенција.…
Реал Мадрид ја победи Аталанта во Суперкупот на УЕФА, а двајца играчи на Реал Мадрид со посебно достигнување по оваа средба. Дефанзивецот на Реал Мадрид, Даниел Карвахал забележа импресивен рекорд, тој беше дел од Суперкупот на УЕФА во Варшава. Со ова, Дани Карвахал стана првиот играч кој играл во шест финалиња на УЕФА Суперкупот. Благодарение на победата во Суперкупот на УЕФА, Лука Модриќ сега има 27 титули во екипата. На второто место се Даниел Карвахал и екс капитенот на кралскиот клуб Начо, кои имаат по 26 трофеи. Следни беа францускиот напаѓач Карим Бензема и Бразилецот Марсело (25).
Германскиот играч за врска Марко Ројс го потпиша својот договор со американскиот Лос Анџелес Галакси откако долго време беше поврзуван со клубот, пренесува „ЕСПН“. Се очекува денес Американците официјално да го објават трансферот. Ројс (35) станува последниот ветеран кој се приклучил на МЛС лигата по Лионел Меси, Жорди Алба и Луис Суарез, кои се во Интер Мајами, како и Оливие Жиру, кој играше со ФК Лос Анџелес. Марко Ројс од 2012 година досега играше за Рот Вајс Ахен (2007-2009), Борусија Менхенгладбах (2009-2012) и Борусија Дортмунд. За „жолто-црните“ има 294 натпревари и 120 гола. Германецот има 48 натпревари за германската репрезентација…
На полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Саудиска Арабија во кој учествуваа Ал-Наср и Ал-Таавун, а славеше Ал-Наср со резултат 2:0. Напаѓачот на португалската репрезентација и Ал Наср, Кристијано Роналдо постигна гол и асистенција. Така, Португалецот постигна гол во 23-та последователна сезона на професионално ниво. Сега е јасно дека португалскиот напаѓач постигнувал гол во секоја сезона од 2002 година, кога дебитираше за Спортинг Лисабон. 39-годишниот Кристијано Роналдо играше за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус пред да се пресели во Ал-Наср. Тој е петкратен добитник на „Златната топка“. Минатата сезона напаѓачот одигра 45 натпревари за Ал-Наср на сите турнири, на кои…
